СНЕГ

Published Јануари 19, 2017 by Аида

pizap-com14847913127961

Што е снег?

Кога водата во облаците смрзнува, се формираат кристали. Кристалите на мраз се формираат околу мали парчиња нечистотија кои ветерот ги однел во атмосферата. Кристалите на мраз се лепат заедно и формираат снегулки. Кога снегулките ќе станат доволно тешки паѓаат на Земјата како снег. Секоја снегулка е сочинета од 2 до 200 различни кристали.

dsc_0619

Каква боја е снегот?

Верувале или не, снегот е всушност проѕирен. Нам ни се чини дека снегот е бел, бидејќи кристалите се однесуваат како призма, и ја прекршуваат светлината на сонцето во целиот спектар на бои. Човековото сетило за вид не е способно да се справи со таа преголема информација, па затоа снегот ни изгледа бел или понекогаш син. Каква боја е снегот, исто така зависи и од околината. Доколку почвата е црвена, снегот изгледа розов. Ветерот ја дува црвената прашина во облаците, а тоа влијае на бојата на снегот.

dsc_0624

Колкава е големината на една снегулка?

Поголем дел од снегулките се помали од 1,5цм. во дијаметар. Најголемата забележана снегулка има должина од 38цм. во дијаметар. Сите снегулки имаат шест страни, и нема две исти снегулки.

dsc_0626

Колку форми на снегулки постојат?

Научниците сметаат дека има пет различни облици на снежни кристали. Долгнавеста форма, шупла колона во облик на шестаголна призма, мали и сплеснати шестаголни плочи, шестаголни ѕвезди и комплициран дендрит.

pizap-com14844171754331

Поради што се формираат различните форми?

Формата на кристалот зависи од температурата на која се формирани. Кога температурата е од 2°C до -2°C се формираат мали и сплеснати шестаголни плочи, од -2°C до -6°C се формираат долгнавести форми, на температура од -6°C до -10°C се формираат шупли колони, од -10°C до -14°C шестаголни ѕвезди и од -14°C до -18°C се формираат дендрити. Највоздушестиот снег се формира на -7°C.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: