Семинарски материјали – јуни 2016 – долгорочно планирање за 8 одд.

Published Август 2, 2016 by Аида

ДОЛГОРОЧНО ПЛАНИРАЊЕ ПО ФИЗИКА  ЗА VIII ОДДЕЛЕНИЕ

 Наставната програма по физика за осмо одделение на деветгодишното основно образование е преземена од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination) и адаптирана од страна на Бирото за развој на образованието. Одобрувањето на адаптирањето на наставната програма е добиено од експертите на Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination).

Наставната програма се реализира со фонд од 2 часа неделно, односно 72 часа годишно.

Во Наставната програма за осмо одделение има четири теми кои овозможуваат постапност во изучувањето на наставните содржини.

1  ПОЛУГОДИЕ 2  ПОЛУГОДИЕ
1A Тема 8.1 Сили и движење 2A Tема 8.2 Енергија
2Б Тема 8.3 Светлина
2В Тема 8.4 Земјата и подалеку
ЦЕЛ НА УЧЕЊЕТО Тековно (Т)

Полугодие               (П1, П2)

   
НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ
 
Идеи и докази
Ги дискутира важноста на развивањето емпириски прашања кои може да се испитуваат, собирањето докази, развивањето на објаснувања и користењето на креативно размислување. Т, П1, П2
Проверува предвидувања користејќи докази. Т, П1, П2
Планира истражувачка работа
Собира идеи и ги претвора во форма која може да се провери. Т, П1, П2
Прави детални планови за истражувања за да провери идеи. Т, П1, П2
Идентификува важни променливи; бира кои променливи да ги менува, контролира и мери. Т, П1, П2
Прави предвидувања користејќи научно знаење и разбирање. Т, П1, П2
Наоѓа и претставува докази
Прави мерења со соодветна точност. Т, П1, П2
Користи различна опрема правилно. Т, П1, П2
Дискутира за ризици и опасности кои се поврзани со активностите, а ги засегаат сите, и користи мерки за претпазливост. Т, П1, П2
Претставува резултати соодветно во табели, дијаграми и со графикони. Т, П1, П2
Разгледува докази и пристап
Прави едноставни пресметувања. Т, П1, П2
Идентификува трендови и шаблони во резултатите (корелациите). Т, П1, П2
Споредува резултати со предвидувања. Т, П1, П2
Идентификува резултати со отстапка и предлага подобрувања на истражувањето. Т, П1, П2
Толкува податоци од секундарни извори. Т, П1, П2
Дискутира објаснувања за резултати користејќи научно знаење и разбирање. Јасно ги споделува со другите. Т, П1, П2
Претставува заклучоци на другите на соодветни начини. Т, П1, П2
СИЛИ И ДВИЖЕЊЕ
Опишува ефекти од дејството на силите врз движењето, вклучувајќи триење и воздушен отпор П1
Го опишува ефектот од гравитацијата на предметите, вклучувајќи ја тежината П1
Користи втор Њутнов закон, сила = маса * забрзување П1
Истражува ефекти од еластичната сила врз истегнати предмети П1
Пресметува средна брзина и средно забрзување П1
Толкува едноставни графикони кои го покажуваат поминатиот пат во зависност од времето и брзината во зависност од времето П1
ЕНЕРГИЈА
Препознава различни типови на енергија и пренесување на енергијата П2
Опишува пренесување на енергија при производство на електрична енергија од централи кои користат ветер, вода што се движи или јаглен П2
 
СВЕТЛИНА
Користи зраци за објаснување на формирањето сенки и други феномени П2
Опишува како се гледаат несветлечките предмети П2
Опишува рефлексија од рамна површина користејќи зраци и користејќи го законот за рефлексија П2
Истражува за рефракцијата и границата меѓу воздухот и стаклото, или меѓу воздухот и водата П2
Објаснува дисперзија на бела светлина П2
Објаснува адитивно и субтрактивно мешање на боите и апсорбцијата и рефлексијата на обоена светлина П2
ЗЕМЈАТА И ПОДАЛЕКУ
Опишува како движењето на Земјата создава впечаток дека привидно се движат Сонцето и ѕвездите во текот на денот и годината П2
Ја опишува релативната положба и движење на планетите и Сонцето во Сончевиот систем П2
Дискутира за ефектот од идеите и откритијата на Коперник и Галилео во развојот на нашето сваќање за Сончевиот систем П2
Разбира дека Сонцето и другите ѕвезди се извори на светлина и дека планетите и други тела се гледаат поради одбиената светлина од нив П2

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: