Стратегија за образование 2016- 2020 год

Published Август 1, 2016 by Аида

pic4

Известување до сите наставници:

Имате можност да дадете свој придонес во изработка на Стратегија за образование 2016 – 2020 година

Работната верзија на стратегијата можете да ја видите на следниот линк: http://mon.gov.mk/images/PRVA-Rabotna-Verzija-na-Strategija-za-obrazovanie-MK.pdf .

Вашите предлози можете да ги испратите на следнава Е-пошта : strategija@mon.gov.mk    , најдоцна до 12.09.2016 год.

Јас ја искористив оваа можност и се надевам дека истото ќе го сторите и вие:

  Почитувани!

Јас сум предметен наставник (наставник по физика) од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје и имам неколку предлози за подобрување на стратегијата на образованието, во делот за основно образование.
Се надевам дека ќе ги разгледате моите предлози и ќе ги земете в`предвид.

Од повеќегодишно искуство во основно образование заклучив дека нагласеност треба да има на македонскиот јазик и бројноста на учениците во паралелката.

Кога ученикот добро чита и го разбира напишаното, полесно  ja совладува содржината од другите наставни предмети.

Предлагам:

  • Бројот на ученици во една паралелка да биде од 15 до 20.

  • Да се воведат изборни предмети: книжевност, литература, творење,… со цел да се поттикне читањето, збогати речникот и правилно да се искажуваат.

  • Проектните активности, додатната и дополнителна настава да влезат во седмичниот фонд на часови.

  • Доколку и во иднина се организираат екстерни проверки на знаења :

а)  Прашањата за истите да не се објавуваат или по сите предмети да се објавуваат ист број на прашања. Објавените прашања да бидат за вежби – повторување на наученото, а на проверката да не се даваат исти, туку слични прашања и задачи.

б) Екстерните проверки да се одвиваат со повеке надворешни набљудувачи (по еден во секоја училница) или истите да се одвиваат под видео надзор.

Со почит,  Аида Петровска

Advertisements

4 comments on “Стратегија за образование 2016- 2020 год

  • Наставата во руралните тоес во селата каде што има повеќе од 20 ученици да се поделат во две паралелки исто така се удараме во гради копјутер за секое дете но во руралните средини нема интернет ве молиме надлежните нека си ги решат овие проблеми после нека се фалат компјутер за секое дете/////!!!

  • Почитувани,неможам да сфатам колку пари дадовѕе за реклами преку тв медиумите,дс се запишуваат учениците на техничките факултети.Дали размисливте дека Техничко образование само во Македонија од цела Европа и свет е исфрлено од редовна настава.Истото беше застапено во 4,5,6,7,8 Одд.Вие тоа го заменивте со измислени предмети за кој имате повратни информации.Предметот беше застапен во секое одд по 2 часа да тоа го замените со:5 со 2часа ,6 со 1 час а7,8 и 9 изборно.Каде води сето ова???Сметам дека техниката е основен двигстел на една земја.Техничкото образование треба да биде застспено во 4,5,6,7,8,и 9 одд со по 2часа неделно.Предметниот наставник по Т.О да го предсва предметот во кој ако погледате во наставниѕе содржини што се опфаќа ке ви биде појасно.Собраќајното воспитување кој е главен сегмент нс денешницава а се изучува во предметот Т.О и тука го скинавте односно исфрливте.Сметам дека на овој проблем сериозно ќе размислите и ке го поправите сето она што досега им го ускративте на учениците.За интерното тестирање би додала дека листите треба да излезат додека трае учебната година ане на 1 јули како што беше случајот оваа год.Се надевам дека ке го проследите текстот со внимание и ке превземете нешто во прилог на нашите идни генерации.Ви благодарам

  • Напишете коментар

    Fill in your details below or click an icon to log in:

    WordPress.com Logo

    You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

    Twitter слика

    You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

    Facebook photo

    You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

    Google+ photo

    You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

    Connecting to %s

    %d bloggers like this: