Честит Илинден

Published Август 2, 2016 by Аида

111

Според народните верувања, Свети Илија (хебрејски:אליהו Eliyahu) се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој управува со летните грмотевици. Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно роден е во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата е наречен Тесвиќанин.

За неговото дело е напишано во Стариот завет, Новиот завет, Талмудот и Коранот ,  што значи дека е почитуван во многу религи: јудаизмот, христијанстото, исламот, Бахајството, Јеховите сведоци, Мормонизмот. 

Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу бебето имало многу Божји ангели гои го повиле со оган и му давале пламен да јаде. Ова случка таткото ја раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се грижи зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господ и ќе суди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размислува.
Во текот на животот направил многу пророштва кои се оствариле, се молел за дожд во време на суша, лекувал болни, а познато е и неговото воскреснување на синот на вдовицата која го примила кај себе. Негова главна карактеристика е тоа што верата во единствениот Бог ја ширел без страв и многу брзо, наспроти бројните богови во кои во тоа време се верувало.

Пред крајот на животот Илија за свој наследник во пророкувањето го одредил Елисеј. Кога дошло времето за тоа Господ испратил по Илија огнена кочија што ја влечеле пламени коњи. Илија седнал во неа и таа се подигнала кон небото, а тој му ја фрлил својата горна облека на Елисеј, пренесувајќи му ја на тој начин дарбата за пророкување.

Во чест на пророкот Илија Светата христијанска црква го востановила празникот што се празнува на 2 август според новиот, односно на 20 јули според стариот календар. Свети Илија се смета за празник на кожуварите, самарџиите и ќерамидџиите.

Овој култ кон Перун/Илија, и денес е присутен кај Mакедонците. Илинденското востание во 1903 и Првото заседание а АСНОМ во 1944 година, два историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на Илинден, даваат дополнително значење на овој празник. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најбитните празници во Македонија.
Илинден се празнува и како именден за православните христијани крстени Илија, Илин, Илинка и слично.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: