Архиви

All posts for the month Октомври, 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ за тркалезна маса на тема „Прочистување отпадни води“

Published Октомври 8, 2016 by Аида

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Вилфред Мартенс Центарот за Европски Студии од Брисел и еколошката младинска организација Гоу Грин Скопје ве покануваат на тркалезна маса на тема

„Прочистување отпадни води“

Датум: 13. октомври 2016 година (четврток)

Место: Машински Факултет Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ 

Тркалезната маса е дел од проектот за унапредување на еколошкото образование. Експерти во областа работат на публикација со наслов „Пречистување на отпадни води“, која ќе биде понудена како наставен материјал/учебник на програмата на Машинскиот Факултет, Скопје. Целта на тркалезната маса е да поттикне дискусија и размена на мислења од страна на најрелевантните чинители во областа со авторите и рецензентите кои ќе бидат дел од говорниците.

Во прилог е програмата за настанот.

1

Сите заинтересирани своето присуство можат да го потврдат со реплицирање на мејл –  info@bidizelen.org

најдоцна до 12.10.2016 година (среда).