Дедо Мраз – Св. Никола

Published Декември 18, 2016 by Аида

santa-claus-wallpaper-1

Дедо Мраз

      Дедо Мраз е личност која им носи подароци на децата за Бадник, Божиќ, за Свети Никола (во западна култура) или за Нова година (во источноевропски земји). Некои веруваат дека Дедо Мраз потекнува од Христијанството, други веруваат дека е митскиот бог Один, а некои пак мислат дека токму компанијата Кока Кола го измислила во раните години на ХХ век за да им се зголеми продажбата на нивниот производ преку зимскиот период. Во рано – христијанскиот период Дедо Мраз бил христијанскиот бискуп Св. Никола од Мира. Tој им давал подароци на сиромашните жени да можат да соберат чеиз и што побрзо да пронајдат сопруг.

Во Белгија и Холандија се претпоставува дека Дедо Мраз е скандинавскиот бог Один, бог на мудроста, војната и смртта. Легендата вели дека Один правел забави за другите богови за време на божиќните празници за да им дадат почит на паднатите воини, а дека тој на забавата пристигал јавајќи го неговиот коњ Слепнир. Децата во овие држави имаат обичај во нивните чорапи да ставаат слама, моркови или шеќер за коњот на Один, за кои пак, тој им возвраќал со подароци кои им ги оставал во ноќта додека спијат.

Народните приказните од  јужна Австрија и северна Италија го опишуваат Дедо Мраз како страшно и ужасно чудовиште кое направило многу гревови и да му се простат гревовите цел живот мора да разнесува подароци на сите деца ширум светот.

Во Британската верзија Дедо Мраз или Таткото Божиќ, бил брадест човек облечен во волнен зелен капут. Во Америка пак, Дедо Мраз, е весел старец кој во придружба на неговите ирваси им разнесува подароци на децата за Божиќ.

Денешниот Дедо Мраз живее во Лапонија со својата сопруга. Преку цела година, со голема помош од џуџињата, изработуваат подароци за сите добри деца ширум светот. Доколку сте биле добри можете да му пишувате:

Santa Claus

Arctic Circle

96930 Rovaniemi

Finland

santa

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: