Семинарски материјали СРЕДНОРОЧНО ПЛАНИРАЊЕ ПО ФИЗИКА ЗА VIII ОДДЕЛЕНИЕ

Published Август 2, 2016 by Аида

СРЕДНОРОЧНО ПЛАНИРАЊЕ ПО ФИЗИКА

ЗА VIII ОДДЕЛЕНИЕ

1 ПОЛУГОДИЕ

ТЕМА 1A: 8.1 СИЛИ И ДВИЖЕЊЕ

Оваа тема се надоградува врз претходно наученото за триење и за статички сили. Сега учениците ќе научат како да пресметуваат брзина и забрзување, да цртаат и толкуваат графикони растојание – време и брзина – време. На учениците ќе им се надогради знаењето за триењето со вклучување на отпорот на воздухот и како тој влијае врз брзината и забрзувањето. Се истражува Вториот Њутнов закон (F= m ∙ a) како и неговата примена во секојдневни ситуации. Се истражува начинот како силите го менуваат обликот на цврстите тела (материи) и се користи наученото за да се прават предвидувања во посложени системи.

Научното истражување се фокусира на:

  • дискутирање како идеите да се претворат во форма која може да се провери

  • правење на предвидувања користејќи научно знаење и разбирање

  • избирањето докази потребни за истражување на конкретни прашања, проверување дали доказите се доволни

  • правење низа набљудувања и мерења,правилно користејќи едноставна опрема

  • користење на табели, дијаграми и графикони за прикажување на резултати

  • правење на споредби

  • извлекување заклучоци од добиените резултати и правење дополнителни предвидувања

Одделение – 8

Единица: 8.1 Сили и движење (Септември, 1 недела, 1 час)

Наслов: 1. Што прават силите? (Недела 1 Час 1)

ЦЕЛ НА УЧЕЊЕТО АКТИВНОСТИ РЕСУРСИ
Опишува ефекти од дејството на силите врз движењето, вклучувајќи триење и воздушен отпор.

 

Дискутира објаснувања за резултати користејќи научно знаење и разбирање.

 

Јасно ги споделува со другите.

 

·               Во парови учениците нека разговараат за тоа што подразбираат под терминот „Физика“. Забележете ги нивните одговори.

 

·                Искористете ја активноста за да дознаете што знаат и разбираат учениците за силите и движењето. На пример, секој ученик може да направи мисловна мапа, која треба да ја зачува и да ја надополнува во текот на обработување на темата (пр. во 14 недела). Овие мапи може да се прегледаат повторно и да се искористат и во текот на часот за повторување.

 

·                Покажете видео клип на кој се игра пинг-понг. Учениците го гледаат клипот и запишуваат примери за сила.

Дискутирајте по однос на нивните идеи. Можеме ли да ја видиме силата? Предложете уште подобро прашање‘Можеме ли да ги видиме ефектите од силите?’

Објаснете дека силите не се видливи, но можеме да ги видиме нивните ефекти.

 

·                     Демонстрирајте им различни видови на сила преку користење на топка (пр. фудбалска). Побарајте некои од учениците да направат некоја од следниве активности: пуштање на топката да падне, шутирање на топката, згмечување, фаќање на топка, водење на топката со глава, одбивање на топката, итн. За секоја од овие активности, дискутирајте ги ефектите од силата. Посочете дека силите можат да ја променат состојбата на движење на предметите (да ги придвижат, да ги застанат, да ја променат брзината или насоката) или да го променат обликот на некој предмет.

 

·                      Во групи, учениците нека одберат пет спорта. За секој спорт, нека дадат примери за четирите набројани ефекти на силите. Дискутирајте за добиените одговори.

 

·                      Заклучете дека силите не се видливи и за нив сведочат нивните ефекти. Tие може да ја променат состојбата на предметот (на пр. да почне или да запре со движење, да промени брзина или насока) или да го промени обликот.

Ова е можност да се објасни предметот физика и да се набројат областите од физиката за кои учениците претходно учеле.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пример на играње пинг-понг: https://youtu.be/NodCOX6NwO0

 

 

 

 

 

 

 

Топка или топче (пр. за тенис, за фудбал, топче од сунѓер, меко поголемо топче).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Учениците може самите да одберат спорт или да изберат од понуденото: одбојка, борење, пливање, скокање банџи, падобранство, велосипедизам, кошарка, тенис, ракомет, боб санки, сурфање на ветер, скијање, мечувалство, фудбал, итн.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: