Архиви

All posts for the month Ноември, 2016

Старите македонски имиња на месеците

Published Ноември 30, 2016 by Аида

Старите македонски имиња на месеците биле поврзани со природните циклуси или земјоделските работи кои се случуваат и вршат во периодот на соодветниот месец.

  • Јануари се нарекува коложег – месец во кој се горат голем број дрва.

  • Февруари се наречува сечко – месец на ледот.

  • Март се нарекува цутар – месец на цветањето.

  • Април се нарекува тревен – месец на тревата.

  • Мај се нарекува косар – месец на косењето трева.

  • Јуни се нарекува жетвар – месец на жетвата.

  • Јули се нарекува златец – наликува на златен месец.

  • Август се нарекува житар – месец на житото.

  • Септември се нарекува гроздобер – месец на берењето грозје.

  • Октомври се нарекува листопад – месец на паѓањето листови.

  • Ноември се нарекува студен – првиот многу студен месец.

  • Декември се нарекува снежник – месец на снегот.

    1%d0%b0

Првиот месец во годината е месецот јануари и со него започнува секоја нова година. Што се однесува до астрономијата, на овој датум (1 јануари) во Вселената не се случува ништо значајно, што значи дека празникот 1 јануари или Нова Година е вештачка творба на човекот. Самото име јануари потекнува од името на Римскиот бог Јанус, бог на сите почетоци, па според тоа логично е и месецот јануари да биде почетен месец. Така при оваа реформа месецот октомври, кој во тоа време бил осми месец (што може да се види од неговото име), станува десетти месец, а месецот декември (според името значи десетти) станува дванаесетти месец.

2%d0%b0

Вториот месец е месецот февруари, најкраткиот месец во годината. Февруари има 28 дена и секоја четврта година (секоја престапна година) му се додава уште еден ден – 29. Името февруари е добиено од латинскиот збор fevruaris што значи „да се чисти“. Месецот февруари бил последен месец во годината и тогаш се чистеле храмовите и улиците во чест на доаѓањето на новата година.

3%d0%b0

Месецот март е третиот месец во годината. Тоа е месец на пролетната рамноденица (еквоницијум) и месец кога започнува пролетта. Тогаш Сонцето од јужната преминува на северната полутопка. Името на месецот март потекнува од Римскиот бог на војната Марс.

4%d0%b0

 Април е четвртиот месец во годината и спаѓа во пролетните месеци. Името на месецот во Римската држава бил наменет за божицата Венера. Според едни, името е поврзано со божицита Афродита, а според други, потекнува од латинскиот збор aperire што значи „се отвара“. Претпоставката е дека во месец април цутат (се отвараат) цветовите, па од таму потекнува и името на месецот.
Шеговитоста на месецот потекнува од 1860 година кога 100-тина благородници од Лондон примиле покана да присуствуваат на капењето на белиот лав во едно езеро покрај градот. Многумина се одзвале на поканата, но се покажало дека сепак се работи за шега и дека не постои никаков бел лав.

5Месецот мај е петтиот месец во годината и е можеби најубавиот пролетен месец. Името мај најверојатно го добил по староиталската божица Маја, божица на природата, билките и плодната земја. Во мај се буди природата, растенијата процутуваат, денот е поголем, времето е потопло (без високи температури) и затоа месецот мај е најомилен кај народот.

6 Јуни – месец кога започнува летото на северната полутопка. Летото започнува на 21 или 22 јуни. Денот на северната полутопка е најдолг во годината и во астрономијата е познат уште како летен солстициј (летна повратна точка). Се претпоставува дека името на месецот потекнува од Римската божица Јунони – божица на породувањето и заштитничка на браковите и мажените жени. Јуни има 30 дена.

7

 Седмиот месец во годината е јули. Тој е летен месец и спаѓа во најтоплите месеци во годината. Јули своето име го добил по Римскиот император Јулије Цезар. За време на Помпилиј месецот јули се викал Quintilis (петти месец), но со самата реформа на календарот (во 46 год п.н.е од страна на Јулије Цезар) Римскиот сенат донесува одлука седмиот месец да се нарече Julius во чест на императорот. И самиот Цезар е роден на 12 или 13 јули 100 год. п.н.е. (а убиен во 44 год. п.н.е.).

8

 Осмиот месец во годината е месецот август. Спаѓа во летните месеци и, како и јули, е еден од најтоплите месеци. За време на Римската империја името на месецот било Sextilis, што значи „шести месец“ и имал 29 дена. Но, во осмата година пред Христа, Римскиот сенат донесува одлука овој месец да се преименува во Augustus во чест на Октавијан Август, посвоениот син на Јулије Цезар и прв Римски цар. За време на реформата од страна на Цезар, на месецот Август му е додаден уште еден ден, а по преименувањето од Sextilis во Augustus месецот добива уште еден ден (кој е одземен од февруари) и така се доаѓа до бројката од 31 ден.

9

 Деветтиот месец во годината е септември. Со овој месец започнува есента и тоа околу 23-от ден во месецот. Во овој месец се забележува дека деновите стануваат пократки и постудени. Во астрономијата е важен заради есенската рамноденица, кога Сонцето од северната се префрла на јужната полутопка и со тоа почнува есента. Името на месецот потекнува од зборот septem што значи „седми месец“ (во римско време тој и бил седми месец). При реформата на Цезар на месецот септември му се додадени два дена, така да месецот имал 31 ден. Во осмата година п.н.е., при преименувањето на месецот Sextilis во Augustus, месеците јули, август и септември имале по 31 ден. Сенатот не можел да си дозволи три месеци по ред да имаат по 31 ден и затоа решиле на септември да му скратат еден ден. Јули и август биле поштедени затоа што ги носеле имињата на Јулије Цезар и неговиот посвоен син.

10

Десеттиот месец во годината е месецот октомври. Тоа е класичен есенски месец. Од астрономски аспект во овој месец не се случува ништо позначајно. Деновите се доста пократки од ноќта, а времето е постудено. Името на месецот потекнува од латинскиот збор oktober што во превод значи „осми месец“. За време на владеењето на Помпилиј, октомври имал 30 дена. Но, при преименувањето на Sextilis во Augustus и при појавата на трите месеци по ред со по 31 ден (јули, август и септември) од месецот септември е одземен еден ден и е додаден на октомври. Од тогаш, октомври има 31 ден.

11

Единаесеттиот месец во годиата е ноември. Ноември е типичен есенски месец, со кратки денови и појава на првиот мраз. Името на месецот потекнува од латинскиот збор novem што значи девет. Во првобитниот календар на Помпилиј, овој месец бил деветти месец во годината. Во почетокот, месецот имал 29 дена, но со реформата на Цезар на овој месец му се додадени два дена. Па така, сe до 8 год. п.н.е. овој месец имал 31 ден. Но, повторно при преименувањето на Sextilis во Augustus, за да не се појават два месеца по ред кои ќе имаат по 31 ден, од ноември е одземен еден ден и додаден на последниот месец – декември.

12

Дванаесеттиот месец, а воедно и последен во годината, е месецот декември. Декември е зимски месец. Од астрономски аспект месецот е важен затоа што околу 22-от ден од месецот започнува зимата, односно Сонцето се наоѓа во зимскиот солстициј (зимска повратна точка). Со почетокот на зимата и денот е најкраток за сметка на ноќта. Името на месецот потекнува од латинскиот збор decem што во превод значи десет (месецот декември за време на Помпилиј бил десетти по ред).

Ноември – месец на науката

Published Ноември 19, 2016 by Аида

15000793_1815471825404980_4765911093575711849_o

Во ТЦ „Скопје Сити мол“ и на ПМФ во трите викенди во ноември (4-ти и 5-ти, 11-ти и 12-ти, 18-ти, 19-ти и 20-ти)  се одржа манифестацијата „Ноември – месецот на науката“ каде се опфатија натпревари, експерименти, работилници, предавања и изложби за сите генерации.

За првпат настанот (групно)  беше организиран од Друштвото на физичари од Република Македонија, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, Друштвото на биолози на Република Македонија, Македонското астрономско друштво, Македонското географско друштво, Скопското астрономско друштво, Природно-математичкиот факултет и Скопје сити мол.

Во рамките на настанот,  се одржа и 41-та школа на „Млади физичари“ на која учениците  се натпреваруваа во изработки, демонстрации и со експерименти.

Беа организирани креативни детски работилници, каде најмалите  на сосема поинаков начин можеа да се запознаат со природните закони на науката. Како дел од месецот на науката,  можеа да се проследат и предавања на разни теми, од сите научни области од научници од Македонија како и од (надвор) гостите од странство. Настанот  изобилуваше со  активности,  изложби, натпревари во изработки, демонстрации, експерименти, симулации, модели и знаење.

siti-1

15068552_1815472398738256_7163466024218902854_o

15000675_1815473202071509_4282911483495198224_o

15110483_1187983307948347_441626367760294803_o

15069012_1187981151281896_7692113454343008871_o

5

4

3

1

Им честитам на сите ученици – учесници за учеството и за постигнатите резултати, им благодарам на сите учесници што ги користеа моите ресурси и што ми овозможија индиректно да учествувам на ваков настан.

test

eksperimenti

eksperimenti2

Крсте Петков Мисирков

Published Ноември 17, 2016 by Аида

krste_p-_misirkov

Македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

Д-р Крсте Петков Мисирков роден на 18 ноември 1874 во Постол, Егејска Македонија а умрел на 26 јули 1926 во Софија.

Тој е и автор на првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.
Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби…….


Потсетување на циклусот “Цутови на мисирковото дело во светот и дома”

    Во овој циклус изработивме многу портрети на слависти, македонисти, афирматори на македонскиот јазик надвор од границите на Македонија.


Крсте Петков Мисирков

Во историјата на македонскиот народ, во неговата вековна борба за слобода, за своја држава и за зачувување на својот национален и културен идентитет имаме цела плејада на великани кои со своето дејствување, ги создале темелите на македонската државотворност, и кои засекогаш ќе останат во она што се именува како колективна, но и индивидуална свест за својот, македонски, национален идентитет.

Меѓу тие великани посебно место има Крсте Петков Мисирков кој е роден на 18 ноември 1874 година. Крсте Петков Мисирков целиот свој литературен и научен опус го посветува токму на остварувањето на вековните идеали на македонскиот народ, а тоа се самостојна и суверена држава и зачувување на македонскиот национален и културен идентитет пред агресивните напади кои доаѓаат од соседството. По повод 138 години од неговот раѓањето, учениците од Основното Училиште “Димитар Миладинов” заедно со своите наставнички по македонски јазик, во соработка со Градската Библиотека “Браќа Миладиновци” организираа погодно чествување во негова чест во библиотеката Стале Попов. Учениците истражуваа за ликот и делото на Крсте Петков Мисирков, за неговиот живот, дејност, активности и дела. Исто така, тие истражуваа за неговото најпознато дело- книгата “За македонцките работи”.  Борбата на Мисирков за зачувување и промовирање на македонскиот јазик е актуелно и во денешно време. Продолжувањето на неговото делото треба да го искажеме и потврдиме со континуирана и упорна борба за зачувување на нашето име, јазик и идентитет.

 Филип Поповски VIII в одделение

ООУ “Димитар Миладинов” – 2012 год.

Меѓупредметно интегрирање на содржините ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ и ФИЗИКА

Published Ноември 11, 2016 by Аида

Една од клучните врски помеѓу овие два наставни предмети се физичките величини и нивните единици мерки.

pizap-com14442432750911

Должина

            Една од основните величини која најчесто ја мериме е должината. Употребуваме разни единици мерки за должина за да ја опишеме местоположбата на игарачот, колку далеку шутира топка, колку високо или далеку скока, фрла ѓуле или  колку долги патеки истрчува….. Должината е важна величина во многу спортови а ја користиме кога го опишуваме просторот во кој има движење.

Основна единица мерка за должина е метар (m). Во секојдневието најчесто ја употребуваме  поголемата единица мерка за должина, километар (km) = 1000 m, како и за помалите, сантиметар (cm) = 0,01m (или 1m = 100 cm) и милиметар (mm) = 0,001 m (или 1m = 1000 mm).

Изминатиот пат или траекторијата на движење на автомобилот претставува скаларна а поместувањето векторска големина. Изминатиот пат е крива линија,  а поместувањето е права линија.

how-about-a-16-mile-high-speed-test-track

Како (изведени) просторни величини, се следниве:
Површина со единица мерка квадратен метар (m2)

plostina

и волумен со единица мерка кубен метар (m3).

volumen

index

Време

           Во тркачките дисциплини времето игра важна улога. Атлетичарот, велосипедистот, автомобилистот, кајакарот… кој има најкусо време од стартот до целта е победник.

Времето е величина која е вградена во правилата на игра: времетраење на натпревар, времетраење на тајм-аут, времетраење за да се изведе накој потег, скок и др.
            Времето се мери во секунди, минути, часови, денови, седмици, месеци, години, децении, векови и милениуми. 

Основна единица мерка за време е секунда (s).

Во секојдневието почесто се употребуваат поголемите единици мерки од секунда: минута (min) – 1 min = 60 s, час (h) – 1 h = 60 min, како и помалите единици мерки како што е милисекунда (0,001 s) и микросекунда(0,000 001 s).

teraz

Маса и инерција

            Како сите тела во природата, така и спортистите настојуваат да ја запазат состојбата на мирување или движење.
Тешко им е да го започнат трчањето или да го запрат во одреден момент. Во механиката ова својството на спортистот се нарекува   инерција.

Мерка за инертност на спортистот е неговата маса. Што поголема маса, потешко ќе се придвижи или запре.

Единица мерка за маса е килограм (kg).

Поголема единица  од килограм е тон (t) = 1000 kg, а помал од килограм е грам (g) = 0,001 kg, (1 kg = 1000 g) и милиграм (mg) = 0,000001 kg (1 kg = 1000000 mg)

 

brzina_i_ubrzanje_imaju_isti_smjer

Брзината и забрзувањето
Брзината е изминат пат (поместување) за одредено време (v=s/t) Единица мерка за брзина е метар во секунда (m/s), Често пати за единица брзина се користи километар на час (km/h), каде 1 m/s = 3,6 km/h или обратно 1 km/h = 0,278 m/s. Забрзувањето претставува промена на брзината во одредено време a=v/t .

Единица мерка за  забрзување е метар во секунда за секунда или  метар во секунда на квадрат (m/s2),). Гравитационото однoсно земјиното забрзување е константно и изнесува приближно 9,81m/s2

fizika2a

Сила

Секоја сила претставува векторска големина и се карактеризира со интензитет, правец, насока и точка на дејствување.

Тежина на тело, реакција на подлога, триење и отпор на воздух или вода се надворешни сили кои постојано дејствуваат на човечкото тело, додека мускулната сила е внатрешна и единствена која е под контрола на централниот нервен систем. Силата во механиката поконкретно е дефинирана со вториот Њутнов закон. Таа претставува производ од масата  на телото и неговото забрзување кое е резултат на дејството на силата (F = m · a). Во меѓународниот метрички систем, единица мерка на сила Њутн (N), што означува производ од 1 kg маса и 1 m/s2 забрзување (1 N = 1 kg  · 1 m/s2)

            Силите кои дејствуваат на човечкото или друго тело може да се прикажат во вид на дијаграм на сили, со што се добива појасна претстава за нивно дејство. Покрај интензитетот на силата кој се одредува со должината на векторот, на дијаграмот се прикажуваат правците, насоките и нападните точки на силите.

kolesar_sile

            Тежината (G) претставува сила која е резултат на дејството на земјината тежа, односно гравитацијата или привлекувањето на телата кон центарот на земјата. Тежината на телата зависат од нивната маса и земјиното забрзување.

G = m · g, земјино забрзување g = 9,81 m/s2.

Единица мерка за тежина е Њутн (N), а 1 kg маса има 9,81 N тежина.,

Тежината на телото е сила која дејствува врз подлогата или справата на кое е обесено телото а е еднаква со силата на тежата, односно гравитационата сила само кога телото е во мирување

            Тежиштето на телото или центарот на гравитација, односно центарот на маса претставува точка на која ако телото би и се потпрело или обесило ќе се одржи во рамнотежа.

8175587

Притисокот се дефинира како дејството на сила на одредена површина, односно p = F/Ѕ.

Тоа значи, ако се дејствува со иста сила на поголема површина, тогаш притисокот ќе биде помал во однос на дејството на истата сила на помала површина.

Единица мерка за притисок е Паскал (Pa = N/m2).

1

images

Најчесто  применувана величина во спортот е момент на сила.
Моментот на сила е дефинирана како производ од силата и кракот на кој дејствува, каде кракот на силата е најкусото (нормално) растојание од центарот на вртење до правецот на силата.

На едно слободно тело (пример топка) ако дејствува сила надвор од тежиштето на телото (ексцентрично), тогаш ефектот на тоа дејство ќе биде транслација заедно со ротација, а ако дејството на силата е во тежиштето на телото (центрично), тогаш ефектот е само транслација.

lopta-520x245

Секое тело кое може да ротира околу една точка (O) што претставува центар на вртење или фиксна оска а ако силата дејствува надвор од оската, тогаш ефектот ќе биде само ротација.

nn

Моментот на силата Mf е еднаков на производот од силата F и кракот “а” односно Mf = F · а.

Единица мерка за момент на сила е њутн-метар (Nm).
Во спортот во важни величини спаѓаат : работа, моќност, потенцијална и кинетичка енергија и др.