ДОЛГОРОЧНО ИЛИ ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ ПО ФИЗИКА ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ

Published Август 22, 2016 by Аида

ДОЛГОРОЧНО ИЛИ ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ ПО ФИЗИКА  ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ

 Наставната програма по физика за деветто одделение на деветгодишното основно образование е преземена од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination) и адаптирана од страна на Бирото за развој на образованието. Одобрувањето на адаптирањето на наставната програма е добиено од експертите на Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination).

Наставната програма се реализира со фонд од 2 часа неделно, односно 72 часа годишно.

Во Наставната програма за деветто одделение има четири теми кои овозможуваат постапност во изучувањето на наставните содржини.

1  ПОЛУГОДИЕ 2  ПОЛУГОДИЕ
1A Тема 9.1 Сили и движење 2А Tема 9.3 Електрицитет и магнетизам
 1Б Тема 9.2 Енергија 2Б Тема 9.4 Звук
                                       ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО Тековно (Т) Полугодие               (П1, П2)
   
НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ  
   
Идеи и докази  
Ја дискутира и објаснува важноста на прашањата, доказите и објаснувањата, користејќи историски и современи примери. Т, П1, П2
Ги проверува објаснувањата со нивно користење во правењето претпоставки, а потоа ги евалуира во однос на доказите. Т, П1, П2
Дискутира за начинот на кој денес научниците работат и како тие работеле во минатото, вклучувајќи примери заекспериментирање, докази и креативно размислување. Т, П1, П2
   
Планира истражувачка работа  
Одбира идеи и прави детални планови за проверување засновани на предходно знаење, разбирање и истражување Т, П1, П2
Предлага и користи прелиминарна работа за да одлучи како да изведе истражување Т, П1, П2
Одлучува дали да користи докази од прва рака или секундарни извори Т, П1, П2
Одлучува кои мерења и набљудувања се потребни и која опрема да ја користи. Т, П1, П2
Одлучува која опрема да ја користи и проценува секакви ризици и опасности во лабораторијата или работниот простор. Т, П1, П2
   
Наоѓа и претставува докази  
Прави доволен број набљудувања и мерења за да се намали грешката и резултатите да бидат поверодостојни. Т, П1, П2
Користи различни материјали и опрема икористи мерки за претпазливост. Т, П1, П2
Прави набљудувања и мерења. Т, П1, П2
Избира најдобарначин за да претстави резултати. Т, П1, П2
   
Разгледува докази и пристап  
Опишува трендови и шаблони (корелации) што се јавуваат во резултатите. Т, П1, П2
Толкува резултати користејќи научно знаење и разбирање. Т, П1, П2
Гледа критички на изворите на секундарни податоци. Т, П1, П2
Извлекува заклучоци. Т, П1, П2
Ги вреднуваупотребените методии ги подобрува за понатамошни истражувања. Т, П1, П2
Споредува резултати и методи употребени од другите. Т, П1, П2
Претставува заклучоци и вреднување на работни методи на различни начини. Т, П1, П2
Објаснува резултати користејќи научно знаење и разбирање. Јасно ги споделува со другите. Т, П1, П2
   
СИЛИ И ДВИЖЕЊЕ  
Објаснува како притисокот претставува дејство на сила врз одредена површина, вклучувајќи користење на формулата притисок = сила/површина. П1
Одредува густинана тврди, течни и гасовити тела, вклучувајќи користење на формулата густина = маса/волумен П1
Ја дискутира приказната во која Архимед ги споредувал густините за да го открие  составот на една круна. П1
Го објаснува притисокот во гасови и течности (само квалитативно) П1
Знае дека силите можат да ги натераат предметите да се вртат  и го разбира принципот на моменти, вклучувајќи користење ан формулата момент = нормално растојание од оската на вртење до правецот на силата х сила. П1
   
ЕНЕРГИЈА  
Користи знаење за енергиските извори, вклучувајќи фосилни горива и обновлива енергија  во однос на енергетските потреби на светот. П1
Идентификува и објаснува процеси  на трансфер на топлинска енергија преку кондукција, конвекција и радијација. П1
Објаснува ладење преку испарување. П1
   
ЕЛЕКТРИЦИТЕТ и МАГНЕТИЗАМ  
Ја опишува електростатиката и концептот на полнеж и знае дека полнежот може да се мери. П2
Толкува и црта едноставни паралелни струјни кола. П2
Моделира и објаснува како обичните компоненти (вклучувајќи ќелии/батерии) влијаат на струјата. П2
Објаснува како струјата се дели во паралелни струјни кола. П2
Мери јачина на струја, напон и отпорот користејќи мерни инструменти. П2
Опишува својства на магнетите. П2
Препознава и црта модел на магнетно поле на магнетна плочка. П2
Прави и користи електромагнет. П2
   
ЗВУК  
Објаснува својства на звукот преку  движењето на воздушните честички. П2
Објаснува дека звучните бранови пренесуваат енергија без движење на честичките од извор до детектор. П2
Идентификува амплитуда и фреквенција  на звучните бранови претставени со осцилоскоп. П2
Опишува врска меѓу гласност и амплитуда и меѓу  висина и фреквенција. П2

 

 

 

Advertisements

One comment on “ДОЛГОРОЧНО ИЛИ ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ ПО ФИЗИКА ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ

  • Напишете коментар

    Fill in your details below or click an icon to log in:

    WordPress.com Logo

    You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

    Twitter слика

    You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

    Facebook photo

    You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

    Google+ photo

    You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

    Connecting to %s

    %d bloggers like this: