Архиви

All posts for the month Септември, 2016

Карактеристики на добар училиштен систем за професионален развој

Published Септември 29, 2016 by Аида

pizap-com14751611155031

Карактеристики на добар училиштен систем за професионален развој:

  • Професионалниот развој е право и обврска на секој поединец.

  • Професионалниот развој придонесува за повисоки постигнувања  на учениците.

  • Професионалниот развој првенствено се базира врз самопроценка.

  • Професионалниот развој се заснова врз евалуација  и професионален дијалог.

  • Професионалниот развој е планиран процес.

  • Професионалниот развој е континуиран процес.

  • Професионалниот развој се евидентира и документира.

ФОРМИ НА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ

Стандардни форми на стручно усовршување:

  • Конгрес

  • Конференција

  • Симпозиум

  • Семинар

  • Вебинар

  • Пленарно предавање

  • Панел дискусии

  • Тркалезна маса

  • Летни и зимски школи

  • Работилница

  • Стручно патување

  • Студиска посета

КОЛАБОРАТИВНИ ФОРМИ НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

  • Заеднички акциски истражувања

  • Студија на случај

  • Заедници за учење

  • Студиски групи

  • Анализа на наставни часови/активности

  • Менторска поддршка

ИНДИВИДУАЛНИ ФОРМИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

  • Проучување стручна литература

  • Пребарување на интернет

  • Консултација со експерти

  • Анализа на видеоснимки од наставни часови

  • Рефлексивен дневник за учење

  • Водење и анализа на портфолио за професионален развој

  • Едукација на далечина

ОСНОВНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ ГРУПИРАНИ ВО 5 ПОДРАЧЈА

  • Планирање и реализација на наставата

  • Излегување во пресрет на потребите и оценувањето на учениците

  • Создавање безбедна и стимулативна средина и клима за учење

  • Социјална и образовна инклузија на учениците и родителите

  • Професионален развој и соработка

1

01-osnovni-profesionalni-kompetencii-i-standardi-za-nastavnici

2

02-osnovni-profesionalni-kompetencii-i-standardi-za-strucni-sorabotnici

4

04-priracnik_sledenje-na-rabotata-i-planiranje-na-profesionalen-razvoj

5

05-vodic_nastavnik-od-pocetnik-do-mentor

7

07-upatstvo_mentorska-podrska-na-prirpavnici

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ДФРМ за настанот „Ноември – месец на науката“

Published Септември 18, 2016 by Аида

Почитувани,

во прилог на пораката е известување, пријава за наставници, пријава за ученици и опис на изработката/демонстрација/експеримент за настанот „Ноември – месец на науката“, а во рамките на кој ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.

Ве молиме препратете ја пораката до Вашите ученици и до Вашите колеги наставници.

Дополнително ќе бидат доставени покани до училиштата.

Следете ги информациите на www.dfrm.org

Со почит,
Друштво на физичарите на Р. Македонија

 

НАЈНОВА ПРОГРАМА за „Ноември – месец на науката“

noemvri_mesecnanaukata2016_programa

НАЈНОВО ИЗВЕСТУВАЊЕ за „Ноември – месец на науката“

noemvri_mesennanaukata_izvestuvanje01

ОКТОМВРИСКИ ИЗВЕСТУВАЊА:

noemvrimesecnanaukata_programa

noemvri_mesecnanaukata_izvestuvanje

opisnademonstracijata

prijavazaucestvo_ucenici

prijavazaucestvo_nastavnici

Интеграција на наставните предмети македонски јазик и физика

Published Септември 16, 2016 by Аида

Кирилица – старомакедонска азбука

 црковномакедонска азбука

Аа Бб Вв Гг Дд  Ѓѓ Ее Жж Зз Ѕѕ
Ии Јј Кк Лл Љљ Мм Нн Њњ Оо Пп
Рр Сс Тт Ќќ Уу Фф Хх Цц Чч Џџ
Шш

4-10-inteligentni-zhivotni-lekcii-od-albert-ajnshtajn-www-kafepauza-mk_

„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“     Алберт Ајнштајн

daniel-bernoulli

Во своето дело Хидродинамика, го истакнува значењето на принципот за одржување енергија, и ги дефинира првите елементи на кинетичката теорија на гасовите.

slika-128

Ват (анг. watt; симбол: W) е изведена SI-единица за моќност. Еднаков е на 1 џул во секунда (1 J/s), или во електрични единици, еден волт-ампер (1 V·A).

“Не се чувствувам должен да верувам дека истиот бог што не надарил со сетила, разум и интелект сакал да не ги користиме даровите и на некој друг начин да ни го даде знаењето што можеме да го добиеме со нивна помош”, Галилео Галилеј, Писмо до војвотката Кристина” (1615).

rene_descartes

Декарт ги дава следниве правила:

1) Не прифаќај ништо за вистина што не е јасно само по себе.

2) Подели го проблемот на неговите прости делови.

3) Реши го проблемот тргнувајќи од наједноставните кон сложените делови.

4) Повторно испитај го претходното резонирање.

sphere

ЃУЛЕ – кугла, топка, обично железна, за спортски натпревар.

thomas-alva-edison

Томас Алва Едисон дефинитивно е еден од најпознатите иноватори на сите времиња, со повеќе од илјада патенти зад неговото име.

725-12

Жан Фредерик Жолио, познат како Жан Фредерик Жолио Кири, кој заедно со сопругата Ирена, ќерка на нобеловците Пјер и Марија Кири, во 1935 година ја поделија Нобеловата награда за хемија.

planeta-zemja

Земјата – една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години.

rainbow

Ѕуница (виножитото, божилак) е оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата.

diagramtoshowelectromagneticinduction

Електромагнетна ИНДУКЦИЈА е добивањето на електричната струја во проводник кога истиот е изложен на променливо магнетно поле.

jurij-gagarin_1371199227_670x0

Јуриј Гагарин, својот “мал чекор” го направил на 12 април 1961 година кога со вселенскиот брод “Восток”, ја обиколил планетата Земја.

227871745

Коперник бил математичар, астроном, правник, физичар, учител, управник, функционер, дипломат, економист и војник. Неговата теорија дека Сонцето, а не Земјата, е центар на Вселената, се смета за една од најважните и решавачките за понатамошниот развој на астрономијата и за една од најважните теории за човештвото.

p_s_laplace

ЛАПЛАС – Со право е наречен француски „Њутн“. Работел на подрачјето на небесната механика, се занимавал со теоријата на електрицитетот, со капиларноста на течностите и со специфичната топлина на цврстите тела.

yarasa

Љиљаците имаат интересен начин на ориентација во темен простор. Имено, тие се активни ноќно време кога летајќи натаму-наваму во темницата ловат инсекти.Тоа го прават врз принципот на  “ехолокација”, имено, тие имаат способност да емитуваат различни ултразвучни импулсни тонови на фреквенции од окoлу 40 kHz до  100kHz, коишто се рефлектираат од предметите во просторот од опкружувањето.

h1

Герард Меркатор е познат како првиот човек којшто го има претставено светот на географска карта.

john_napier

Џон Непер од Мерчистон е познат по  изумувањето на логаритмите и неперовите коски, како и заживувањето на употребата на децималната запирка.

1

20131025-fotografii-koi-go-prikazhuvaat-pravanjeto-na-atomskata-bomba-7

Роберт Опенхајмер бил противник на произведување на водородни бомби и се залагал за користење нуклеарна енергија во миротворни цели.

mihajlo-pupin

Пупин се смета за еден од татковците на идеализмот во науката.

10_05-wilhelm_conrad_roentgen

На 22 декември 1895 година  Рендген ја направи првата рендген снимка од раката на неговата сопруга.

paskal8

Паскал Сотировски бил научник со интернационална репутација, држел предавања во Америка, Јапонија, Русија, Индија, а зборувал неколку јазици – француски, англиски, руски и германски.

nikola_tesla_color

Тесла ја гледал иднината, а ние во неа живееме.

jpg-14

Ќилибар, фосилна смола или сончев камен се добива од неколку видови иглолисни дрвја. Најпознатите наоѓалишта се во балтичките земји, а дури 90% се во рускиот град Калињинград. Килибарот се смета и како скапоцен камен, иако не е минерал и нема кристална структура.

Зборот електрон потекнува од грчкиот збор ηλεκτρον, што значи ќилибар. Електрон (некогаш нарекуван негатрон; симбол e−) е субатомска честичка. Во еден атом, електроните кружат околу јадро од протони и неутрони.

uranium

Ураниумот е радиоактивен хемиски елемент со реден број 92 во периодниот систем на елементите и со симбол U. Во составот на атомот има 92 протони и 92 електрони од кои 6 се валентни електрони. Бројот на неутроните се движи помеѓу 141 и 146, со 146 (U-238) и 143 во најголеми заеднички изотопи.

image074

Жан Батист Жозеф Фурие, открил дека гасовите во атмосферата можат да ја зголемат температурата на Земјата. Тоа го имал напишано во есеј од 1824. Ова е ефект кој подоцна ќе биде наречен „greenhouse effect“.

roberthooke

Роберт Хук  докажал ротирањето на Земјата и гравитацијата на небеските тела.

640px-anders_celsius

Андерс Целзиус (швед. Anders Celsius, 27 ноември 1701 – 25 април 1744) бил шведски физичар и астроном. Тој е автор на поделбата на 100 степени на термометарската скала, наречена „Целзиусова скала“. Во 1736 година, учествувал во експедиција и ги измерил лаковите на мередијаните, прв го забележал дејството на поларната светлина врз магнетната игла и со сопствени средства ја изградил опсерваторијата во родниот град Упсала.

an-aerial-view-of-the-chernobyl-nuclear-plant-in-ukraine-shows-damage-from-an-explosion-and-fire-in-one-of-the-reactors-that-sent-large-amounts-of-radioactive-material-into-the-atmosphere-april-26-198

На 26 април 2013 година се навршија 27 години од катастрофалната хаварија во нуклеарната централа Чернобил, централа сместена во непосредна близина на градот Припјат, на самиот север на Украина, до граница со Белорусија. Во ноќта помеѓу 25 и 26 април, еден од реакторите на нуклеарната централа „Владимир Илич Ленин“, експлодираше во 1 час и 24 минути по полноќта по локалното време.

brian_josephson_march_2004

Брајан Џозефсон,(4 јануари 1940) – велшки теоретски физичар и почесен професор по физика на Кембричкиот универзитет. Најдобро познат по неговата пионерска работа на суперспроводливоста и квантното тунелирање, тој бил награден со Нобеловата награда за Физика во 1973 година за неговото предвидување на Џозефсоновиот ефект, предвиден во 1962 година кога бил 22 годишен студент на Кембричкиот универзитет.

otto_stern

Како експериментален физичар Ото Штерн придонел во откривањето на спиновата квантизација во Штерн-Герлаховиот експеримент со Валтер Герлах; демонстрација на брановата природа на атомите и молекулите; мерење на атомските магнетни моменти; откритието на протонскиот магнетен момент; развиток на молекуларниот зрачен метод кој е специјализиран за техниката на молекуларна епитаксија на сноп. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 1943 год.

Известување од ПАКОМАК – Еколошка акција за собирање на пластични ПЕТ шишиња

Published Септември 14, 2016 by Аида

Почитувани директори и соработници,

Пред се да Ви посакам успешна нова учебна година и исполнување на сите Ваши планови.

Со овој допис сакаме да Ве известиме дека и оваа учебна 2016-2017 година продолжуваме со нашата еколошка акција за собирање на пластични ПЕТ шишиња и подигнување на хигиената во училиштата со донација на течен сапун. Главната награда за најуспешното училиште на ниво на општина за учебна 2015-2016 година, ќе Ви ја соопштиме на настанот за доделување на наградите кој што ќе биде организиран на 19.09.2015 година (понеделник) во конгресната сала во спортскиот центар Борис Трајковски (влезот е од кај кугланата) со почеток во 13:00 часот. Ве покануваме сите да присуствувате на овој наш настан, на кои што ќе имаме и скромен коктел.

Дополнително оваа година решивме да доделиме награда и за второ место и подароци маички за три деца од секое училиште што донесоа најмногу пластични шишиња за учебна 2015-2016 година. Наградени училишта од Вашата општина се:

1.      Прво место – ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ (дели прво место)

2.      Прво место – 11 ОКТОМВРИ (дели прво место)

3.      Второ место – КОЧО РАЦИН

ВАЖНО:

Што се однесува до маичките за децата Ве молиме најкасно до 09.09.2016 да ни ги пуштите на е-маил имињата на најдобрите три деца од секое училиште и од кое одделение се за да можеме да ги нарачаме маичките. Ве молиме рокот за маичките имајте го во предвид бидејки подоцна дополнително нема да можеме да нарачуваме маички, а не сакаме да има незадоволство кај децата.

За Ваша информција за успешен почеток на годината, во последната недела од Август, направена е испорака на течен сапун во сите училишта согласно Вашите месечни потреби.

Ве молиме да ги информирате сите оние кои што мислите дека треба да бидат информирани во врска со овој проект, колеги директори, колеги наставници и сите останати соработници, и воедно истава информација да биде пренесена до што е можно поголем број на родители и ученици.

Ви благодарам за подршката и соработката.

СООПШТЕНИЕ од ДФРМ

Published Септември 14, 2016 by Аида

Почитувани,

Друштвото на Физичарите на Република Македонија го подржува School of The Future кое организира серија на подготовки за натпреварите по физика и други наставни предмети.

Се надеваме дека активностите на млади ентузијасти, поранешни натпреварувачи и олимпијци од Македонија, а сега студенти на престижните универзитети ќе биде сериозен проект.

Многумина членови се интересираа за активностите на School of The Future.

School of The Future е нова образовна институција во Македонија која цели да ги подготвува најдобрите македонски ученици за националните и интернационалните натпреври во областа на математика, информатиката, физиката, и останатите науки.

Како целна група за подготовките по натпреварите се ученици од сите возраст кои покажуваат значителен интерес во областа на физиката.

На 17 и 18 септември, сабота и недела ќе се одржат промотивни часови на School of The Future каде што истовремено учениците и родителите ќе можат да се информираат за активностите на School of The Future.

Промотивните часови ќе бидат припреми за натпреварите по:

  1. Физика од 14:00 до 17:00 часот

  2. Математика од 10:00 до 13:00 часот

  3. Информатика од 14:00 до 17:00 часот

За сите години и нивоа.

Локацијата за промотивните часови е YES Incubator во Автокоманда: http://www.yes. org.mk/Contact/Map.aspx?r=6&l= 63&c=22 (Бараките до црквата Св. Архангел Михаил, до студентски дом Стив Наумов)

За пријавување на часовите, ве молиме пополнете го формуларов:

https://goo.gl/forms/ X34qiEUOIgTi63yA2

School of The Future бара и заинтересирани наставници, универзитетски професори и наставници по физика од средните училишта кои во рамките на School of The Future ќе работат со ученици.Информирајте се за време на промотивните часови на 17 и 18 септември 2016 или на centerofthefuture@gmail.com

Со почит,

Друштво на Физичарите на Р. Македонија

Соопштение за настан „Вело Родео“

Published Септември 14, 2016 by Аида

 Соопштение за настан „Вело Родео“

  • Почитувани,

    Проектот ,,Едукација за велосипедизам преку теорија и пракса“ претставува иницијатива на органзиацијата ЕКО ЛОГИК со цел да се влијае врз младите од основните училишта на ниво на Град Скопје во поглед на користењето и значењето на одржливите типови на транспорт како и зголемување на безбедноста на улиците, и намалување на бројот на сообраќајни несреќи во кои како еден од учесниците се јавува велосипедист или пешак, а како друг учесник се јавува управувач на моторно возило.

    Како дел од проектот “Едукација за велосипедизам преку теорија и пракса“, проект кој е креиран на начин кој предвидува воведување на разни иновативни и свежи пристапи и користење на разни алатки за учење, како дел од процесот на неформално образование, во нашиот случај на тема велосипедизам, Здружението на граѓани Еко Логик организира настан/натпревар наречен „Вело Родео“. Настанот се организира како дел од Европската недела на мобилност, во соработка со ЕУ Инфо центар. Натпреварот се состои од патека на која се поставени 6/7 меѓусебно поврзани велосипедски вежби (баланс, тресење, безбедност, снаодливост, итн.) изработени од организацијата Еко Логик. Децата, учесници ќе бидат поделени во тимови (секое училиште ќе претставува една тим). Целта на тимот е што побргу и со што помал број на грешки да ја поминат патеката. Времето се мери така што се почнува со стартот на првиот член на тимот, а се завршува кога последниот член на тимот ќе ја помина патеката. Во поглед на награди, предвидено е доделување на награди во зависност од тоа каков тип на спонзори ќе се обезбедат (здрава храна, спортска опрема, велосипедска опрема, итн.)

    Детали за настанот:

    Локација: ООУ Јохан Х. Песталоци, Општина Центар

    Датум: 22.09.2016

    Ниво: Општина Центар

    Вклученост: сите основни училишта на ниво на 

       Општина Центар (7-седум).

    Време: 10:00 часот

    Возраст: ученици од 5то, 6то и 7мо одделение

    *Секое училиште мора да учествува со 7 ученици во мешан состав (машки/женски)

„Ноември – месец на науката“

Published Септември 9, 2016 by Аида

cca

ccb

ccc

noemvrimesecnanaukata_programa

„Ноември – месец на науката“, во рамките на кој ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.

Настанот е во организација на Друштвото на физичарите на Р. Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно – математички факултет и Skopje City Mall.

Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р. Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика, хемија, биологија и географија (било во основно или средно училиште).

Настанот ќе се одржува на две места, Природно-математички факултет во Скопје и Skopje City Mall.

Некои активности во Skopje City Mall, како Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти се наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти, Ваши роднини и пријатели…

Настанот ќе се одржи во текот на месец ноември 2016 година, согласно програмата (pdf документ).

 

 

 

Нека ни е честит 8 септември – Денот на независноста!

Published Септември 7, 2016 by Аида

 

2-27th-%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%98

Нека ни е честит 8 септември

– Денот на независноста!

Денес Република Македонија одбележува 25 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава

Убедливо мнозинство над 95 % од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 168 држави во светот, а под уставното име е признаена од 132 меѓу кои и три од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Русија и Кина. (податоците датираат од 2012 год.)