Старите македонски имиња на месеците

Published Ноември 30, 2016 by Аида

Старите македонски имиња на месеците биле поврзани со природните циклуси или земјоделските работи кои се случуваат и вршат во периодот на соодветниот месец.

  • Јануари се нарекува коложег – месец во кој се горат голем број дрва.

  • Февруари се наречува сечко – месец на ледот.

  • Март се нарекува цутар – месец на цветањето.

  • Април се нарекува тревен – месец на тревата.

  • Мај се нарекува косар – месец на косењето трева.

  • Јуни се нарекува жетвар – месец на жетвата.

  • Јули се нарекува златец – наликува на златен месец.

  • Август се нарекува житар – месец на житото.

  • Септември се нарекува гроздобер – месец на берењето грозје.

  • Октомври се нарекува листопад – месец на паѓањето листови.

  • Ноември се нарекува студен – првиот многу студен месец.

  • Декември се нарекува снежник – месец на снегот.

    1%d0%b0

Првиот месец во годината е месецот јануари и со него започнува секоја нова година. Што се однесува до астрономијата, на овој датум (1 јануари) во Вселената не се случува ништо значајно, што значи дека празникот 1 јануари или Нова Година е вештачка творба на човекот. Самото име јануари потекнува од името на Римскиот бог Јанус, бог на сите почетоци, па според тоа логично е и месецот јануари да биде почетен месец. Така при оваа реформа месецот октомври, кој во тоа време бил осми месец (што може да се види од неговото име), станува десетти месец, а месецот декември (според името значи десетти) станува дванаесетти месец.

2%d0%b0

Вториот месец е месецот февруари, најкраткиот месец во годината. Февруари има 28 дена и секоја четврта година (секоја престапна година) му се додава уште еден ден – 29. Името февруари е добиено од латинскиот збор fevruaris што значи „да се чисти“. Месецот февруари бил последен месец во годината и тогаш се чистеле храмовите и улиците во чест на доаѓањето на новата година.

3%d0%b0

Месецот март е третиот месец во годината. Тоа е месец на пролетната рамноденица (еквоницијум) и месец кога започнува пролетта. Тогаш Сонцето од јужната преминува на северната полутопка. Името на месецот март потекнува од Римскиот бог на војната Марс.

4%d0%b0

 Април е четвртиот месец во годината и спаѓа во пролетните месеци. Името на месецот во Римската држава бил наменет за божицата Венера. Според едни, името е поврзано со божицита Афродита, а според други, потекнува од латинскиот збор aperire што значи „се отвара“. Претпоставката е дека во месец април цутат (се отвараат) цветовите, па од таму потекнува и името на месецот.
Шеговитоста на месецот потекнува од 1860 година кога 100-тина благородници од Лондон примиле покана да присуствуваат на капењето на белиот лав во едно езеро покрај градот. Многумина се одзвале на поканата, но се покажало дека сепак се работи за шега и дека не постои никаков бел лав.

5Месецот мај е петтиот месец во годината и е можеби најубавиот пролетен месец. Името мај најверојатно го добил по староиталската божица Маја, божица на природата, билките и плодната земја. Во мај се буди природата, растенијата процутуваат, денот е поголем, времето е потопло (без високи температури) и затоа месецот мај е најомилен кај народот.

6 Јуни – месец кога започнува летото на северната полутопка. Летото започнува на 21 или 22 јуни. Денот на северната полутопка е најдолг во годината и во астрономијата е познат уште како летен солстициј (летна повратна точка). Се претпоставува дека името на месецот потекнува од Римската божица Јунони – божица на породувањето и заштитничка на браковите и мажените жени. Јуни има 30 дена.

7

 Седмиот месец во годината е јули. Тој е летен месец и спаѓа во најтоплите месеци во годината. Јули своето име го добил по Римскиот император Јулије Цезар. За време на Помпилиј месецот јули се викал Quintilis (петти месец), но со самата реформа на календарот (во 46 год п.н.е од страна на Јулије Цезар) Римскиот сенат донесува одлука седмиот месец да се нарече Julius во чест на императорот. И самиот Цезар е роден на 12 или 13 јули 100 год. п.н.е. (а убиен во 44 год. п.н.е.).

8

 Осмиот месец во годината е месецот август. Спаѓа во летните месеци и, како и јули, е еден од најтоплите месеци. За време на Римската империја името на месецот било Sextilis, што значи „шести месец“ и имал 29 дена. Но, во осмата година пред Христа, Римскиот сенат донесува одлука овој месец да се преименува во Augustus во чест на Октавијан Август, посвоениот син на Јулије Цезар и прв Римски цар. За време на реформата од страна на Цезар, на месецот Август му е додаден уште еден ден, а по преименувањето од Sextilis во Augustus месецот добива уште еден ден (кој е одземен од февруари) и така се доаѓа до бројката од 31 ден.

9

 Деветтиот месец во годината е септември. Со овој месец започнува есента и тоа околу 23-от ден во месецот. Во овој месец се забележува дека деновите стануваат пократки и постудени. Во астрономијата е важен заради есенската рамноденица, кога Сонцето од северната се префрла на јужната полутопка и со тоа почнува есента. Името на месецот потекнува од зборот septem што значи „седми месец“ (во римско време тој и бил седми месец). При реформата на Цезар на месецот септември му се додадени два дена, така да месецот имал 31 ден. Во осмата година п.н.е., при преименувањето на месецот Sextilis во Augustus, месеците јули, август и септември имале по 31 ден. Сенатот не можел да си дозволи три месеци по ред да имаат по 31 ден и затоа решиле на септември да му скратат еден ден. Јули и август биле поштедени затоа што ги носеле имињата на Јулије Цезар и неговиот посвоен син.

10

Десеттиот месец во годината е месецот октомври. Тоа е класичен есенски месец. Од астрономски аспект во овој месец не се случува ништо позначајно. Деновите се доста пократки од ноќта, а времето е постудено. Името на месецот потекнува од латинскиот збор oktober што во превод значи „осми месец“. За време на владеењето на Помпилиј, октомври имал 30 дена. Но, при преименувањето на Sextilis во Augustus и при појавата на трите месеци по ред со по 31 ден (јули, август и септември) од месецот септември е одземен еден ден и е додаден на октомври. Од тогаш, октомври има 31 ден.

11

Единаесеттиот месец во годиата е ноември. Ноември е типичен есенски месец, со кратки денови и појава на првиот мраз. Името на месецот потекнува од латинскиот збор novem што значи девет. Во првобитниот календар на Помпилиј, овој месец бил деветти месец во годината. Во почетокот, месецот имал 29 дена, но со реформата на Цезар на овој месец му се додадени два дена. Па така, сe до 8 год. п.н.е. овој месец имал 31 ден. Но, повторно при преименувањето на Sextilis во Augustus, за да не се појават два месеца по ред кои ќе имаат по 31 ден, од ноември е одземен еден ден и додаден на последниот месец – декември.

12

Дванаесеттиот месец, а воедно и последен во годината, е месецот декември. Декември е зимски месец. Од астрономски аспект месецот е важен затоа што околу 22-от ден од месецот започнува зимата, односно Сонцето се наоѓа во зимскиот солстициј (зимска повратна точка). Со почетокот на зимата и денот е најкраток за сметка на ноќта. Името на месецот потекнува од латинскиот збор decem што во превод значи десет (месецот декември за време на Помпилиј бил десетти по ред).

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: