Никола Теслa

Published Јануари 8, 2017 by Аида

tesla_circa_1890_slideshowТочно на Божик 1943 година во хотелот Њујоркер каде што ги мина последните 10 години од животот, почина Никола Теслa.
Последните години од животот Тесла ги поминал повлечено, дружејќи се најмногу, по сè изгледа, со гулаби. Откако го напуштил овој свет во екот на Втората светска војна, на самиот почеток на 1943 година, Тесла на 12 јануари е погребан на гробиштата во Њујорк, после опелото отслужено во српската соборна црква Свети Јован Богослов на Менхетн.
Наследството на Тесла е донесено во Белград врз основа на одлуката на американските судски власти, откако за единствен наследник е прогласен неговиот внук, југословенскиот дипломат Сава Косановиќ.
Никола Тесла е роден на 10 јули во Смилјан, во Лика, тогаш Воена граниа во склоп на Австрија. Роден е во семејството на Милутин Тесла, свештеник на Српската црква (тогаш Карловачка митрополија). Неговата мајка Ѓука исто така потекнува од свештеничко семејство – Мандиќ од околината на Грачац.
Школувањето го започнал во родното место, Смилјан, го продолжил во Госпиќ и Карловац, студирал во Грац и Прага, но никогаш не ги завршил студиите. Пред 1884 година, кога тргнал кон САД, работел во Марибор, Пешта, Стразбур и Париз.
Ја напуштил Европа со надеж дека во Њујорк, тогаш славниот иноватор и индустријалец Томас Алва Едисон, за чија компанија работел уште во Париз, ќе му помогне да ги реализира неговите технички иновации.
Меѓутоа, во компанијата на Едисон останал помалку од една година и уште во 1885 година во Њујорк ја основал сопствената компанија „Тесла“ и започнал со првите модели предвидени за користење на наизменична струја – иновација која го преобрази светот. Инаку, Едисон бил голем противник на изумот на Тесла, бидејќи во производството на еднонасочна струја претходно вложил голем капитал.
Тие години во новосадски „Браник“ се појавил првиот текст на српски за изумите на Тесла. Авторот на текстот тогаш го нарекол „српски Едисон“.
Самиот тесла бил извор на инспирација за многу книжевници, филмски и други уметници. За него се напишани бројни книги, а на големото платно го играле од Дејвид Боуви до Џон К. Рајли.
По Тесла е наречена мерната единица за јачината на магнетното поле.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: