Збирки прашања и задачи со тестови и активности

Published Септември 5, 2017 by Аида

190_38_43_11__31__8_2017nelson физика zbirka 8.jpg

764_38_37_13__31__8_2017nelson-физика-zbirka-9.jpg

За полесен премин на учениците од основно во средно образование!

Ова издание претставува надополнување и проширување на новата предвидена програма по физика за деветто одделение во основното образование донесена од Министерството за образование и наука на Р. Македонија, а во согласност со програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Збирката има за цел да го прошири знаењето на учениците и да ги подготви за наставните содржини по физика во средното образование. Прашањата и задачите во оваа збирка имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Воедно, бројните прашања и задачи во оваа збирка можат да послужат и за подготовка на учениците за различни тестирања и натпревари.
Збирката се состои од неколку теми што зпочнуваат со краток вовед и проширување на материјалот предвиден со новата адаптирана наставна програма. Следејќи го редоследот на наставните цели на наставната програма, дадени се прашања за повторување кои што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематско знаење предвидено за секој час. За секој тематски дел, дадени се дополнителни прашања и задачи, како и тестови предвидени да го сумираат и оценат знаењето на учениците за одредени теми. Тестовите можат да служат за подготовка на учениците за тестирање, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. Дадени се примери и за полугодишни и годишни тестови. На крајот од збирката, наведени се и по неколку активности за поттикнување на критичкото размислување кај учениците и примената на стекнатите знаења, паралелно со научно-истражувачките вештини.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: