Галилео Галилеј

Published Јануари 8, 2017 by Аида

1599049_799913206700874_466394186_o

На 8 јануари 1642 г. почина Галилео Галилеј, еден од татковците на модерната наука. Односно, на практиката на внимателно истражување на природата врз основа на докази. Поради страстите кон оваа практика, Галилеј не уживаше за време на животот.
Знаете ли дека Галилео Галилеј е роден во Пиза? Сте чуле ли дека токму од Кривата кула ги изведувал своите експерименти за брзината на тело кое паѓа?
Галилео бил бранител на вистината во период на верски фанатизам и прогон. Неговата приврзаност кон разумот и набљудувањето, рушејќи векови на догматски претпоставки, помогнала да се поплочи патот за европското просветителство во 18-от век. Покрај тоа, неговите методи трајно го преиначија практикувањето на науката, а неговите дела ги поставија темелите за големите теории на Њутн и Ајнштајн.
Галилео Галилеј, (1564 – 1642), еден од клучните ликови во научната револуција во 16-от и 17-от век, помогнал да се преиначи начинот на кој луѓето гледале на светот и универзумот. Физичар, математичар и астроном, Галилео направил суштински откритија за природата на движењето и движењето на планетите. Ја открил важноста на експериментирањето и сметал дека физичкиот свет најдобро може да се разбере преку математиката. Неговото инсистирање дека универзумот треба да се разгледува со разум и докази го довело во конфликт со Црквата, но неговите откритија ја надживеале инквизицијата која се трудела да ги потисне.
Таткото на Галилеј бил музичар и најверојатно му помогнал во експериментите со затегнатоста и висината на звукот на жиците. Неговото формално образование се одвивало на универзитетот во Пиза, каде се запишал во 1581 година, за да учи медицина. И покрај негодувањето на татко му, Галилео го поминувал времето учејќи математика и го напуштил универзитетот без диплома во 1585 година. Галилео продолжил да изучува математика следните четири години, заработувајќи пари како тутор се додека не добил функција на универзитетот во 1589 година. Во овој период ја докажал теоријата за брзината на предметите што паѓаат, пуштајќи тегови од кривата кула во Пиза.
Неговите нестандардни погледи го довеле во конфликт со универзитетот и во 1592 година Галилео бил принуден да се пресели во Падова, каде предавал до 1610 година. Осакатен со финансиските трошоци на семејството по смртта на татко му, Галилео заработувал дополнително пари продавајќи домашно изработени шестари и давајќи приватни часови. Во 1609 година Галилео чул за чудна направа измислена во Холандија со која далечните предмети можеле да се видат одблиску. Станува збор за телескопот и Галилео веднаш почнал да си гради свој. За една година го истражувал небото со направа што му овозможувала 20 пати зголемен поглед. Тоа бил важен момент во неговата кариера. Со својот телескоп Галилео ги открил четирите месечини на Јупитер и забележал дека нивните мени укажуваат на тоа дека орбитираат околу Јупитер. Овој доказ го нарушил птоломејскиот модел на универзумот одобрен од црквата, во кој сите небесни тела орбитираат околу Земјата. Галилео забележал и ѕвезди што биле невидливи за голо око. Веднаш ги објавил наодите во кратка книга посветена на еден од неговите славни ученици, Козимо II Медичи, војводата на Фиренца. Како награда, Козимо триумфално го вратил во Тоскана. Со поголема финансиска слобода Галилео можел бргу да истражува. Ги изучувал прстените на Сатурн и открил дека Венера, како и Месечината, имала мени – показател дека се движела околу Сонцето. Овие откритија го посветиле кон теоријата – предложена од Никола Коперник еден век претходно – дека Сонцето, а не Земјата, е средиште на универзумот.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: