СООПШТЕНИЕ од ДФРМ

Published Септември 14, 2016 by Аида

Почитувани,

Друштвото на Физичарите на Република Македонија го подржува School of The Future кое организира серија на подготовки за натпреварите по физика и други наставни предмети.

Се надеваме дека активностите на млади ентузијасти, поранешни натпреварувачи и олимпијци од Македонија, а сега студенти на престижните универзитети ќе биде сериозен проект.

Многумина членови се интересираа за активностите на School of The Future.

School of The Future е нова образовна институција во Македонија која цели да ги подготвува најдобрите македонски ученици за националните и интернационалните натпреври во областа на математика, информатиката, физиката, и останатите науки.

Како целна група за подготовките по натпреварите се ученици од сите возраст кои покажуваат значителен интерес во областа на физиката.

На 17 и 18 септември, сабота и недела ќе се одржат промотивни часови на School of The Future каде што истовремено учениците и родителите ќе можат да се информираат за активностите на School of The Future.

Промотивните часови ќе бидат припреми за натпреварите по:

  1. Физика од 14:00 до 17:00 часот

  2. Математика од 10:00 до 13:00 часот

  3. Информатика од 14:00 до 17:00 часот

За сите години и нивоа.

Локацијата за промотивните часови е YES Incubator во Автокоманда: http://www.yes. org.mk/Contact/Map.aspx?r=6&l= 63&c=22 (Бараките до црквата Св. Архангел Михаил, до студентски дом Стив Наумов)

За пријавување на часовите, ве молиме пополнете го формуларов:

https://goo.gl/forms/ X34qiEUOIgTi63yA2

School of The Future бара и заинтересирани наставници, универзитетски професори и наставници по физика од средните училишта кои во рамките на School of The Future ќе работат со ученици.Информирајте се за време на промотивните часови на 17 и 18 септември 2016 или на centerofthefuture@gmail.com

Со почит,

Друштво на Физичарите на Р. Македонија

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: