Соопштение за настан „Вело Родео“

Published Септември 14, 2016 by Аида

 Соопштение за настан „Вело Родео“

  • Почитувани,

    Проектот ,,Едукација за велосипедизам преку теорија и пракса“ претставува иницијатива на органзиацијата ЕКО ЛОГИК со цел да се влијае врз младите од основните училишта на ниво на Град Скопје во поглед на користењето и значењето на одржливите типови на транспорт како и зголемување на безбедноста на улиците, и намалување на бројот на сообраќајни несреќи во кои како еден од учесниците се јавува велосипедист или пешак, а како друг учесник се јавува управувач на моторно возило.

    Како дел од проектот “Едукација за велосипедизам преку теорија и пракса“, проект кој е креиран на начин кој предвидува воведување на разни иновативни и свежи пристапи и користење на разни алатки за учење, како дел од процесот на неформално образование, во нашиот случај на тема велосипедизам, Здружението на граѓани Еко Логик организира настан/натпревар наречен „Вело Родео“. Настанот се организира како дел од Европската недела на мобилност, во соработка со ЕУ Инфо центар. Натпреварот се состои од патека на која се поставени 6/7 меѓусебно поврзани велосипедски вежби (баланс, тресење, безбедност, снаодливост, итн.) изработени од организацијата Еко Логик. Децата, учесници ќе бидат поделени во тимови (секое училиште ќе претставува една тим). Целта на тимот е што побргу и со што помал број на грешки да ја поминат патеката. Времето се мери така што се почнува со стартот на првиот член на тимот, а се завршува кога последниот член на тимот ќе ја помина патеката. Во поглед на награди, предвидено е доделување на награди во зависност од тоа каков тип на спонзори ќе се обезбедат (здрава храна, спортска опрема, велосипедска опрема, итн.)

    Детали за настанот:

    Локација: ООУ Јохан Х. Песталоци, Општина Центар

    Датум: 22.09.2016

    Ниво: Општина Центар

    Вклученост: сите основни училишта на ниво на 

       Општина Центар (7-седум).

    Време: 10:00 часот

    Возраст: ученици од 5то, 6то и 7мо одделение

    *Секое училиште мора да учествува со 7 ученици во мешан состав (машки/женски)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: