АРХИМЕД

Published Август 6, 2016 by Аида

279_15-naibolee-vliyatelnyx-drevnix-grekov-8

Архимед бил математичар, физичар и пронаоѓач кој живеел во античката грчка колонија Сиракуза, на островот Сицилија, во периодот од 287 до 212 година п.н.е. Kралот на Сиракуза, Хијерон, побарал од Архимед да му каже дали неговата кралска круна е изработена од злато или во неа има и сребро. Архимед долго време размислувал како да го стори тоа и едно попладне, влегувајќи во кадата да се избања, забележал како се подигнува нивото на водата. Веднаш излегол од кадата и истрчал на улицата, извикувајќи „Eурека!“. Еурека во превод значи „пронајдов!“

posts_1

Архимед успешно го решил кралскиот проблем. Ја измерил масата на круната, зел грутка злато и грутка сребро со маса колку што е кралската круна. Ја спуштил круната во сад со вода и измерил за колку се поткренало нивото на водата. Истото го направил и со грутката злато. Ако круната била изработена од чисто злато, водата би се покренела до истата висина, но не било така. Архимед го измерил и среброто и  утврдил колкав е точниот размер на овие два метали (златото и среброто) во круната.

На тој начин Архимед го дефинирал законот кој во негова чест го носи името Архимедов закон: Секое тело потопено во течност, губи од својата тежина онолку колку што изнесува тежината на течноста што ја истиснува.

Archimedes_Heat_Ray_conceptual_diagram

_40

Архимед бил изумител и конструктор на познатите катапулти за фрлање на камења, стрели и копја, со кои се заштитувал градот Сиракуза од Римјаните. Успеал да создаде „смртоносен зрак“ кој од голема далечина можел да потпали брод, а и многу други  направи кои можеле да потопат брод.

Архимед пишувал книги од области на геометријата и физиката, а исто така го познавал и принципот на лост.

Лост претставува секое тврдо тело кое може да се врти околу една неподвижна точка (потпирка) и притоа му дејствуваат две сили кои се стремат да направат спротивни завртувања. Со употреба на мала сила со лостот може да се совладаат големи сили (отпори, товари).

0_68b23_ee0ed154_L

Дајте ми потпирка и доволно долг лост и ќе ја поместам Земјата.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: