До 1929 година се користило арапско писмо и арапски зборови но по реформата од 1929 година турскиот јазик се чисти од арапските зборови, ги враќа сопствените и воведува латиница . Во турскиот јазик постојат 29 букви. Правилото на читање е идентично како кај нас – се чита како што и се пишува. Букви од турскиот алфабет се:
Cc- е буква помеѓу нашето Ѓ и Џ. На пример CAN (душа) , се чита како тврдо Ѓ.
Çç- е мешавина од буквите Ќ и Ч. На пример Çiçek(cveće) ili Çok (полно, силно, многу)
Ğğ- е чудна буква која не се чита и служи да направи растојание, ја продолжува самогласката која се наоѓа пред него . На пример: SAĞOL (благодарам) се чита како саа-ол или DEĞİL (негација НЕ), се чита како дее(ј)ил, оваа Ј скоро и не се слуша, дури не е задолжително да се изговори.
Iı- се чита како англиски прилог А или кога ќе речете КРВ, помеѓу К и Р се појавува некаков глас кој одговара на оваа турска буква. Тука и големата и малата буква се пишуваат без точка, на пример: kapı (врата)
İi- е идентично со нашето И, идентични се со претходната буква, само што имаат точки. На пример: Kedi (мачка)
Jj- одговара на нашето Ж, само е малку помеко. На пример: Japonya(Јапонија).
Öö- е буква идентична со германската.Отворате уста да кажете О, устата е помалку отворена, а јазикот го местите кон непцето. На пример: Söylemek (кажување)
Şş- е буква што одговара на Ш, но помека, на пример Arkadaş (пријател)
Üü- како во германскиот алфабет. Отворате уста како да ќе кажете У, устата ви е малку подзатворена а јазикот се мести кон непцето. На пример: kötü (лош).