Архиви

All posts for the month Јануари, 2017

Проектни активности – “Зајакнување на еколошкото образование”

Published Јануари 29, 2017 by Аида

proekt%d0%b0%d0%ba%d1%82

proekt1

Зајакнување на еколошкото образование и образованието за климатски промени е целта на проектните активности во основното образование, a се надевам дека ќе невлезе и во сите пори од образовниот систем.

Целта на проектните активности  е да се укаже дека климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори, сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници.

Постои голема потреба од  позитивно рециклирање на цивилизацијата, потреба од политика на глобален развој, почитување меѓу луѓето и почитување на природата – враќање во состојба на природна рамнотежа.

Преку овие еколошки проекти  скоро  две децении учиме етика и етички начин на живеење. Резултатите се минимални зошто немаме поддршка од опкружувањето за да создадеме услови за остварување на стабилна еко – економија (Замена на горивата со алтернативни еко – извори на енергија, замена на моторите со внатрешно согорување на фосилни горива (нафтени деривати и гас) со мотори на електрична енергија , во производството и индустријата замена на потрошните продукти со рециклирани продукти.)

1010099_828137333878461_1458726913_n

1489199_828118710546990_1933924354_n

1618694_828120040546857_449734967_n

1619107_828120667213461_867579702_n

1689086_828177103874484_626493201_n

1724248_828185380540323_1859621622_n

1779715_828154940543367_602315955_n

1795569_828119240546937_979353874_n

1800451_828177150541146_7106325_n

1896918_828155080543353_1701915769_n

1901694_828155677209960_1199553176_n

1908256_828117233880471_1272512969_n

1911889_828137640545097_1072640057_n

1940018_828116407213887_30735092_n

1970522_828115077214020_1639839305_n

13087154_1394602580565264_3818804630138554559_o

13173197_1394602593898596_8388907131202114687_o

13122948_1394602260565296_1939543504644808619_o

12957532_1375294279162761_5174982084492803864_o

12973104_1373413196017536_7151167436569043994_o

12973285_1372922096066646_6301410958467666127_o

12977009_1373413282684194_2512834481277814190_o

12977197_1372040566154799_7827558612215006582_o

12977219_1372035539488635_7140508605481838843_o

13043373_1385212361504286_4499569923559241553_n

13063321_1384346561590866_3684249629862922474_o

14379674_1541965662495621_9023799247747065282_o

14424890_1541960989162755_7184426946547662644_o

aida-jpg

27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот

Published Јануари 27, 2017 by Аида

holocaust-never-again

Во март 1943 година за само неколку дена окупациските сили во Македонија извршиле низа рации во Скопје, Битола и Штип – било собрано еврејското население, 7144 Евреи, префрлено во Скопје од каде во три групи е депортирано во концентрационите логори на смртта.

На 27 Јануари 1945, руската Црвена Армија влезе во кампот Аушвиц Биркенау, ослободувајќи ги преостанатите 7000 заробеници, кои повеќето беа болни или умираа.

СС – овците присилија скоро 60000 заробеници да го евакуираат кампот и да се качат на  неславните “Смртни Маршови” во кои илјадници ги загубија нивните животи.

Генералниот состав на Обединетите Нации ја предаде Резолуцијата 60/7 на 1.  Ноември 2005 за да се признае 27 Јануари како Интернационален ден на Комеморација во сеќавањето на жртвите на Холокаустот, денот на кој ке се обележуваат и сеќаваат жртвите на Холокаустот.

holocaust

Програми за изработка на постери

Published Јануари 25, 2017 by Аида

MICROSOFT OFFICE PUBLISHER e аједноставен програм за изработка на постери.

4-2

ONLINE – бесплатни програми за изработка на постери се:

photovisi-download

https://www.photovisi.com/

posteroven-20170125161607

http://www.posteroven.com/

motivator0fefbc3f0a3097bce4de96c838ea0396cdd499a2

http://bighugelabs.com/motivator.php

aaa

http://aidafizika.edu.glogster.com/physics-9747

 

4-1

http://www.pizap.com/pizap-app.php?initialstate=collage&width=1024&var1=

Професионални алатки за изработка на постери се:

Photoshop

CorelDRAW

и др.

Ви се нуди и голем избор на   POSTER SOFTWAR:

http://www.postersw.com/poster.htm

http://www.postersw.com/publish.html

http://www.postersw.com/present.htm

https://easy-poster-printer.en.softonic.com/

https://2ra5-downloads.phpnuke.org/en/c113542/poster-designer

и др.

1

2

5

6

7

posteroven-20170125202835

СНЕГ

Published Јануари 19, 2017 by Аида

pizap-com14847913127961

Што е снег?

Кога водата во облаците смрзнува, се формираат кристали. Кристалите на мраз се формираат околу мали парчиња нечистотија кои ветерот ги однел во атмосферата. Кристалите на мраз се лепат заедно и формираат снегулки. Кога снегулките ќе станат доволно тешки паѓаат на Земјата како снег. Секоја снегулка е сочинета од 2 до 200 различни кристали.

dsc_0619

Каква боја е снегот?

Верувале или не, снегот е всушност проѕирен. Нам ни се чини дека снегот е бел, бидејќи кристалите се однесуваат како призма, и ја прекршуваат светлината на сонцето во целиот спектар на бои. Човековото сетило за вид не е способно да се справи со таа преголема информација, па затоа снегот ни изгледа бел или понекогаш син. Каква боја е снегот, исто така зависи и од околината. Доколку почвата е црвена, снегот изгледа розов. Ветерот ја дува црвената прашина во облаците, а тоа влијае на бојата на снегот.

dsc_0624

Колкава е големината на една снегулка?

Поголем дел од снегулките се помали од 1,5цм. во дијаметар. Најголемата забележана снегулка има должина од 38цм. во дијаметар. Сите снегулки имаат шест страни, и нема две исти снегулки.

dsc_0626

Колку форми на снегулки постојат?

Научниците сметаат дека има пет различни облици на снежни кристали. Долгнавеста форма, шупла колона во облик на шестаголна призма, мали и сплеснати шестаголни плочи, шестаголни ѕвезди и комплициран дендрит.

pizap-com14844171754331

Поради што се формираат различните форми?

Формата на кристалот зависи од температурата на која се формирани. Кога температурата е од 2°C до -2°C се формираат мали и сплеснати шестаголни плочи, од -2°C до -6°C се формираат долгнавести форми, на температура од -6°C до -10°C се формираат шупли колони, од -10°C до -14°C шестаголни ѕвезди и од -14°C до -18°C се формираат дендрити. Највоздушестиот снег се формира на -7°C.

Никола Теслa

Published Јануари 8, 2017 by Аида

tesla_circa_1890_slideshowТочно на Божик 1943 година во хотелот Њујоркер каде што ги мина последните 10 години од животот, почина Никола Теслa.
Последните години од животот Тесла ги поминал повлечено, дружејќи се најмногу, по сè изгледа, со гулаби. Откако го напуштил овој свет во екот на Втората светска војна, на самиот почеток на 1943 година, Тесла на 12 јануари е погребан на гробиштата во Њујорк, после опелото отслужено во српската соборна црква Свети Јован Богослов на Менхетн.
Наследството на Тесла е донесено во Белград врз основа на одлуката на американските судски власти, откако за единствен наследник е прогласен неговиот внук, југословенскиот дипломат Сава Косановиќ.
Никола Тесла е роден на 10 јули во Смилјан, во Лика, тогаш Воена граниа во склоп на Австрија. Роден е во семејството на Милутин Тесла, свештеник на Српската црква (тогаш Карловачка митрополија). Неговата мајка Ѓука исто така потекнува од свештеничко семејство – Мандиќ од околината на Грачац.
Школувањето го започнал во родното место, Смилјан, го продолжил во Госпиќ и Карловац, студирал во Грац и Прага, но никогаш не ги завршил студиите. Пред 1884 година, кога тргнал кон САД, работел во Марибор, Пешта, Стразбур и Париз.
Ја напуштил Европа со надеж дека во Њујорк, тогаш славниот иноватор и индустријалец Томас Алва Едисон, за чија компанија работел уште во Париз, ќе му помогне да ги реализира неговите технички иновации.
Меѓутоа, во компанијата на Едисон останал помалку од една година и уште во 1885 година во Њујорк ја основал сопствената компанија „Тесла“ и започнал со првите модели предвидени за користење на наизменична струја – иновација која го преобрази светот. Инаку, Едисон бил голем противник на изумот на Тесла, бидејќи во производството на еднонасочна струја претходно вложил голем капитал.
Тие години во новосадски „Браник“ се појавил првиот текст на српски за изумите на Тесла. Авторот на текстот тогаш го нарекол „српски Едисон“.
Самиот тесла бил извор на инспирација за многу книжевници, филмски и други уметници. За него се напишани бројни книги, а на големото платно го играле од Дејвид Боуви до Џон К. Рајли.
По Тесла е наречена мерната единица за јачината на магнетното поле.

Галилео Галилеј

Published Јануари 8, 2017 by Аида

1599049_799913206700874_466394186_o

На 8 јануари 1642 г. почина Галилео Галилеј, еден од татковците на модерната наука. Односно, на практиката на внимателно истражување на природата врз основа на докази. Поради страстите кон оваа практика, Галилеј не уживаше за време на животот.
Знаете ли дека Галилео Галилеј е роден во Пиза? Сте чуле ли дека токму од Кривата кула ги изведувал своите експерименти за брзината на тело кое паѓа?
Галилео бил бранител на вистината во период на верски фанатизам и прогон. Неговата приврзаност кон разумот и набљудувањето, рушејќи векови на догматски претпоставки, помогнала да се поплочи патот за европското просветителство во 18-от век. Покрај тоа, неговите методи трајно го преиначија практикувањето на науката, а неговите дела ги поставија темелите за големите теории на Њутн и Ајнштајн.
Галилео Галилеј, (1564 – 1642), еден од клучните ликови во научната револуција во 16-от и 17-от век, помогнал да се преиначи начинот на кој луѓето гледале на светот и универзумот. Физичар, математичар и астроном, Галилео направил суштински откритија за природата на движењето и движењето на планетите. Ја открил важноста на експериментирањето и сметал дека физичкиот свет најдобро може да се разбере преку математиката. Неговото инсистирање дека универзумот треба да се разгледува со разум и докази го довело во конфликт со Црквата, но неговите откритија ја надживеале инквизицијата која се трудела да ги потисне.
Таткото на Галилеј бил музичар и најверојатно му помогнал во експериментите со затегнатоста и висината на звукот на жиците. Неговото формално образование се одвивало на универзитетот во Пиза, каде се запишал во 1581 година, за да учи медицина. И покрај негодувањето на татко му, Галилео го поминувал времето учејќи математика и го напуштил универзитетот без диплома во 1585 година. Галилео продолжил да изучува математика следните четири години, заработувајќи пари како тутор се додека не добил функција на универзитетот во 1589 година. Во овој период ја докажал теоријата за брзината на предметите што паѓаат, пуштајќи тегови од кривата кула во Пиза.
Неговите нестандардни погледи го довеле во конфликт со универзитетот и во 1592 година Галилео бил принуден да се пресели во Падова, каде предавал до 1610 година. Осакатен со финансиските трошоци на семејството по смртта на татко му, Галилео заработувал дополнително пари продавајќи домашно изработени шестари и давајќи приватни часови. Во 1609 година Галилео чул за чудна направа измислена во Холандија со која далечните предмети можеле да се видат одблиску. Станува збор за телескопот и Галилео веднаш почнал да си гради свој. За една година го истражувал небото со направа што му овозможувала 20 пати зголемен поглед. Тоа бил важен момент во неговата кариера. Со својот телескоп Галилео ги открил четирите месечини на Јупитер и забележал дека нивните мени укажуваат на тоа дека орбитираат околу Јупитер. Овој доказ го нарушил птоломејскиот модел на универзумот одобрен од црквата, во кој сите небесни тела орбитираат околу Земјата. Галилео забележал и ѕвезди што биле невидливи за голо око. Веднаш ги објавил наодите во кратка книга посветена на еден од неговите славни ученици, Козимо II Медичи, војводата на Фиренца. Како награда, Козимо триумфално го вратил во Тоскана. Со поголема финансиска слобода Галилео можел бргу да истражува. Ги изучувал прстените на Сатурн и открил дека Венера, како и Месечината, имала мени – показател дека се движела околу Сонцето. Овие откритија го посветиле кон теоријата – предложена од Никола Коперник еден век претходно – дека Сонцето, а не Земјата, е средиште на универзумот.

Индекс за квалитет на воздух

Published Јануари 4, 2017 by Аида

Индексот за квалитет на воздух се користи за опис на квалитетот на воздухот на едноставен начин преку лесно разбирлива колор шема. Се заснова на средни часовни вредности на концентрациите на загадувачките супстанции, и дава карактеризација на квалитетот на воздухот.

Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот.

Овој индекс за квалитет на воздух е развиен преку Заеднички информации за воздух во Европа (CITEAIR) проекти финансирани од Европската унија (http://www.airqualitynow.eu/index.php)

Колор шемата соодветствува со нивоата на концентрација.

  SO2 NO2 PM10 PM2.5 O3 CO
Многу високо 500- 400- 180- 110- 240- 20-
Високо 350-500 200-400 90-180 55-110 180-240 10-20
Средно 100-350 100-200 50-90 30-55 120-180 7.5-10
Ниско 50-100 50-100 25-50 15-30 60-120 5-7.5
Многу ниско 0-50 0-50 0-25 0-15 0-60 0-5


Концентрациите се во µg/m3 освен за CO каде што се во mg/m3

http://mojvozduh.eu/web/#draw?location=Centar&type=PM10

Превземено од МЖСПП