
МОРЗЕОВА АЗБУКА
Во 1836 година, Семјуел Морзе открил електричен телеграфски систем. Пред појавата на телефоните, овој телеграфски систем можел да праќа пораки на големи далечини, преку електрични пулсирања, кои и сигнализирале на една машина да испишува знаци на движечка хартиена лента.
За да се преведат овие знаци кои биле испишувани на хартијата, била потребна посебна азбука. Морзе ја измислил првата врзија на азбуката. Таа била составена само од броеви, но наскоро била проширена со неколку букви и симболи, како што се точките.
Во Морзеовата азбука, секој број, буква или симбол бил претставен со посебна секвенца на кратки и долги електрични сигнали, наречени „точки“ и „цртки“. На најчесто употребувани букви им биле назначени пократки секвенци од точки и цртки. На пример, најупотребуваната буква во англискиот јазик, буквата „е“, била претставена само со една точка.
Телеграфски машини испуштале звуци, како „клик“, додека ги испишувале знаците. Со тек на време хартиената летна станала непотребна. Операторите кои работеле на телеграфските машини, сватиле дека би можеле да ги толкуваат „кликовите” и започнале да ја совладуваат Морзеовата азбука и како јазик.
Денес, со Морзеовата азбука можеме да праќаме пораки на било кој начин: преку светла, звуци, точки и цртки.
Морзеовата азбука била од големо значење за време на Втората Светска Војна. Таа била користена како стандард за прекуморска комуникација се до 1999 година.
Мозеовата азбука била многу популарна кај аматерските радио оператори низ целиот свет. До ден денес, често се користи како средство за комуникација во случај на опсасност и може да се праќа на различни начини.
Меѓународниот знак за помош е SOS. Овој знак, протолкуван со Морзеовата азбука гласи:
. . . _ _ _ . . .
Овој сигнал за прв пат бил користен од германската влада во 1905 година и оттогаш е прифатен како интернационален сигнал за повикување помош, најмногу поради неговата едноставност. Трите точки ја означуваат буквата „S“, а трите цртички ја означуваат буквата „О“.








Европска недела на кодирање 2017

















