ВЕЖБАНКА ЗА ОСМООДДЕЛЕНЦИ
ФИЗИЧКИ ВЕЛИЧИНИ
SI – СИСТЕМ НА МЕРНИ ЕДИНИЦИ
Научници кои дале придонес во дефинирање на некои физички величини, во нивна чест единиците мерки ги носат нивните имиња.
Научник | единица | физичка величина | формула |
Никола Тесла | 1T (тесла) | магнетна индукција | B = Φ / S |
Вернер фон Сименс | 1S (сименс) | електрична спроводливост | G = 1 / R |
Рудолф Херц | 1Hz (херц) | фреквенција | f = 1 / T |
Чарлс Кулон | 1К (кулон) | количество електрицитет | q = I • t |
Џемс Ват | 1W (ват) | моќност на ел. струја | P = U ∙ I |
Александро Волта | 1V (волт) | електричен напон | U = A / q |
Андре Ампер | 1A (ампер) | јачина на ел. струја | I = q / t |
Џорџ Ом | 1Ω (ом) | електричен отпор | R = U / I |
Џејмс Џул | 1J (џул) | работа на електрична струја | A = U ∙ I ∙ t |
Мајкл Фарадеј | 1F (фарад) | електричен капацитет | C = q / U |
Вилхелм Вебер | 1Wb (вебер) | магнетен флукс | Φ = U ∙ t |
Џозеф Хенри | 1H (хенри) | индуктивност | D = U ∙ t / I |
Својствата на материите и нивните особини со заедничко име се викаат физички величини. Физички величини се: масата на телата, брзината , електричниот напон, отпорот, силата и многу други. Секоја физичка величина има своја големина која е нејзина квантитативна карактеристика. Покрај големина секоја физичка величина има и своја димензија која претставува нејзина квалитативна карактеристика претставена со нејзина мерна единица.
Сете физички величини и нивните единици мерки имаат свои ознаки – букви од латиничната или од грчката азбука. Споредувајќи ги големините на истородни физички величини вршиме мерења на физичките величини.
1960 година на XI – тата Меѓународна конференција за мерки е поставен метричкиот систем кој се користи скоро во целиот свет, познат како SI – систем кој содржи 7 основни и 2 дополнителни физички величини со нивни мерни единици.
Основните физички величини и нивните мерни единици се: | |||
име | симбол | величина | дефиниција |
килограм | kg | маса | Единицата за маса е еднаква на масата на меѓународниот прототип за килограм (еталон од платина и иридиум) чуван во Меѓународното биро за тегови и мерки (BIPM), во Севр, предградие на Париз. |
секунда | s | време | Единицата за време претставува траење од точно 9192631770 периоди од зрачењето кое одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа од основната состојба на атомот на цезиум – 133. |
метар | m | должина | Единицата за должина е еднаква на изминатиот пат којшто го минува светлината низ вакуум за време од 1/299792458 секунди. |
ампер | A | Јачина на електрична струја | Единицата за јачина на електрична струја претставува постојана струја која, кога би се одржувала во два прави и паралелни проводници сместени во вакуум на меѓусебно растојание од еден метар со неограничена должина и занемарливо мал кружен пресек, би предизвикала меѓу нив сила еднаква на 2×10−7 њутни по метар должина. |
келвин | K | температура | Единицата за термодинамичката температура (или апсолутна температура) е точно 1/273,16 од термодинамичката температура на тројната точка на водата |
мол | mol | количество супстанција | Единицата за количество супстанција е количество на супстанција која содржи толку елементарни единки, колку што има атоми во 0,012 килограми од изотопот на чистиот јаглерод 12. Оваа единица е приближно еднаква на 6,02214199×1023 (Авогадров број). |
кандела | cd | јачина на светлината | Единицата за јачина на светлината е светлинската јачина во одреден правец од извор на светлина кој емитува монохроматско зрачење со фреквенција од 540×1012 херци и чијашто јачина на зрачењето во тој правец е 1/683 вати по стерадијан |
Дополнителни единици се геометриските единици
радијан | rad | агол во рамнина | Единицата за агол во рамнина е агол еднаков на аголот помеѓу два радиуси кои од кружницата отсекуваат лак со должина еднаква на големината на радиусот |
стерадијан | sr | просторен агол | Единицата за просторен агол е агол еднаков на просторниот агол кој имајќи врв во центарот на топка исекува на површината на таа топка површина со плоштина еднаква на плоштината на квадратот чија страна е радиусот на топката. |
Со помош на основните и дополнителните физички величини и нивните единици се дефинираат сите други физички величини и нивни соодветни мерни единици кои се викаат изведени. Некои изведени и сложени мерни единици имаат меѓународно прифатени имиња и соодветни симболи. Со меѓународен договор е прифатено да се воведат и имиња и симболи за префикси на декадни множители со кои се формираат поголемите и децималните делови на мерните единици.
10n | Префикс | Симбол | Кратка скала | Долга скала | Децимален еквивалент |
1024 | јота | Y | септилион | квадрилион | 1 000 000 000 000 000 000 000 000 |
1021 | зета | Z | секстилион | трилијарда (илјада трилиони) | 1 000 000 000 000 000 000 000 |
1018 | екса | E | квинтилион | трилион | 1 000 000 000 000 000 000 |
1015 | пета | P | квадрилион | билијарда (илјада билиони) | 1 000 000 000 000 000 |
1012 | тера | T | трилион | билион | 1 000 000 000 000 |
109 | гига | G | билион | милијарда (илјада милиони) | 1 000 000 000 |
106 | мега | M | милион | 1 000 000 | |
103 | кило | k | илјада | 1 000 | |
102 | хекто | h | сто | 100 | |
101 | дека | da | десет | 10 | |
100 | нема | нема | еден | 1 | |
10−1 | деци | d | десети дел | 0,1 | |
10−2 | центи | c | стоти дел | 0,01 | |
10−3 | мили | m | илјадити дел | 0,001 | |
10−6 | микро | µ | милионити дел | 0,000 001 | |
10−9 | нано | n | билионити дел | милијардити дел | 0,000 000 001 |
10−12 | пико | p | трилионити дел | билионити дел | 0,000 000 000 001 |
10−15 | фемто | f | квадрили онити дел | билијардити дел | 0,000 000 000 000 001 |
10−18 | ато | a | квинтили онити дел | трилионити дел | 0,000 000 000 000 000 001 |
10−21 | зепто | z | секстилио нити дел | трилијардити дел | 0,000 000 000 000 000 000 001 |
10−24 | јокто | y | септилионити дел | квадрили јардити дел | 0,000 000 000 000 000 000 000 001 |
Имињата на сите поголеми и помали мерни единици се прават кога пред основната мерна единица се стави соодветен префикс. Исклучок од ова правило имаме кај физичките величини маса и време.