Архиви

All posts for the month Ноември, 2017

НОЕМВРИ МЕСЕЦ НА НАУКАТА

Published Ноември 25, 2017 by Аида

Ученици од ООУ “Димитар Миладинов” Општина Центар Скопје наградени на манифестацијата Ноември месец на науката

Манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ е во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонското биолошко друштво, Друштвото на физичарите, Македонското географско друштво, Македонското астрономско друштво, Македонското еколошко друштвo и Природно-математичкиот факултет.
Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, хемија, физика, биологија, географија и математика и се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На 18 и 19 ноември физичарите од ООУ “Димитар Миладинов” предводени од наставничката Аида Петровска, во конкуренција над стотина ученици од осми и деветти одделенија освоија 5 награди. Ира Делевска, Ива Бојаџиева, Марко Ракиќевиќ, Искра Николовска, Анастасија Алексова, освоија трета награда, а Матеј Куновски се искачи на врвот со освојување на првата награда.

2

DSCN7192

DSCN7187

DSCN7048

DSCN7037

DSCN6996

DSCN6982

DSCN6975

DSCN6931

DSCN6876

DSCN6851

DSCN6840

DSCN6817

DSCN6579

DSCN6456

DSCN6448

DSCN6422

DSCN6412

DSCN6406

DSCN6401

DSCN6383

DSCN6368

DSCN6335

23632492_2160613567297491_1363493515783142484_o

23674912_2160600657298782_3241395316523411297_o (1)

 

ДЕН НА ФИБОНАЧИ 1.1.2.3

Published Ноември 23, 2017 by Аида

1.1.2.3 –  (23 ноември),

Фибоначи

0, 1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89, 144, 233, 377, 610…

ca81f82d0471b64046feb234b40b6f52

Леонардо Фибоначи починал околу 1250 година, најверојатно од природна смрт. Неговиот придонес на математиката и науката е исклучително голем и траен. Неговата низа на броеви со текот на времето станува и актер на популарната култура, кој се појавува во многу филмови, книги и песни. Да наведеме само еден, посвеж пример. Во „Кодот на Да Винчи“ токму оваа низа на броеви се употребува како шифра за отворање на сефот.

 20140529-fibonachievata-niza-i-zlatniot-presek-vo-prirodata-1

Творецот на најпознатата низа на броеви која може да се примени во многу области на науката и уметноста, е најталентираниот математичар на средниот век, кој со своите книги ги пренесе сите тогаш познати источни знаења за алгебрата и аритметиката, во време кога во Европа не се употребуваа дури ни арапски бројки.

Леонардо Пизано Боначи, познат и како Леонардо од Пиза, Леонардо  Биголо, како себе се нарекуваше, или најпознато – Леонардо Фибоначи, се родил околу 1170 година во семејство на богат италијански трговец, Гиљермо Боначи, секретар на Република Пиза и управител на трговската колонија Буџа во Алжир која била во власт на Пиза. Токму татко му ќе влијае на Фибоначиевото математичко образование, кога со себе го носи во Алжир, за таму да научи да смета и да го научи арапскиот систем на бројки кои се уште не се употребувале во Европа. Патувањето на Фибоначи тука не завршува. Ќе помине време во земјите на медитеранското крајбрежје, Египет, Сирија, Грција, Сицилија и Прованса, и така стекнува знаење од различни математички техники. Ќе сфати дека хунду-арапскиот систем на броеви е поедноставен од европскиот, а времето го минува учејќи од најпознатите арапски математичари. Во Пиза се враќа во 1200., и тука почнува да ги објавува своите дела. Напишал многубројни важни текстови, кои играле важна улога во оживувањето на древните математички вештини. Во своето најпознато дело „Книга за пресметувањето“ (или Liber Abaci), која ја напишал во 1202 година, го глорифицирал хинду-арапскиот систем на броеви. Зборува за девет знаци, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, 1 на кои со употребата на знакот нула може да се напише било кој број, ја објаснува природата на овие броеви, употребата во пресметувањето и применливоста во практичните трговски работи. Бидејќи Фибоначи создавал пред пронаоѓањето на Гутенберговата печатарска преса, многу од неговите дела не се сочувани, освен неколку преписки на книги кои денес ги знаеме, покрај најпознатата „Книга за пресметувањето“. За жал, неговата книга за комерцијалната аритметика и коментарот за десеттата книга на Еуклидовите елементи со расправите за ирационалните броеви, загубени се. Фибоначиевата работа станала славна меѓу неговите современици, така овој математичар дошол и до пријателството со императорот Фредерико II, кој му станува голем почитувач на делото и заштитник. По 1228., од Фибоначи постои само еден официјален документ, издаден од Република Пиза во 1240 година, а со кој се доделува плата на „сериозниот и учен учител, Леонардо Биголо”. Со тоа, препознаен е неговиот придонес во подучување на граѓаните.

goldennumbers1b

Фибоначиевата низа и златниот пресек

 fibonacci-shell

   Тоа по што денес е најпознат Фибоначи е таканаречената „Фибоначиева низа”, која е составена од низа броеви кои почнуваат со 0 и 1, а збирот на двете претходни секогаш го дава следниот број. На тој начин се добива низа на броеви 0, 1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89, 144… Фибоначи на посебен начин дошол до откритието на низата, истражувајќи ги законите за размножување на животните, а особено зајаците. Дури во 19 век оваа низа на бројки Едвард Лукс ја нарекол „Фибоначиеви броеви“. Денес е познато дека токму овие бројки играат голема улога во многу од природните процеси, како што е распоредувањето на листовите околу стеблото на билката, создавање на природни спирали кои ги сретнуваме насекаде околу нас, од закривеноста на брановите, или куќичките на полжавите, па се до самиот Млечен пат.

Со цртање на правоаголник според правилата на низата на Фибоначи, можеме повторно да дојдеме до спирала, а со низа на тие правоаголници кои имаат строго правило секој од нив да има страна со должина еднаква на збирот на двата последователни броеви од низата, доаѓаме и до златниот пресек, кој често се употребува во уметноста и архитектурата и се смета за врвно достигнување во пропорцијата, уште од античките времиња. Во ренесансата златниот пресек е нарекуван “божествена пропорција” и “златна тајна” , која владеела со архитектурата, сликарството, но која владеела и со пропорциите на човечкото тело.

Hokusai-Meets-Fibonacci-Golden-Ratio_art

DSCN7211

DSCN7208

DSCN7221

DSCN7222