Употреба на социјалните мрежи во основното образование, блог во наставата по физика

Published Август 16, 2016 by Аида

1

2

Блог во комбинација со други социјални мрежи  во наставата по физика е одлична алатка за будење интерес кон науката, унапредување на знаењата и вештините како на учениците, така и на наставникот.

1.Кога и каде можат да се применат социјалните мрежи во основното образование?

2. Кога, каде и зошто да се применуваат социјалните мрежи во наставата по физика?

  1. Социјалните мрежи можат да се применуваат во наставата и во воннаставните активности. Без разлика дали ги применуваме во училиште или дома  многу се полезни.  Ја подобруваат соработката, поттикнуваат   креативност, мотивираат, дисциплинираат. Интеракцијата  и конверзацијата помеѓу учениците и наставниците се одвива на позабавен начин, преку текст, слики, видеа, музика…Најчесто користени социјални медиуми во наставата во училиште се:  Blog, Website, Google Docs, Schooltube, Glog, додека дома најчесто се користи Facebook, You Tube, Twitter,…

  1. Во наставата по физика социјалните мрежи се во предимство во однос на печатените ресурси (учебници, енциклопедии, збирки задачи, стручна литература, зошто со нивното користење полесно го задржуваме вниманието на учениците на материјалот што го обработуваме.За училишна работа најсоодветен за употреба е блогот и вебсајтот, а за домашна работа  сите  мрежи што им стојат на располагање на учениците. Особено е полезно доколку наставникот на своите блогови го подготвува часот, дава упатства за работа, поставува прашања и задачи, објавува линкови од интересни содржини кои ќе го олеснат разбирањето и усвојувањето на материјалот што се обработува.

3

Блог во наставата по физика

Позитивни страни:

  • Ја прави наставата  поразновидна и поинтересна,

  • Формира дневник за учење во обратен хронолошки ред,

  • Создава збирка на материјали за повеќекратна употреба,

  • Заменува функционален картон, работна тетратка, збирка задачи,

  • Овозможува интеракција и конверзација помеѓу учениците и наставникот,

  • Ја поттикнува соработката  помеѓу наставниците,

  • Промовира наставен предмет, училиште, општина, држава,

  • Ги известува родителите за начинот и обемот на работа,

…………

Негативни страни:

  • Одзема од слободното време.

4

6

7

8

9

10

Заклучок:

  • Блогот во наставата по физика е идеален за развивање на интерес кон наставата, зошто работата од училница се евакуира надвор и станува тема на разговор помеѓу учениците во слободното време, по наставата и во викендите.

  • Учениците имаат можност да си го проверат и надградат знаењето,  заеднички да ги решаваат проблемите и задачите, да донесуваат заклучоци и да се консултираат со соучениците и со наставникот.

  • Работат на заеднички проекти и истражувања, со јасни цели и задачи.

  • Е-пошта, фејсбук, твитер и други форми на комуникација се почесто ги користат за соработка и совети за материјалот кој го изучуваат.

Користена литература:

http://aidapetrovska-fizika.blogspot.com/

http://istrazuvaj.blogspot.com/

http://aidapetrovska.blogspot.com/

http://aidafizika-aida.blogspot.com/

http://aidafizika-oudimitarmiladinov.blogspot.com/

http://aidafizika.blogspot.com/

http://aidafizika.edu.glogster.com/

https://www.youtube.com/user/AidaFizika

http://479915126104440569.weebly.com/

https://docs.com/@aidafizika

http://issuu.com/aidafizika

http://prezi.com/user/fhmsq_ayijp6/

https://www.storyjumper.com/profile/AidaFizika

http://394202597555704870.weebly.com/

http://aidafizika.edublogs.org/

http://eduvideos.mon.gov.mk/

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: