СРЕДНОРОЧНО или Тематско-процесно планирање на наставата по Физика за VIII одделение – учебна 2016/17 год.

Published Август 24, 2016 by Аида

14123949_10210134610992187_916170279_o

РАБОТНА ВЕРЗИЈА 2016/2017

Среднорочно планирање – 1

Осмо одделение, Единица 1A: Тема 8.1 Сили и движење

Во оваа единица, учениците учат дека силите можат да ја сменат формата и движењето на едно тело.  Величините што го карактеризираат движењето можат да се претстават  во форма на табели, дијаграми и графици.  Поради земјината тежа телата имаат тежина…..

Научно-истражувачката работа се фокусира на:

• набљудување, демонстрирање и графичко претставување;

• истражување, користење на мерни инструменти и пресметување;

•  Презентирање и бранење на опции со искажување мислење за информации и за валидноста на идеите.

Идеи и докази

• Се обидува да одговори на прашања со собирање докази преку набљудување.

Планира истражувачка работа

• Поставува прашања и придонесува во дискусиите за тоа како да се побараат одговори.

• Прави предвидувања.

• Одлучува што да стори за да се обиде да одговори на научно прашање.

Добива и презентира докази

• Истражува и набљудува со цел да собере докази (мерења и набљудувања) за да одговори на прашања.

• Предлага идеи и следи инструкции.

• Евидентира фази во работата.

Разгледува докази и пристап

• Прави споредби.

• Споредува што се случило со предвидувањата.

• Моделира и пренесува идеи со цел да ги сподели, објасни и развие истите.

    8.1 Цел на учењето Активности Ресурси Коментари време
С

И

Л

И

 

 

И

 

 

Д

В

И

Ж

Е

Њ

Е

 

1 Прави разлика помеѓу маса мерена во килограми (kg) и тежина мерена во њутни,

препознава и користи единици за сила, маса и тежина и ја определува насоката во која дејствува силата.

Планира, мери, анализира, пресметува, решава задачи Метарска лента, линијар, вага, динамометар, вежбанка од блог

 

Оценува

вештини

2 часа
 2
 3 Дискутира како да ги преточи идеите во форма која може да се провери. Претпоставува, планира, демонстрира, заклучува Динамометри, тегови, сунѓер, балон,   симулации од skoool mk проектот и Phet Бележи податоци за напредокот 1 час
4 Знае дека силите можат да ja сменат формата на некое тело. Демонстрира, објаснува, заклучува, Проверува предвидувања користејќи докази.

Споредува резултати со предвидувања.

Дискутира објаснувања за резултати користејќи научно знаење и разбирање. Јасно ги споделува со другите.

Топки, балони, пружини, тегови, ластици, линијари, симулации од skoool mk проектот и Phet

 

Оценува изведбени активности  

3 часа

5 Истражува ефекти од еластичната сила врз истегнати предмети.
6 Прави претпоставки и ги проверува во однос на доказите,
 7 Предлага идеи кои може да се проверат. Мери, објаснува, пресметува Стоперка, училишен двор, Оценува усни и писмени презентации
 8 Пресметува среднабрзина и средно  забрзување. Решава задачи за време, пат, брзина, забрзување, и нивната зависност од дејството на силата  

Е- вежбанки и Е-  збирки задачи,   симулации од skoool mk проектот и Phet

 

 

Оценува способности на примена на стекнатите знаења при решавањето на задачи 3 часа
9 Опишува ефекти од дејството на силите врз движењето и ги толкува поимите брзина, растојание, пат, патека,..
10 Ги набројува единиците мерки за брзина и врши претворање на поголемите единици мерки во помали и обратно.
11 Ги презентира заклучоците користејќи различни методи. Го презентира наученото и одговора на логични прашања и задачи Е-  збирки прашања и задачи  од блог

 

Оценува усни и писмени излагања 1 час
12 Претставува резултати во форма на табели, дијаграми и графици. Црта и чита графикони, планира активности, мери и претставува графички Табла, тетратка, геометриски прибор, стоперица, автомобил играчка, метарска лента,.. Оценува способност за графичко претставување и читање графици, планирање и подготвување на демонстрации 3 часа
 13 Толкува едноставни графикони кои го покажуваат поминатиот пат во зависност од времето и брзината во зависност од времето.
 

14

Планира како да спроведе истражувања, земајќи ги предвид променливите за нивно контролирање, менување или набљудување
 15 Прави едноставни пресметувања Чита графикони, а од прочитаните вредности создава и решава задачи Е- вежбанки и Е-  збирки задачи Оценува способности на примена на стекнатите знаења при решавањето на задачи 2 часа
 

 

16

 

 

 

17

Пресметува средна брзина и средно  забрзување. Дефинира што е забрзување, единица мерка за забрзување и решава едноставни задачи со примена на претходно совладаните формули. Оценува разговор со и меѓу учениците 1 час
 18 Повторување на изучениот материјал. Одговора, решава, применува Е- вежбанки и Е-  збирки задачи Оценува усни одговори на прашања поставени од ученици 1 час
 19 Писмено проверување – Колку научив? Самостојно одговора на поставените прашања и задачи Тестови изготвени од наставникот Оценува преку решавањето на тестови изготвени од наставникот 1 час
20 Опишува ефекти од дејството на силите врз движењето, вклучувајќи триење и воздушен отпор. Претпоставува, планира, демонстрира, заклучува Топки, стоперица, автомобили играчки, џамлии, Оценува изведбени активности 1 час
 21 Користи втор Њутнов закон, сила = маса х забрзување. Разбира, применува, решава Топки со различна маса, метарска лента, стоперица Оценува усни и писмени презентации 1 час
 

 

 

22

Знае кога триењето е полезно, а кога штетно. Демонстрира, опишува, докажува Колички, разни подлоги, метарска лента,

симулации од skoool mk проектот и Phet

 

Оценува изведбени активности и презентации 1 час
 

 

23

Го опишува ефектот од гравитацијата на предметите, вклучувајќи ја тежината. Забележува, дискутира, поставува прашања Разни симулации за гравитација   симулации од skoool mk проектот и Phet

 

 

Оценува разговор со и меѓу учениците 1 час
24 Што се случува со телата додека паѓаат слободно. Мери, бележи,  објаснува Стоперка, тела со различна форма а иста маса, тела со иста форма а различна маса Оценува изведбени активности и дискусии 1 час
25 Решава задачи за слободно паѓање. Самостојно решава задачи Наставни листови подготвени од наставникот Оценува способности на примена на стекнатите знаења при решавањето на задачи 1 час
26 Прави претпоставки користејќи научно знаење и разбирање. Демонстрира, опишува, докажува, графички претставува Конец, платно, најлон, хартија, ножици, стоперка Оценува изведбени активности и презентации 2 часа
27 Да разбере од што зависи брзина на паѓање на еден падобран.
 

 

 

28

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Планира како да спроведе истражувања, земајќи ги предвид променливите за нивно контролирање, менување или набљудување. Претпоставува, планира, демонстрира, заклучува Стоперка, колички, наведена рамнина,  симулации од skoool mk проектот. Оценува изведбени активности и дискусии 3 часа

 

 

 

 

29

 

 

 

 

Избира соодветна опрема и ја користи правилно.
30  

Прави мерења со соодветна точност.

31 Да се потсети на сите содржини што досега ги изучил. Одговора, раскажува, објаснува Вежбанки подготвени од наставникот – блог Оценува разговор со и меѓу учениците 1 час
32 Тематска контролна задача. Самостојно решава задачи и одговора на поставените прашања Тестови подготвени од наставникот Оценува способности на примена на стекнатите знаења при одговорање на поставените прашања и решавањето на задачи 1 час
33 Да посочи и изведе демонстрација која му оставила најсилен впечаток во оваа полугодие. Презентира, демонстрира, објаснува Ресурси обезбедени од учениците Оценува вештини за организација, изведба и презентирање 1 час
34 Активно да учествува во училишната Квизотека Одговора на  поставените прашања Смарт табла Оценува вештини и брзина 1 час

Наставни форми, методи и техники:

Форми: фронтална, индивидуална, групна, парови….

Методи: монолог, дијалог, метод на разговор, набљудување, демонстративен метод….

Техники: коцка, грозд, аквариум, венов дијаграм, ЗСУ, мисловни мапи, сложувалка, пауза за разјаснување, минутно чекање…

Корелација и интеграција со други наставни содржини и предмети:

Користење и продлабочување на знаења и вештини стекнати од предметот ЗПО, природни науки, техничко образование, математика..

101-1fz6erg

Проект МИО – ЕДУКАЦИЈА ЗА РАЗЛИЧНОСТ И ИНКЛУЗИВНА ЕДУКАЦИЈА

МИО во наставата по физика

МИО активности се позастапени на часовите од одделенските раководители и во воннаставните активности. Во наставата по физика, како составен дел од овој проект,  на учениците ќе им се понудат преводи на клучните поими од секоја тема и тоа на англиски, ромски, турски, албански, српски и хрватски јазик.

Поими од темата Сили и Движење
македонски англиски ромски турски албански српски хрватски
сила force kuveti kuvvet forcë сила sila
тежина weight pharipe аğırlık pesha тежина težina
маса mass masa masa masa маса masa
гравитација gravity gravitacija yerçekimi gravitacioni гравитација gravitacija
триење friction moribe sürtünme fërkim трење trenje
движење motion dzajbe hareket lëvizje кретање gibanje
брзина velosity sig hız shpejtësi брзина brzina
забрзување akceleration sigaribe hızlanma përshpejtim убрзање akceleracija
пат way drumo çıkmaz rrugë пут put
време time vakti zaman kohë време vrijeme

00

Интеграција на еколошкото образование во редовниот образовен систем

4

Примена на ИКТ

Прилагодена верзија за 2016/2017

Тематско-процесно планирање на наставата по Физика  за VIII одделение – учебна 2016/17 год

Училиште: ООУ”Димитар Миладинов”

1A Тема 8.1 Сили и движење

наставник: Аида Петровска   одделение: 8а, 8б, 8в

БР НАСТАВНИ ЕДИНИЦИ И ДРУГИ ЧАСОВИ време на реализација Забелешка
1 Што научивме во 5, 6 и 7 одделение? септември ИКТ
2 Што научивме во 5, 6 и 7 одделение? септември ИКТ
3 Што прават силите? септември ИКТ
4 Силите можат да ја променат формата на предметот септември ИКТ
5 Предвидување промени на формата септември
6 Предвидување  промени на формата септември
7 Колку можеш да поминеш за 10 секунди? септември
8 Пресметување на брзина во зависност од поминатото растојание и време септември ИКТ
9 Брзини и растојанија октомври ИКТ
10 Различни единици за брзина октомври
11 Час за повторување октомври
12 Графикони растојание-време октомври
13 Толкување на графикони растојание-време   октомври
14 Споредување на информации од графикони растојание-време и брзина-време октомври
15 Пресметување на брзина од графикони растојание-време октомври
16 Пресметување на растојание или време од дадена брзина октомври
17 Вовед во забрзување,  Meрење на брзини и пресметување на забрзување ноември ИКТ
18 Час за повторување ноември
19 Контролен тест ноември
20 Влијанието на силите врз движењето ноември ИКТ
21 Втор Њутнов Закон за движење ноември ИКТ
22 Триењето прави отпор на движењето ноември ИКТ
23 Гравитација ноември ИКТ
24 Предмети кои паѓаат ноември ИКТ
25 Час за повторување ноември
26 Истражување на отпорот на воздухот ноември ИКТ
27 Падобрани декември
28 Истражување на движењето(1) декември ИКТ
29 Истражување на движењето(2) декември
30 Истражување на движењето(3) декември
31 Час за повторување декември
32 Тематски тест декември
33 Повторување на изушениот материјал декември
34 Квиз на изучената тема декември ИКТ
  1. Цели:

Ученикот:

да објасни што е сила и да ја препознае во природата.

– да претстави резултати со соодветни табели, дијаграми и графикони.

– да протолкува графикони кои покажуваат поминат пат во зависност од времето и брзината.

– да направи детални планови за истражувања за да провери идеи.

– да пресмета средна брзина и средно забрзување.

– да ги претстави резултатите соодветно во табели, дијаграми и со графикони.

– да ги опише ефектите од дејството на силите врз движењето, вклучувајќи го триењето и воздушниот отпор.

– да ја осознае врската меѓу силата, масата и забрзувањето.

– да го опише ефектот од гравитација на предмети, вклучувајќи ја тежината.

– Да идентификува важни променливи; бира кои променливи да ги менува, контролира и мери.

да знае што е сила на триење и нејзиното значење во секојдневниот живот.……..

  1. Очекувани исходи:

Ученикот да :

– да ја црта и објаснува силата како вектор.

– да објасни со кои  четири елементи се дефинира силата.

– да дефинира што е забрзување, единица мерка за забрзување и да решава едноставни задачи со примена на претходно совладаните формули.

– да црта, чита и толкува графикони, растојание-време и брзина-време.

– да ја применува формулата со која се изразува врската меѓу масата, силата и забрзувањето при решавањето на задачите.

– да ги применува знаењата за Земјината тежа и тежината на едноставните задачи.

– да го објасни влијанието на силата на триење со придвижување на тела.

– да го поврзе коефициентот на триење со квалитетот на подлогите.

– да споредува сила на триење при лизгање, при тркалање и математички да го изразува  коефициентот на триењето………

  1. Наставни форми:

Фронтална, индивидуална, групна, парови….

  1. Наставни методи и техники :

Методи: монолог, дијалог, метод на разговор, набљудување, демонстративен метод….

Техники: коцка, грозд, аквариум, венов дијаграм, ЗСУ, мисловни мапи, сложувалка, пауза за разјаснување, минутно чекање…..

  1. Наставни средства и ресурси:

Табла, Смарт табла, учебник, училишна тетратка, Е-збирка задачи, компјутер, образовен софтвер, штоперка, автомобилче на батерии, автомобили на воздушен погон, парче теписон, платно, хартија, најлон, конец, метарска лента, наведена рамнина, топче, статив, тегови, динамометар,………

ООР:

http://479915126104440569.weebly.com/1044107410801078107711141077-1080-1089108010831080.html

http://aidafizika-aida.blogspot.mk/2015/03/blog-post.html

http://istrazuvaj.blogspot.mk/2015/03/blog-post_20.html

http://istrazuvaj.blogspot.mk/2013/08/blog-post_294.html

Симулации од skoool mk проектот:

  1. Мерење брзина (симулација трка)

  2. Растојание на запирање (симулација +пресметка)

  3. Еластичност на материјалите

  4. Гравитација и тежина

  5. Гравитација – влијание врз планетата

  6. Сили

  7. Триење

  8. Корисно триење

  9. ………………….

 Симулации за седмо одд.од PhET  порталот:

  1. График на функцијата

  2. Движење 2Д

  3. Подвижен човек

  4. Пружини и тежина

  5. Сили1Д

  6. ………………

  1. Организација: Детали за диференцијација / групи / улога на возрасен (поврзано со активностите), aктивности на наставниците и учениците :

Наставникот ги воведува учениците во новите наставни содржини, ги советува, набљудува и помага.

Учениците слушаат, ги следат инструкциите, поставуваат прашања, демонстрираат, набљудуваат и донесуваат заклучоци.

Во текот на оваа тема ке ги изведат следните ксперименти:

– Определување на брзина на автомобилче на батерии.

– Воведување на поимот забрзување со помош на топче кое се движи по наведена рамнина;

– Воведување на поимот брзина и пресметување брзина ;

– Воведување на мерната единица за брзина(m/s)  и забрзување (m/s2)

–   Значајно место во наставата ќе има и компјутерот. Тој ќе се користи како алатка за обработка на податоците, моделирање, анализа, набљудување анимации, користење симулации и аплети од Интернет за виртуелно демонстрирање и експериментирање,

демонстрирање на сили и движења.

Последици на различни заемнодејства.

Деформирање на еластична пружина со тело;

Демонстрирање на врската меѓу силата,масата и забрзувањето преку движење на количка со променлива маса  по наведена рамнина.

– Разговор со учениците за промената на движењето и формата на телото под  дејство на сила.

Табеларно и графичко прикажување на  зависноста на растегнувањето на пружината од силата.

Табеларно и графичко прикажување на триењето….

  1. Корелација и интеграција со други наставни содржини и предмети:

Користење знаења и вештини стекнати од предметот ЗПО, природни науки, техничко образование и математика..

  1. Следење и оценување на постигнувањата на учениците :

  • За да се оценат постигнувањата на ученикот неопходно е:

  • да се согледаат неговите предходни искуства, знаења и вештини, преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици.

  • континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајност во извршувањето на обврските.

  1. Доказ за постигнување:

  • Методи на усно проверување:

– усни одговори на поставени прашања од наставникот,

– усни одговори на прашања поставени од учениците,

– разговор со учениците,

  • Методи за проверка на практична оспособеност (изработка на табели и графици, решавање задачи, изведување на демонстрации и презентации)

  • Методи за оценување на писмени одговори:

– одговори на однапред подготвени  прашања,

– самооценување,………

  1. Критериуми за успех:

Ученикот е во состојба :

– да ја црта и објаснува силата како вектор.

– да објасни со кои  четири елементи се дефинира силата.

– да дефинира што е забрзување, единица мерка за забрзување и да решава едноставни задачи со примена на претходно совладаните формули.

– да црта, чита и толкува графикони, растојание-време и брзина-време.

– да ја применува формулата со која се изразува врската меѓу масата, силата и забрзувањето при решавањето на задачите.

– да ги применува знаењата за Земјината тежа и тежината на едноставните задачи.

– да го објасни влијанието на силата на триење со придвижување на тела.

– да го поврзе коефициентот на триење со квалитетот на подлогите.

– да споредува сила на триење при лизгање, при тркалање и математички да го изразува  коефициентот на триењето………

  1. Користење на условите од локалната средина :

Пресметување на брзина на автомобил,велосипед или автобус.

  1. Поими: Сила, движење, триење, гравитација, форма, забрзување, ……………

  1. Планирање и активности на ученици со посебни потреби :

Доколку имаме ученик со посебни потреби , задолжително треба да подготвиме вежби со кои ученикот ќе се мотивира да учествува во дијалог со наставник или ученик, да одговора на прашања со кратки реченици, да набљудува различни тела во непосредната околина, да препознае кое тело се движи, а кое не, да определи кое тело се движи праволиниски,а кое криволиниски, да препознае кога едно тело се движи забрзано и да го објасни влијанието на силата на триење со придвижувањето на телата, да ги препознае ознаките за пат, брзина, забрзување, сила, време и да ги наброи основните мерни  единици од SI за истите.

  1. Забелешка од реализација на темата (Забелешка / можности за проширување / домашна работа)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: