Дали сте знаеле дека …..

  • Најниската температура забележана некогаш изнесува – 128 степени Целзиусови, на Антарктикот во 1983 година.

  • Сапоро во Јапонија е најснежниот град во светот, со просечни врнежи на снег од 630цм. во година.

  • Чионофобија е страв од снег.

  • Планината Килиманџаро, во Танзанија, има константна покривка од снег која може да се види од Екваторот.

  • Повеќе од 80% од слатките светски води се заробени во снег или мраз.

  • Највисокиот снешко во светот е изграден во Бетел, Мејн (САД) во 2008 година и бил висок 37 метри.

  • Снегулките паѓаат со просечна брзина од 3.1 метри на час.

  • Рекордот за најмногу снежни ангели е поставен во Канада во 2004 година, кога децата од неколку училишта направиле 15,851 снежни ангели.

    pizap-com14847913127961


Евреите новата година ја слават на 6 септември, а Кинезите некаде околу крајот на јануари и почетокот на февруари. Според Исламскиот календар, новата година (1426) започна на 10 февруари, а според стариот Јулијански календар, новата година започнува на 14 јануари (датум кој во нашата држава сe уште се прославува како Стара Нова Година).

1529799_799570560068472_25832541_o


Пекинезерот бил свето животно за кинеските императори пред повеќе од 2000 години.

1504133_797961010229427_1177938597_n


Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

1540357_798847896807405_945643097_o

Секој крал во картите претставува по еден голем крал:
Баклава – Крал Давид,
Срце – Карло Велики,
Детелина – Александар Македонски,
Лист – Јулие Цезар.

1532160_798850926807102_1627046597_n


Македонија има 34 планини, 53 езера природни и вештачки, најстарото во Европа Охридско е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кои се со светска важност.

1535756_798853830140145_1026565420_n


Атмосферата на планетата Земја го губи кислородот и неговото ниво се намалило за 0,7 % во последните 800 илјади години.

Истражувачите ги провериле нивоата на концентрација на кислородот во атмосферата од последните неколку стотини илјади години, анализирајќи примероци од мразот на Арктикот и на Антарктикот. Тој содржи меурчиња што ја имаат информацијата за составот на воздухот во минатото. Научниците го споредувале соодносот меѓу азотот и кислородот и дошле до заклучок дека количеството на кислород се намалило за помалку од еден процент.

Постојат повеќе објаснувања за оваа тенденција. Прво, ерозијата на земјиштето можела да ги забрза оксидирачките процеси. Второ, ако не се земе во предвид човековото влијание врз климата, во последните неколку милиони години температурата на хидросферата се намалува и океаните можеле да растворат повеќе кислород во себе.

(превземено од ЕКОЛОГИСТ 2016)

o2


Дали сте знаеле дeка кај Македонците било единствено верувањето во Сонцето и затоа нивните молитви се упатени кон небото, додека сите останати народи верувале во Земјата и затоа нивните молитви до ден денешен се кон Земјата (некои се наведнуваат, други клек нуваат, трети легнуваат, четврти ја бак нуваат итн.).

Македонците не верувале дека Бог ќе им даде дожд.
Нивното сфаќање било дека жртвувањата не помагаат и дека треба свртување кон себе. Затоа ги измислиле системите за наводнување, а луѓето ги учеле да земаат во рацете канти и самите да ги наводнуваат полињата и бавчите со зеленчук.

za_sonceto


Дали сте знаеле дека Митровден бил домашен празник на светите Кирил и Методиј?

Митровден бил домашната слава на светите Кирил и Методиј во домот на нивните родители во Солун. Семејството на Лав и Марија го имале свети Димитриј Солунски за личен и домашен празник и закрилник. Четири века по него, Лав ја извршувал истата должност – военоначалник на Солун и со должна почит го прославувал неговиот свет претходник. Свети Димитриј бил нивната икона до кандилото во домот и пред Бога. 

Потоа, свети Методиј го имал за свој заштитник и покровител својот сограѓанин, солунјанинот свети Димитриј. Во ова продолжување на празникот, постои и одредена сличност и блискост меѓу двата лика. Имало особени причини. Прво, како најстар син продолжил да го чествува семејниот празник, а второ,  Методиј бил исто така воен началник. трето,  двајцата се од Солун, а четврто – биле и од сродни фамилии со воена служба. Татковците им биле воени началници во Солун, а и тие ја извршувале таа дејност: Димитриј бил во Солун, а Методиј во Брегалничко-струмичката област – Стримон.

Митровден е голем и значаен празник. Во Македонија свети Димитриј е многу почитуван светител од дамнина и е со широко развиен култ кај нашиот народ. Нема град и општина во Македонија каде што нема црква или манастир посветен на свети Димитриј. Многу семејства како слави и имендени го чествуваат овој ден за домашен празник.

Од март 1994 год. нашето училиште го доби името  Димитар Миладинов и започна да го празнува Денот на училиштето на Митровден (8. ноември).

Нека е честит и за многу години!


1_16-noemvri

На  16 ноември 1945 година е основана УНЕСКО, Организација на Обединетите нации за образование, наука и култура, со седиште во Париз. Денес оваа организација брои 195 земји членки и 8 придружни земји.

Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 година.


%d bloggers like this: