Архиви

All posts for the month Август, 2016

Mултикултурно образование

Published Август 30, 2016 by Аида

ПОТСЕТУВАЊЕ:

pizap.com14725604077971

Што е мултикултурно образование?

  • Експонирање на сите ученици на содржини преку кои се запознаваат со културата на другите (за да се овозможи малцинските култури да учат и за себе, а мнозинските да учат и за нив).

  • Целта е да се обезбеди почитување на другите преку запознавање со нивната култура.

  • Се внесува преку содржини (вербални и сликовни) од областа на историјата, литературата, музиката, ликовната уметност и сл.

  • Може, но не мора да се учи преку контакти со другите.

Што е меѓуетничко интегрирано образование во РМ?

  • Обезбедување што е можно повеќе заеднички aктивности меѓу учениците кои учат разделени според јазикот на наставата (на пр., Мак и Алб) или по друга основа (како Ром).

  • Кога не е можно преку наставните активности, се постигнува преку воннаставни активности.

  • Не е толку важно што учениците ќе прават, туку да прават заедно нешто што е од заеднички интерес.

  • Важен е продуктот од заедничката активност (определен преку заедничката цел), како што е важен и процесот на доаѓање до продуктот (низ непосредна интеракција).

Целта на меѓуетничкото интегрирано образование е учениците да се научат на соработка која им е неопходна за компетентно живеење во мултиетничко општество.

  • Да се намалат предрасудите преку контакт со припадниците на другите етнички/културни заедници.

  • Да се зголеми соработката.

  • Активностите треба да се одвиваат во кооперативна атмосфера, а не во компетитивна.

  • Да се создадат односи на меѓузависност.

  • Продуктот од активностите да зависи од заедничкото учество на сите.

    ПРЕЗЕНТАЦИЈА-Обука-за-дисеминација-на-училишно-ниво

Prezentacija-za-sertifikacija

Preznetacija-za-sertifikacija-2

BB-Procedura-za-sertifikacija-2015-MAK

МИО во наставата по физика и во воннаставните активности

Published Август 27, 2016 by Аида

8876438_orig

WE ARE ALL AS ONE

We are all as one in our friendship

I am close to your mind and you are close to mine

We all dream our dreams under one sky

We all spread and share our friendship and love that shine.

Like dewdrops we are under this sky

Travelers in time are all of us.

What belongs to me belong to you as well

In good and bad words of comfort echo in one bus.

Let us all send this message of love

Let us all bring back the smiles in our eyes

We are all as one

Let us be friends and share our love, forget the cries.

1

EDUCATIONAL PARTNERSHIP PROJECT ROMANIA – MACEDONIA “DOESN`T TOLERATE IN TOLERANCE”

Од Македонија со љубов

МИО активности се позастапени на часовите од одделенските раководители и во воннаставните активности. Во наставата по физика, како составен дел од овој проект,  на учениците ќе им се понудат преводи на клучните поими од секоја тема и тоа на англиски, ромски, турски, албански, српски и хрватски јазик.

Поими од темата Сили и Движење
македонски англиски ромски турски албански српски хрватски
сила force kuveti kuvvet forcë сила sila
тежина weight pharipe аğırlık pesha тежина težina
маса mass masa masa masa маса masa
гравитација gravity gravitacija yerçekimi gravitacioni гравитација gravitacija
триење friction moribe sürtünme fërkim трење trenje
движење motion dzajbe hareket lëvizje кретање gibanje
брзина velosity sig hız shpejtësi брзина brzina
забрзување akceleration sigaribe hızlanma përshpejtim убрзање akceleracija
пат way drumo yol rrugë пут put
време time vakti zaman kohë време vrijeme

Соработуваме со многу училишта на светско и меѓународно ниво, разменуваме искуства, идеи, се запознаваме со нивните  култури и обичаи, ја презентираме нашата култура и нашите обичаи, заедно садиме дрвја, одбележуваме значајни светски денови, правиме заеднички квизови и проверуваме колку сме научиле едните за другите, се натпреваруваме во знаење, видеа, фотографии, мапираме, кодираме, …… другаруваме.

02

EDUCATIONAL PARTNERSHIP PROJECT ROMANIA – MACEDONIA „I am a child like you!“

Invitation  Romania

CHILDHOOD

1485866_822134384478756_1143160206_o

11289431_1137997662892425_2383341404640693365_o

МИО активности 2014/2015

– ” I Am A Child Just Like You!”

783075_orig

РОМАНИЈА

5369434_orig

МИО активности 2013/2014 – ПОТКОВИЦА ЗА СРЕЌА – ВТОР ДЕЛ

6467735_orig

Определите, какую долю объема песка занимают сами песчинки, а какую воздух

01

ENO Tree Planting Day

5891630_orig

ЕРАТОСТЕН

898163_orig

6215886_orig

13323387_1420838711274984_6739466946217108803_o

9988298_orig

eratost

8420754_orig

5562457_orig

449910_orig

459519_391332094225656_244322427_o

ШАРКО И ЖАПКО ГО СПАСУВААТ СВЕТОТ

2023106_orig-copy

1736462_orig-copy

2354679_orig

6873074_orig

 

8716444_orig

7844448_orig

2755235_orig

7323464_orig5192178_orig5721290_orig4245480_orig3917790_orig2182707_orig

2592055_orig

2311450_orig

736644_orig

МУЛТИЕТНИЧКИ ГОТВАЧ

10

SHARKO AND FRANK

INTRODUCTION

As ENO (Ecological virtual school with its seat in Finland) members, we accepted their mascot, Frank the Frog, and we also added a new one, Sharko the Puppy. We wrote a song about everything that Frank and Sharko did during the last three years:


SHARKO AND FRANK

Two years ago

Little Sharko was saving the world,

Whereas last year

He planted trees and coloured flowers, dear!


This year

Little Sharko

Got along with the

Clever Frank.


They are thinking hard

These clever minds:

What else they should do

With this world filled with many kinds.


Hardwork is not

Their only way out,

So they have to start

To cry out loud!


Our two clever guys

Made a quick decision:

To stop pollution

Is their only vision!


We joined them last day

And we shouted out loud

That our planet dear

Must be saved, together with its clouds!


Sharko and Frank

Get along so well

And from every single liter

They create a new spell.


These great friends

Will never split apart,

And from any single garbage

They make new wishes in the shape of their heart.


They are making Christmas cards

For this holiday to celebrate

So that every child in the world

Could put his heart for a wish to create.

СРЕДНОРОЧНО или Тематско-процесно планирање на наставата по Физика за VIII одделение – учебна 2016/17 год.

Published Август 24, 2016 by Аида

14123949_10210134610992187_916170279_o

РАБОТНА ВЕРЗИЈА 2016/2017

Среднорочно планирање – 1

Осмо одделение, Единица 1A: Тема 8.1 Сили и движење

Во оваа единица, учениците учат дека силите можат да ја сменат формата и движењето на едно тело.  Величините што го карактеризираат движењето можат да се претстават  во форма на табели, дијаграми и графици.  Поради земјината тежа телата имаат тежина…..

Научно-истражувачката работа се фокусира на:

• набљудување, демонстрирање и графичко претставување;

• истражување, користење на мерни инструменти и пресметување;

•  Презентирање и бранење на опции со искажување мислење за информации и за валидноста на идеите.

Идеи и докази

• Се обидува да одговори на прашања со собирање докази преку набљудување.

Планира истражувачка работа

• Поставува прашања и придонесува во дискусиите за тоа како да се побараат одговори.

• Прави предвидувања.

• Одлучува што да стори за да се обиде да одговори на научно прашање.

Добива и презентира докази

• Истражува и набљудува со цел да собере докази (мерења и набљудувања) за да одговори на прашања.

• Предлага идеи и следи инструкции.

• Евидентира фази во работата.

Разгледува докази и пристап

• Прави споредби.

• Споредува што се случило со предвидувањата.

• Моделира и пренесува идеи со цел да ги сподели, објасни и развие истите.

    8.1 Цел на учењето Активности Ресурси Коментари време
С

И

Л

И

 

 

И

 

 

Д

В

И

Ж

Е

Њ

Е

 

1 Прави разлика помеѓу маса мерена во килограми (kg) и тежина мерена во њутни,

препознава и користи единици за сила, маса и тежина и ја определува насоката во која дејствува силата.

Планира, мери, анализира, пресметува, решава задачи Метарска лента, линијар, вага, динамометар, вежбанка од блог

 

Оценува

вештини

2 часа
 2
 3 Дискутира како да ги преточи идеите во форма која може да се провери. Претпоставува, планира, демонстрира, заклучува Динамометри, тегови, сунѓер, балон,   симулации од skoool mk проектот и Phet Бележи податоци за напредокот 1 час
4 Знае дека силите можат да ja сменат формата на некое тело. Демонстрира, објаснува, заклучува, Проверува предвидувања користејќи докази.

Споредува резултати со предвидувања.

Дискутира објаснувања за резултати користејќи научно знаење и разбирање. Јасно ги споделува со другите.

Топки, балони, пружини, тегови, ластици, линијари, симулации од skoool mk проектот и Phet

 

Оценува изведбени активности  

3 часа

5 Истражува ефекти од еластичната сила врз истегнати предмети.
6 Прави претпоставки и ги проверува во однос на доказите,
 7 Предлага идеи кои може да се проверат. Мери, објаснува, пресметува Стоперка, училишен двор, Оценува усни и писмени презентации
 8 Пресметува среднабрзина и средно  забрзување. Решава задачи за време, пат, брзина, забрзување, и нивната зависност од дејството на силата  

Е- вежбанки и Е-  збирки задачи,   симулации од skoool mk проектот и Phet

 

 

Оценува способности на примена на стекнатите знаења при решавањето на задачи 3 часа
9 Опишува ефекти од дејството на силите врз движењето и ги толкува поимите брзина, растојание, пат, патека,..
10 Ги набројува единиците мерки за брзина и врши претворање на поголемите единици мерки во помали и обратно.
11 Ги презентира заклучоците користејќи различни методи. Го презентира наученото и одговора на логични прашања и задачи Е-  збирки прашања и задачи  од блог

 

Оценува усни и писмени излагања 1 час
12 Претставува резултати во форма на табели, дијаграми и графици. Црта и чита графикони, планира активности, мери и претставува графички Табла, тетратка, геометриски прибор, стоперица, автомобил играчка, метарска лента,.. Оценува способност за графичко претставување и читање графици, планирање и подготвување на демонстрации 3 часа
 13 Толкува едноставни графикони кои го покажуваат поминатиот пат во зависност од времето и брзината во зависност од времето.
 

14

Планира како да спроведе истражувања, земајќи ги предвид променливите за нивно контролирање, менување или набљудување
 15 Прави едноставни пресметувања Чита графикони, а од прочитаните вредности создава и решава задачи Е- вежбанки и Е-  збирки задачи Оценува способности на примена на стекнатите знаења при решавањето на задачи 2 часа
 

 

16

 

 

 

17

Пресметува средна брзина и средно  забрзување. Дефинира што е забрзување, единица мерка за забрзување и решава едноставни задачи со примена на претходно совладаните формули. Оценува разговор со и меѓу учениците 1 час
 18 Повторување на изучениот материјал. Одговора, решава, применува Е- вежбанки и Е-  збирки задачи Оценува усни одговори на прашања поставени од ученици 1 час
 19 Писмено проверување – Колку научив? Самостојно одговора на поставените прашања и задачи Тестови изготвени од наставникот Оценува преку решавањето на тестови изготвени од наставникот 1 час
20 Опишува ефекти од дејството на силите врз движењето, вклучувајќи триење и воздушен отпор. Претпоставува, планира, демонстрира, заклучува Топки, стоперица, автомобили играчки, џамлии, Оценува изведбени активности 1 час
 21 Користи втор Њутнов закон, сила = маса х забрзување. Разбира, применува, решава Топки со различна маса, метарска лента, стоперица Оценува усни и писмени презентации 1 час
 

 

 

22

Знае кога триењето е полезно, а кога штетно. Демонстрира, опишува, докажува Колички, разни подлоги, метарска лента,

симулации од skoool mk проектот и Phet

 

Оценува изведбени активности и презентации 1 час
 

 

23

Го опишува ефектот од гравитацијата на предметите, вклучувајќи ја тежината. Забележува, дискутира, поставува прашања Разни симулации за гравитација   симулации од skoool mk проектот и Phet

 

 

Оценува разговор со и меѓу учениците 1 час
24 Што се случува со телата додека паѓаат слободно. Мери, бележи,  објаснува Стоперка, тела со различна форма а иста маса, тела со иста форма а различна маса Оценува изведбени активности и дискусии 1 час
25 Решава задачи за слободно паѓање. Самостојно решава задачи Наставни листови подготвени од наставникот Оценува способности на примена на стекнатите знаења при решавањето на задачи 1 час
26 Прави претпоставки користејќи научно знаење и разбирање. Демонстрира, опишува, докажува, графички претставува Конец, платно, најлон, хартија, ножици, стоперка Оценува изведбени активности и презентации 2 часа
27 Да разбере од што зависи брзина на паѓање на еден падобран.
 

 

 

28

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Планира како да спроведе истражувања, земајќи ги предвид променливите за нивно контролирање, менување или набљудување. Претпоставува, планира, демонстрира, заклучува Стоперка, колички, наведена рамнина,  симулации од skoool mk проектот. Оценува изведбени активности и дискусии 3 часа

 

 

 

 

29

 

 

 

 

Избира соодветна опрема и ја користи правилно.
30  

Прави мерења со соодветна точност.

31 Да се потсети на сите содржини што досега ги изучил. Одговора, раскажува, објаснува Вежбанки подготвени од наставникот – блог Оценува разговор со и меѓу учениците 1 час
32 Тематска контролна задача. Самостојно решава задачи и одговора на поставените прашања Тестови подготвени од наставникот Оценува способности на примена на стекнатите знаења при одговорање на поставените прашања и решавањето на задачи 1 час
33 Да посочи и изведе демонстрација која му оставила најсилен впечаток во оваа полугодие. Презентира, демонстрира, објаснува Ресурси обезбедени од учениците Оценува вештини за организација, изведба и презентирање 1 час
34 Активно да учествува во училишната Квизотека Одговора на  поставените прашања Смарт табла Оценува вештини и брзина 1 час

Наставни форми, методи и техники:

Форми: фронтална, индивидуална, групна, парови….

Методи: монолог, дијалог, метод на разговор, набљудување, демонстративен метод….

Техники: коцка, грозд, аквариум, венов дијаграм, ЗСУ, мисловни мапи, сложувалка, пауза за разјаснување, минутно чекање…

Корелација и интеграција со други наставни содржини и предмети:

Користење и продлабочување на знаења и вештини стекнати од предметот ЗПО, природни науки, техничко образование, математика..

101-1fz6erg

Проект МИО – ЕДУКАЦИЈА ЗА РАЗЛИЧНОСТ И ИНКЛУЗИВНА ЕДУКАЦИЈА

МИО во наставата по физика

МИО активности се позастапени на часовите од одделенските раководители и во воннаставните активности. Во наставата по физика, како составен дел од овој проект,  на учениците ќе им се понудат преводи на клучните поими од секоја тема и тоа на англиски, ромски, турски, албански, српски и хрватски јазик.

Поими од темата Сили и Движење
македонски англиски ромски турски албански српски хрватски
сила force kuveti kuvvet forcë сила sila
тежина weight pharipe аğırlık pesha тежина težina
маса mass masa masa masa маса masa
гравитација gravity gravitacija yerçekimi gravitacioni гравитација gravitacija
триење friction moribe sürtünme fërkim трење trenje
движење motion dzajbe hareket lëvizje кретање gibanje
брзина velosity sig hız shpejtësi брзина brzina
забрзување akceleration sigaribe hızlanma përshpejtim убрзање akceleracija
пат way drumo çıkmaz rrugë пут put
време time vakti zaman kohë време vrijeme

00

Интеграција на еколошкото образование во редовниот образовен систем

4

Примена на ИКТ

Прилагодена верзија за 2016/2017

Тематско-процесно планирање на наставата по Физика  за VIII одделение – учебна 2016/17 год

Училиште: ООУ”Димитар Миладинов”

1A Тема 8.1 Сили и движење

наставник: Аида Петровска   одделение: 8а, 8б, 8в

БР НАСТАВНИ ЕДИНИЦИ И ДРУГИ ЧАСОВИ време на реализација Забелешка
1 Што научивме во 5, 6 и 7 одделение? септември ИКТ
2 Што научивме во 5, 6 и 7 одделение? септември ИКТ
3 Што прават силите? септември ИКТ
4 Силите можат да ја променат формата на предметот септември ИКТ
5 Предвидување промени на формата септември
6 Предвидување  промени на формата септември
7 Колку можеш да поминеш за 10 секунди? септември
8 Пресметување на брзина во зависност од поминатото растојание и време септември ИКТ
9 Брзини и растојанија октомври ИКТ
10 Различни единици за брзина октомври
11 Час за повторување октомври
12 Графикони растојание-време октомври
13 Толкување на графикони растојание-време   октомври
14 Споредување на информации од графикони растојание-време и брзина-време октомври
15 Пресметување на брзина од графикони растојание-време октомври
16 Пресметување на растојание или време од дадена брзина октомври
17 Вовед во забрзување,  Meрење на брзини и пресметување на забрзување ноември ИКТ
18 Час за повторување ноември
19 Контролен тест ноември
20 Влијанието на силите врз движењето ноември ИКТ
21 Втор Њутнов Закон за движење ноември ИКТ
22 Триењето прави отпор на движењето ноември ИКТ
23 Гравитација ноември ИКТ
24 Предмети кои паѓаат ноември ИКТ
25 Час за повторување ноември
26 Истражување на отпорот на воздухот ноември ИКТ
27 Падобрани декември
28 Истражување на движењето(1) декември ИКТ
29 Истражување на движењето(2) декември
30 Истражување на движењето(3) декември
31 Час за повторување декември
32 Тематски тест декември
33 Повторување на изушениот материјал декември
34 Квиз на изучената тема декември ИКТ
  1. Цели:

Ученикот:

да објасни што е сила и да ја препознае во природата.

– да претстави резултати со соодветни табели, дијаграми и графикони.

– да протолкува графикони кои покажуваат поминат пат во зависност од времето и брзината.

– да направи детални планови за истражувања за да провери идеи.

– да пресмета средна брзина и средно забрзување.

– да ги претстави резултатите соодветно во табели, дијаграми и со графикони.

– да ги опише ефектите од дејството на силите врз движењето, вклучувајќи го триењето и воздушниот отпор.

– да ја осознае врската меѓу силата, масата и забрзувањето.

– да го опише ефектот од гравитација на предмети, вклучувајќи ја тежината.

– Да идентификува важни променливи; бира кои променливи да ги менува, контролира и мери.

да знае што е сила на триење и нејзиното значење во секојдневниот живот.……..

  1. Очекувани исходи:

Ученикот да :

– да ја црта и објаснува силата како вектор.

– да објасни со кои  четири елементи се дефинира силата.

– да дефинира што е забрзување, единица мерка за забрзување и да решава едноставни задачи со примена на претходно совладаните формули.

– да црта, чита и толкува графикони, растојание-време и брзина-време.

– да ја применува формулата со која се изразува врската меѓу масата, силата и забрзувањето при решавањето на задачите.

– да ги применува знаењата за Земјината тежа и тежината на едноставните задачи.

– да го објасни влијанието на силата на триење со придвижување на тела.

– да го поврзе коефициентот на триење со квалитетот на подлогите.

– да споредува сила на триење при лизгање, при тркалање и математички да го изразува  коефициентот на триењето………

  1. Наставни форми:

Фронтална, индивидуална, групна, парови….

  1. Наставни методи и техники :

Методи: монолог, дијалог, метод на разговор, набљудување, демонстративен метод….

Техники: коцка, грозд, аквариум, венов дијаграм, ЗСУ, мисловни мапи, сложувалка, пауза за разјаснување, минутно чекање…..

  1. Наставни средства и ресурси:

Табла, Смарт табла, учебник, училишна тетратка, Е-збирка задачи, компјутер, образовен софтвер, штоперка, автомобилче на батерии, автомобили на воздушен погон, парче теписон, платно, хартија, најлон, конец, метарска лента, наведена рамнина, топче, статив, тегови, динамометар,………

ООР:

http://479915126104440569.weebly.com/1044107410801078107711141077-1080-1089108010831080.html

http://aidafizika-aida.blogspot.mk/2015/03/blog-post.html

http://istrazuvaj.blogspot.mk/2015/03/blog-post_20.html

http://istrazuvaj.blogspot.mk/2013/08/blog-post_294.html

Симулации од skoool mk проектот:

  1. Мерење брзина (симулација трка)

  2. Растојание на запирање (симулација +пресметка)

  3. Еластичност на материјалите

  4. Гравитација и тежина

  5. Гравитација – влијание врз планетата

  6. Сили

  7. Триење

  8. Корисно триење

  9. ………………….

 Симулации за седмо одд.од PhET  порталот:

  1. График на функцијата

  2. Движење 2Д

  3. Подвижен човек

  4. Пружини и тежина

  5. Сили1Д

  6. ………………

  1. Организација: Детали за диференцијација / групи / улога на возрасен (поврзано со активностите), aктивности на наставниците и учениците :

Наставникот ги воведува учениците во новите наставни содржини, ги советува, набљудува и помага.

Учениците слушаат, ги следат инструкциите, поставуваат прашања, демонстрираат, набљудуваат и донесуваат заклучоци.

Во текот на оваа тема ке ги изведат следните ксперименти:

– Определување на брзина на автомобилче на батерии.

– Воведување на поимот забрзување со помош на топче кое се движи по наведена рамнина;

– Воведување на поимот брзина и пресметување брзина ;

– Воведување на мерната единица за брзина(m/s)  и забрзување (m/s2)

–   Значајно место во наставата ќе има и компјутерот. Тој ќе се користи како алатка за обработка на податоците, моделирање, анализа, набљудување анимации, користење симулации и аплети од Интернет за виртуелно демонстрирање и експериментирање,

демонстрирање на сили и движења.

Последици на различни заемнодејства.

Деформирање на еластична пружина со тело;

Демонстрирање на врската меѓу силата,масата и забрзувањето преку движење на количка со променлива маса  по наведена рамнина.

– Разговор со учениците за промената на движењето и формата на телото под  дејство на сила.

Табеларно и графичко прикажување на  зависноста на растегнувањето на пружината од силата.

Табеларно и графичко прикажување на триењето….

  1. Корелација и интеграција со други наставни содржини и предмети:

Користење знаења и вештини стекнати од предметот ЗПО, природни науки, техничко образование и математика..

  1. Следење и оценување на постигнувањата на учениците :

  • За да се оценат постигнувањата на ученикот неопходно е:

  • да се согледаат неговите предходни искуства, знаења и вештини, преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици.

  • континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајност во извршувањето на обврските.

  1. Доказ за постигнување:

  • Методи на усно проверување:

– усни одговори на поставени прашања од наставникот,

– усни одговори на прашања поставени од учениците,

– разговор со учениците,

  • Методи за проверка на практична оспособеност (изработка на табели и графици, решавање задачи, изведување на демонстрации и презентации)

  • Методи за оценување на писмени одговори:

– одговори на однапред подготвени  прашања,

– самооценување,………

  1. Критериуми за успех:

Ученикот е во состојба :

– да ја црта и објаснува силата како вектор.

– да објасни со кои  четири елементи се дефинира силата.

– да дефинира што е забрзување, единица мерка за забрзување и да решава едноставни задачи со примена на претходно совладаните формули.

– да црта, чита и толкува графикони, растојание-време и брзина-време.

– да ја применува формулата со која се изразува врската меѓу масата, силата и забрзувањето при решавањето на задачите.

– да ги применува знаењата за Земјината тежа и тежината на едноставните задачи.

– да го објасни влијанието на силата на триење со придвижување на тела.

– да го поврзе коефициентот на триење со квалитетот на подлогите.

– да споредува сила на триење при лизгање, при тркалање и математички да го изразува  коефициентот на триењето………

  1. Користење на условите од локалната средина :

Пресметување на брзина на автомобил,велосипед или автобус.

  1. Поими: Сила, движење, триење, гравитација, форма, забрзување, ……………

  1. Планирање и активности на ученици со посебни потреби :

Доколку имаме ученик со посебни потреби , задолжително треба да подготвиме вежби со кои ученикот ќе се мотивира да учествува во дијалог со наставник или ученик, да одговора на прашања со кратки реченици, да набљудува различни тела во непосредната околина, да препознае кое тело се движи, а кое не, да определи кое тело се движи праволиниски,а кое криволиниски, да препознае кога едно тело се движи забрзано и да го објасни влијанието на силата на триење со придвижувањето на телата, да ги препознае ознаките за пат, брзина, забрзување, сила, време и да ги наброи основните мерни  единици од SI за истите.

  1. Забелешка од реализација на темата (Забелешка / можности за проширување / домашна работа)

Прилози од Програмата “Интеграција од еколошката едукација во образовниот систем на Република Македонија”

Published Август 23, 2016 by Аида

Препознатливи сме по проектотите  од областа на екологија, поточно по повекегодишните проектни активности во кои учествуваме во периодот од 1998 до 2016 год. Онаа што го започнале нашите претходници ние го продолживме и се гордееме со стореното. Повеќе од една деценија  сме ГЛОБЕ училиште, 8 години ЕНО училиште, бевме 3 години АРМАЛОВО училиште, 8 години ЕКО училиште,  а завршивме и многу наши Еко проекти предводени од нашите екологисти чии маскоти се Шарко и Жапко. Се обидуваме да го решиме проблемот на глобалното  затоплување и климатските промени и да оставиме убави спомени на Земјата.

Дел од нашите активности можете да ги видите на следните линкови:

7376654_orig

http://479915126104440569.weebly.com/10481053105810451043105610401062104810321040-10531040-1045105010541051105410641050104010581040-104510441059105010401062104810321040-10421054-1052104.html

http://aidafizika.blogspot.mk/2012/09/blog-post.html

http://aidafizika-oudimitarmiladinov.blogspot.mk/2012/05/blog-post.html

http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/11/Globe%20OU%20Dimitar%20Miladinov%20-%20Publikacii%20Eko%20vesnik%20%20CUTOVI.pdf

http://istrazuvaj.blogspot.mk/2016/03/blog-post_18.html

http://aidafizika-aida.blogspot.mk/2012/04/blog-post.html

http://aidafizika-aida.blogspot.mk/2012/04/2.html

http://aidafizika-aida.blogspot.mk/2012/04/3.html

 

403353_orig

10608320_1018347281524131_6834955207259678022_o

pizap.com13815774803151

pizap.com14305226884881

pizap.com14305860716031

pizap.com14305880165251

pizap.com14306114478411

planetaZemja

ДОЛГОРОЧНО ИЛИ ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ ПО ФИЗИКА ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ

Published Август 22, 2016 by Аида

ДОЛГОРОЧНО ИЛИ ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ ПО ФИЗИКА  ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ

 Наставната програма по физика за деветто одделение на деветгодишното основно образование е преземена од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination) и адаптирана од страна на Бирото за развој на образованието. Одобрувањето на адаптирањето на наставната програма е добиено од експертите на Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination).

Наставната програма се реализира со фонд од 2 часа неделно, односно 72 часа годишно.

Во Наставната програма за деветто одделение има четири теми кои овозможуваат постапност во изучувањето на наставните содржини.

1  ПОЛУГОДИЕ 2  ПОЛУГОДИЕ
1A Тема 9.1 Сили и движење 2А Tема 9.3 Електрицитет и магнетизам
 1Б Тема 9.2 Енергија 2Б Тема 9.4 Звук
                                       ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО Тековно (Т) Полугодие               (П1, П2)
   
НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ  
   
Идеи и докази  
Ја дискутира и објаснува важноста на прашањата, доказите и објаснувањата, користејќи историски и современи примери. Т, П1, П2
Ги проверува објаснувањата со нивно користење во правењето претпоставки, а потоа ги евалуира во однос на доказите. Т, П1, П2
Дискутира за начинот на кој денес научниците работат и како тие работеле во минатото, вклучувајќи примери заекспериментирање, докази и креативно размислување. Т, П1, П2
   
Планира истражувачка работа  
Одбира идеи и прави детални планови за проверување засновани на предходно знаење, разбирање и истражување Т, П1, П2
Предлага и користи прелиминарна работа за да одлучи како да изведе истражување Т, П1, П2
Одлучува дали да користи докази од прва рака или секундарни извори Т, П1, П2
Одлучува кои мерења и набљудувања се потребни и која опрема да ја користи. Т, П1, П2
Одлучува која опрема да ја користи и проценува секакви ризици и опасности во лабораторијата или работниот простор. Т, П1, П2
   
Наоѓа и претставува докази  
Прави доволен број набљудувања и мерења за да се намали грешката и резултатите да бидат поверодостојни. Т, П1, П2
Користи различни материјали и опрема икористи мерки за претпазливост. Т, П1, П2
Прави набљудувања и мерења. Т, П1, П2
Избира најдобарначин за да претстави резултати. Т, П1, П2
   
Разгледува докази и пристап  
Опишува трендови и шаблони (корелации) што се јавуваат во резултатите. Т, П1, П2
Толкува резултати користејќи научно знаење и разбирање. Т, П1, П2
Гледа критички на изворите на секундарни податоци. Т, П1, П2
Извлекува заклучоци. Т, П1, П2
Ги вреднуваупотребените методии ги подобрува за понатамошни истражувања. Т, П1, П2
Споредува резултати и методи употребени од другите. Т, П1, П2
Претставува заклучоци и вреднување на работни методи на различни начини. Т, П1, П2
Објаснува резултати користејќи научно знаење и разбирање. Јасно ги споделува со другите. Т, П1, П2
   
СИЛИ И ДВИЖЕЊЕ  
Објаснува како притисокот претставува дејство на сила врз одредена површина, вклучувајќи користење на формулата притисок = сила/површина. П1
Одредува густинана тврди, течни и гасовити тела, вклучувајќи користење на формулата густина = маса/волумен П1
Ја дискутира приказната во која Архимед ги споредувал густините за да го открие  составот на една круна. П1
Го објаснува притисокот во гасови и течности (само квалитативно) П1
Знае дека силите можат да ги натераат предметите да се вртат  и го разбира принципот на моменти, вклучувајќи користење ан формулата момент = нормално растојание од оската на вртење до правецот на силата х сила. П1
   
ЕНЕРГИЈА  
Користи знаење за енергиските извори, вклучувајќи фосилни горива и обновлива енергија  во однос на енергетските потреби на светот. П1
Идентификува и објаснува процеси  на трансфер на топлинска енергија преку кондукција, конвекција и радијација. П1
Објаснува ладење преку испарување. П1
   
ЕЛЕКТРИЦИТЕТ и МАГНЕТИЗАМ  
Ја опишува електростатиката и концептот на полнеж и знае дека полнежот може да се мери. П2
Толкува и црта едноставни паралелни струјни кола. П2
Моделира и објаснува како обичните компоненти (вклучувајќи ќелии/батерии) влијаат на струјата. П2
Објаснува како струјата се дели во паралелни струјни кола. П2
Мери јачина на струја, напон и отпорот користејќи мерни инструменти. П2
Опишува својства на магнетите. П2
Препознава и црта модел на магнетно поле на магнетна плочка. П2
Прави и користи електромагнет. П2
   
ЗВУК  
Објаснува својства на звукот преку  движењето на воздушните честички. П2
Објаснува дека звучните бранови пренесуваат енергија без движење на честичките од извор до детектор. П2
Идентификува амплитуда и фреквенција  на звучните бранови претставени со осцилоскоп. П2
Опишува врска меѓу гласност и амплитуда и меѓу  висина и фреквенција. П2

 

 

 

КАЛЕНДАР ЗА УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА со ЕКО и МИО

Published Август 21, 2016 by Аида

asd3

KALENDAR16-17

Согласно Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2016/2017 година неработни денови во моето училиште се:

  1. септември (четврток), Ден на независноста

  2. октомври (вторник), Ден на народното востание,

  3. октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

  4. ноември (вторник) “Митровден” – ПАТРОНАТ

  5. декември (четврток), “Св. Климент Охридски”

  6. 19. јануари (четврток) “Водици”

  7. 14. април (петок) “Велики петок”

  8. 17. април (понеделник) Втор ден Велигден,

  9. мај (понеделник), Ден на трудот,

  10. мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

  11. јуни (петок) “Духовден”.

    Kalendar za organizacija na ucebnata16-17

зсд

ЕКОЛОШКИ ДЕНОВИ

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ

                     Еко Календар

16 септември – Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка

22 септември – Меѓународен ден без возила

26 септември – Светски ден на чисти планини

04 октомври – Светски ден за заштита на животните

08 октомври – Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата

15 октомври – Светски ден на пешаците

16 октомври – Светски ден на храната

17 октомври – Меѓународен ден за образование на сиромашните

08 ноември – Меѓународен ден на урбаните животни средини

27 ноември – Меѓународен ден против потрошувачката треска

29 декември – Меѓународен ден на биодиверзитетот

05 март – Светски ден за заштеда на енергија

21 март – Ден на пролетта кога започнуваат активностите за заштита на околината

21-28 март – Денови на пролетта за заштита на околината

22 март – Светски ден за заштита на водите

17 април – Светски ден на здравјето

22 април – Светски ден на планетата Земја

15 мај – Меѓународен ден за заштита на климата

24 мај – Светски ден против пушењето

05 јуни – Светски ден за заштита на околината 

21 септември и 22 мај – ЕНО денови за садење дрвја

ПРАЗНИЦИ И ПРАЗНУВАЊА

Согласно Законот за празници на Република Македонија (“Сл.весник на РМ”, бр. 21/98 и 18/07) во 2016 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ:

    01 јануари (петок), Нова година

    07 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик 

          според православниот календар

    01 мај (недела), Ден на Трудот

    02 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на 

         Велигден според православниот календар

    24 мај (вторник), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на

          сесловенските просветители

    5 јули (вторник) Рамазан Бајрам, првиот ден на

      Рамазан Бајрам

    02 август (вторник), Ден на Републиката

    08 септември (четврток), Ден на независноста

    11 октомври (вторник), Ден на народното востание

    23 октомври (недела), Ден на Македонската

        Револуционерна Борба, односно 24 октомври 

        (понеделник) е неработен ден

    08 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”

* Доколку државните празници и празниците на РМ се паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед:

     06 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик

    19 јануари (вторник), Богојавление (Водици)

    29 април (петок), Велики Петок, петок пред

         Велигден

    17 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

    28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица

         (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

    28 март (понеделник), Велигден, вториот ден на

          Велигден

    01 ноември (вторник), Празникот на сите светци

    25 Декември (недела), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

     12 септември (понеделник), Курбан Бајрам, првиот

          ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

     22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:

27 јануари (среда), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:

     8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:

     23 мај (понеделник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

     12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:

      28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

     21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик                          

Употреба на социјалните мрежи во основното образование, блог во наставата по физика

Published Август 16, 2016 by Аида

1

2

Блог во комбинација со други социјални мрежи  во наставата по физика е одлична алатка за будење интерес кон науката, унапредување на знаењата и вештините како на учениците, така и на наставникот.

1.Кога и каде можат да се применат социјалните мрежи во основното образование?

2. Кога, каде и зошто да се применуваат социјалните мрежи во наставата по физика?

  1. Социјалните мрежи можат да се применуваат во наставата и во воннаставните активности. Без разлика дали ги применуваме во училиште или дома  многу се полезни.  Ја подобруваат соработката, поттикнуваат   креативност, мотивираат, дисциплинираат. Интеракцијата  и конверзацијата помеѓу учениците и наставниците се одвива на позабавен начин, преку текст, слики, видеа, музика…Најчесто користени социјални медиуми во наставата во училиште се:  Blog, Website, Google Docs, Schooltube, Glog, додека дома најчесто се користи Facebook, You Tube, Twitter,…

  1. Во наставата по физика социјалните мрежи се во предимство во однос на печатените ресурси (учебници, енциклопедии, збирки задачи, стручна литература, зошто со нивното користење полесно го задржуваме вниманието на учениците на материјалот што го обработуваме.За училишна работа најсоодветен за употреба е блогот и вебсајтот, а за домашна работа  сите  мрежи што им стојат на располагање на учениците. Особено е полезно доколку наставникот на своите блогови го подготвува часот, дава упатства за работа, поставува прашања и задачи, објавува линкови од интересни содржини кои ќе го олеснат разбирањето и усвојувањето на материјалот што се обработува.

3

Блог во наставата по физика

Позитивни страни:

  • Ја прави наставата  поразновидна и поинтересна,

  • Формира дневник за учење во обратен хронолошки ред,

  • Создава збирка на материјали за повеќекратна употреба,

  • Заменува функционален картон, работна тетратка, збирка задачи,

  • Овозможува интеракција и конверзација помеѓу учениците и наставникот,

  • Ја поттикнува соработката  помеѓу наставниците,

  • Промовира наставен предмет, училиште, општина, држава,

  • Ги известува родителите за начинот и обемот на работа,

…………

Негативни страни:

  • Одзема од слободното време.

4

6

7

8

9

10

Заклучок:

  • Блогот во наставата по физика е идеален за развивање на интерес кон наставата, зошто работата од училница се евакуира надвор и станува тема на разговор помеѓу учениците во слободното време, по наставата и во викендите.

  • Учениците имаат можност да си го проверат и надградат знаењето,  заеднички да ги решаваат проблемите и задачите, да донесуваат заклучоци и да се консултираат со соучениците и со наставникот.

  • Работат на заеднички проекти и истражувања, со јасни цели и задачи.

  • Е-пошта, фејсбук, твитер и други форми на комуникација се почесто ги користат за соработка и совети за материјалот кој го изучуваат.

Користена литература:

http://aidapetrovska-fizika.blogspot.com/

http://istrazuvaj.blogspot.com/

http://aidapetrovska.blogspot.com/

http://aidafizika-aida.blogspot.com/

http://aidafizika-oudimitarmiladinov.blogspot.com/

http://aidafizika.blogspot.com/

http://aidafizika.edu.glogster.com/

https://www.youtube.com/user/AidaFizika

http://479915126104440569.weebly.com/

https://docs.com/@aidafizika

http://issuu.com/aidafizika

http://prezi.com/user/fhmsq_ayijp6/

https://www.storyjumper.com/profile/AidaFizika

http://394202597555704870.weebly.com/

http://aidafizika.edublogs.org/

http://eduvideos.mon.gov.mk/