Интеграција на наставните предмети македонски јазик и физика

Published Септември 16, 2016 by Аида

Кирилица – старомакедонска азбука

 црковномакедонска азбука

Аа Бб Вв Гг Дд  Ѓѓ Ее Жж Зз Ѕѕ
Ии Јј Кк Лл Љљ Мм Нн Њњ Оо Пп
Рр Сс Тт Ќќ Уу Фф Хх Цц Чч Џџ
Шш

4-10-inteligentni-zhivotni-lekcii-od-albert-ajnshtajn-www-kafepauza-mk_

„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“     Алберт Ајнштајн

daniel-bernoulli

Во своето дело Хидродинамика, го истакнува значењето на принципот за одржување енергија, и ги дефинира првите елементи на кинетичката теорија на гасовите.

slika-128

Ват (анг. watt; симбол: W) е изведена SI-единица за моќност. Еднаков е на 1 џул во секунда (1 J/s), или во електрични единици, еден волт-ампер (1 V·A).

“Не се чувствувам должен да верувам дека истиот бог што не надарил со сетила, разум и интелект сакал да не ги користиме даровите и на некој друг начин да ни го даде знаењето што можеме да го добиеме со нивна помош”, Галилео Галилеј, Писмо до војвотката Кристина” (1615).

rene_descartes

Декарт ги дава следниве правила:

1) Не прифаќај ништо за вистина што не е јасно само по себе.

2) Подели го проблемот на неговите прости делови.

3) Реши го проблемот тргнувајќи од наједноставните кон сложените делови.

4) Повторно испитај го претходното резонирање.

sphere

ЃУЛЕ – кугла, топка, обично железна, за спортски натпревар.

thomas-alva-edison

Томас Алва Едисон дефинитивно е еден од најпознатите иноватори на сите времиња, со повеќе од илјада патенти зад неговото име.

725-12

Жан Фредерик Жолио, познат како Жан Фредерик Жолио Кири, кој заедно со сопругата Ирена, ќерка на нобеловците Пјер и Марија Кири, во 1935 година ја поделија Нобеловата награда за хемија.

planeta-zemja

Земјата – една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години.

rainbow

Ѕуница (виножитото, божилак) е оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата.

diagramtoshowelectromagneticinduction

Електромагнетна ИНДУКЦИЈА е добивањето на електричната струја во проводник кога истиот е изложен на променливо магнетно поле.

jurij-gagarin_1371199227_670x0

Јуриј Гагарин, својот “мал чекор” го направил на 12 април 1961 година кога со вселенскиот брод “Восток”, ја обиколил планетата Земја.

227871745

Коперник бил математичар, астроном, правник, физичар, учител, управник, функционер, дипломат, економист и војник. Неговата теорија дека Сонцето, а не Земјата, е центар на Вселената, се смета за една од најважните и решавачките за понатамошниот развој на астрономијата и за една од најважните теории за човештвото.

p_s_laplace

ЛАПЛАС – Со право е наречен француски „Њутн“. Работел на подрачјето на небесната механика, се занимавал со теоријата на електрицитетот, со капиларноста на течностите и со специфичната топлина на цврстите тела.

yarasa

Љиљаците имаат интересен начин на ориентација во темен простор. Имено, тие се активни ноќно време кога летајќи натаму-наваму во темницата ловат инсекти.Тоа го прават врз принципот на  “ехолокација”, имено, тие имаат способност да емитуваат различни ултразвучни импулсни тонови на фреквенции од окoлу 40 kHz до  100kHz, коишто се рефлектираат од предметите во просторот од опкружувањето.

h1

Герард Меркатор е познат како првиот човек којшто го има претставено светот на географска карта.

john_napier

Џон Непер од Мерчистон е познат по  изумувањето на логаритмите и неперовите коски, како и заживувањето на употребата на децималната запирка.

1

20131025-fotografii-koi-go-prikazhuvaat-pravanjeto-na-atomskata-bomba-7

Роберт Опенхајмер бил противник на произведување на водородни бомби и се залагал за користење нуклеарна енергија во миротворни цели.

mihajlo-pupin

Пупин се смета за еден од татковците на идеализмот во науката.

10_05-wilhelm_conrad_roentgen

На 22 декември 1895 година  Рендген ја направи првата рендген снимка од раката на неговата сопруга.

paskal8

Паскал Сотировски бил научник со интернационална репутација, држел предавања во Америка, Јапонија, Русија, Индија, а зборувал неколку јазици – француски, англиски, руски и германски.

nikola_tesla_color

Тесла ја гледал иднината, а ние во неа живееме.

jpg-14

Ќилибар, фосилна смола или сончев камен се добива од неколку видови иглолисни дрвја. Најпознатите наоѓалишта се во балтичките земји, а дури 90% се во рускиот град Калињинград. Килибарот се смета и како скапоцен камен, иако не е минерал и нема кристална структура.

Зборот електрон потекнува од грчкиот збор ηλεκτρον, што значи ќилибар. Електрон (некогаш нарекуван негатрон; симбол e−) е субатомска честичка. Во еден атом, електроните кружат околу јадро од протони и неутрони.

uranium

Ураниумот е радиоактивен хемиски елемент со реден број 92 во периодниот систем на елементите и со симбол U. Во составот на атомот има 92 протони и 92 електрони од кои 6 се валентни електрони. Бројот на неутроните се движи помеѓу 141 и 146, со 146 (U-238) и 143 во најголеми заеднички изотопи.

image074

Жан Батист Жозеф Фурие, открил дека гасовите во атмосферата можат да ја зголемат температурата на Земјата. Тоа го имал напишано во есеј од 1824. Ова е ефект кој подоцна ќе биде наречен „greenhouse effect“.

roberthooke

Роберт Хук  докажал ротирањето на Земјата и гравитацијата на небеските тела.

640px-anders_celsius

Андерс Целзиус (швед. Anders Celsius, 27 ноември 1701 – 25 април 1744) бил шведски физичар и астроном. Тој е автор на поделбата на 100 степени на термометарската скала, наречена „Целзиусова скала“. Во 1736 година, учествувал во експедиција и ги измерил лаковите на мередијаните, прв го забележал дејството на поларната светлина врз магнетната игла и со сопствени средства ја изградил опсерваторијата во родниот град Упсала.

an-aerial-view-of-the-chernobyl-nuclear-plant-in-ukraine-shows-damage-from-an-explosion-and-fire-in-one-of-the-reactors-that-sent-large-amounts-of-radioactive-material-into-the-atmosphere-april-26-198

На 26 април 2013 година се навршија 27 години од катастрофалната хаварија во нуклеарната централа Чернобил, централа сместена во непосредна близина на градот Припјат, на самиот север на Украина, до граница со Белорусија. Во ноќта помеѓу 25 и 26 април, еден од реакторите на нуклеарната централа „Владимир Илич Ленин“, експлодираше во 1 час и 24 минути по полноќта по локалното време.

brian_josephson_march_2004

Брајан Џозефсон,(4 јануари 1940) – велшки теоретски физичар и почесен професор по физика на Кембричкиот универзитет. Најдобро познат по неговата пионерска работа на суперспроводливоста и квантното тунелирање, тој бил награден со Нобеловата награда за Физика во 1973 година за неговото предвидување на Џозефсоновиот ефект, предвиден во 1962 година кога бил 22 годишен студент на Кембричкиот универзитет.

otto_stern

Како експериментален физичар Ото Штерн придонел во откривањето на спиновата квантизација во Штерн-Герлаховиот експеримент со Валтер Герлах; демонстрација на брановата природа на атомите и молекулите; мерење на атомските магнетни моменти; откритието на протонскиот магнетен момент; развиток на молекуларниот зрачен метод кој е специјализиран за техниката на молекуларна епитаксија на сноп. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 1943 год.

Advertisements

One comment on “Интеграција на наставните предмети македонски јазик и физика

  • Напишете коментар

    Fill in your details below or click an icon to log in:

    WordPress.com Logo

    You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

    Twitter слика

    You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

    Facebook photo

    You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

    Google+ photo

    You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

    Connecting to %s

    %d bloggers like this: