Архиви

All posts for the month Јули, 2018

КРВАВА МЕСЕЧИНА – Ноќта меѓу 27 и 28 јули ќе се случи целосно помрачување на Месечината.

Published Јули 20, 2018 by Аида

mesec2

Ќе се случи  најдолгото затемнување на Месечината во овој век и ќе трае еден час и 43 минути.

Во Македонија помрачувањето ќе започне во 19:14 часот, но ќе биде видливо дури по зајдисонце. Целосното (тотално) затемнување ќе започне во 21:30 часот, максималната точка на затемнувањето ќе биде во 22:21 часот, а ќе биде видливо се до 23:13 часот.

Сите фази на помрачувањето на Месечината ќе бидат видливи од области во Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море.

Жителите во другите делови на Африка и Азија, како и оние во Европа, Австралија и во Јужна Америка, ќе можат да видат делумно затемнување на Месечината.

Овој редок настан нема да може да се види од Северна Америка, каде за целосно затемнување ќе мора да се почека до 2020. година.

Овој феномен се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината ќе се најдат во ист правец. Тогаш Месечината добива црвенкаст сјај бидејќи влегува во земјината сенка, поради што често се нарекува „крвава Месечина“.

mesecina

Покрај помрачувањето на Месечината, ќе можат да се набљудуваат и планетите Венера (на почетокот од ноќта), Јупитер, Сатурн и Марс. Марс овие денови е погоден за набљудување затоа што е блиску до Земјата.

Неофицијален календар за учебната 2018/19 год.

Published Јули 11, 2018 by Аида

аааассссс10111312

Календар 2018/2019

СЕПТЕМВРИ – ЈУНИ – eTwinning проекти

16 септември – Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка

21 септември – ЕНО денови за садење дрвја

22 септември – Меѓународен ден без возила

22 или 23 септември – ЕРАТОСТЕНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ

26 септември – Светски ден на чисти планини

04 октомври – Светски ден за заштита на животните

04 – 10 Октомври – Светска недела на Вселената

08 октомври – Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата

08 – 22 октомври – EU седмица на кодирање

15 октомври – Светски ден на пешаците

16 октомври – Светски ден на храната

17 октомври – Меѓународен ден за образование на сиромашните

НОЕМВРИ МЕСЕЦ НА НАУКАТА

НОЕМВРИ – ScientixSTEM – настани

ПАТРОНАТ – јубилеј – 65

08 ноември – Меѓународен ден на урбаните животни средини

23 ноември – Ден на Фибоначи

27 ноември – Меѓународен ден против потрошувачката треска

29 декември – Меѓународен ден на биодиверзитетот

22 февруари 

– Ден за дигитално учење

МАРТ – ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА

05 март – Светски ден за заштеда на енергија

21 март – ЕРАТОСТЕНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ

21 март – Ден на пролетта кога започнуваат активностите за заштита на околината

21-28 март – Денови на пролетта за заштита на околината

22 март – Светски ден за заштита на водите

МАРТ – АПРИЛ – ЕДУКОНФЕРЕНЦИЈА

АПРИЛ – РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА

17 април – Светски ден на здравјето

АПРИЛ –  Ден на акција

22 април – Светски ден на планетата Земја

МАЈ – ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА

МАЈ – ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАTA

9 мај – Ден на Европа

9 мај – еТвининг ден

15 мај – Меѓународен ден за заштита на климата

22 мај – ЕНО денови за садење дрвја

24 мај – Светски ден против пушењето

05 јуни – Светски ден за заштита на околината  

………………………………………………………………………………………………………..