Известување од ПАКОМАК – Еколошка акција за собирање на пластични ПЕТ шишиња

Published Септември 14, 2016 by Аида

Почитувани директори и соработници,

Пред се да Ви посакам успешна нова учебна година и исполнување на сите Ваши планови.

Со овој допис сакаме да Ве известиме дека и оваа учебна 2016-2017 година продолжуваме со нашата еколошка акција за собирање на пластични ПЕТ шишиња и подигнување на хигиената во училиштата со донација на течен сапун. Главната награда за најуспешното училиште на ниво на општина за учебна 2015-2016 година, ќе Ви ја соопштиме на настанот за доделување на наградите кој што ќе биде организиран на 19.09.2015 година (понеделник) во конгресната сала во спортскиот центар Борис Трајковски (влезот е од кај кугланата) со почеток во 13:00 часот. Ве покануваме сите да присуствувате на овој наш настан, на кои што ќе имаме и скромен коктел.

Дополнително оваа година решивме да доделиме награда и за второ место и подароци маички за три деца од секое училиште што донесоа најмногу пластични шишиња за учебна 2015-2016 година. Наградени училишта од Вашата општина се:

1.      Прво место – ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ (дели прво место)

2.      Прво место – 11 ОКТОМВРИ (дели прво место)

3.      Второ место – КОЧО РАЦИН

ВАЖНО:

Што се однесува до маичките за децата Ве молиме најкасно до 09.09.2016 да ни ги пуштите на е-маил имињата на најдобрите три деца од секое училиште и од кое одделение се за да можеме да ги нарачаме маичките. Ве молиме рокот за маичките имајте го во предвид бидејки подоцна дополнително нема да можеме да нарачуваме маички, а не сакаме да има незадоволство кај децата.

За Ваша информција за успешен почеток на годината, во последната недела од Август, направена е испорака на течен сапун во сите училишта согласно Вашите месечни потреби.

Ве молиме да ги информирате сите оние кои што мислите дека треба да бидат информирани во врска со овој проект, колеги директори, колеги наставници и сите останати соработници, и воедно истава информација да биде пренесена до што е можно поголем број на родители и ученици.

Ви благодарам за подршката и соработката.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: