КРВАВА МЕСЕЧИНА – Ноќта меѓу 27 и 28 јули ќе се случи целосно помрачување на Месечината.
Published Јули 20, 2018 by Аида

Ќе се случи најдолгото затемнување на Месечината во овој век и ќе трае еден час и 43 минути.
Во Македонија помрачувањето ќе започне во 19:14 часот, но ќе биде видливо дури по зајдисонце. Целосното (тотално) затемнување ќе започне во 21:30 часот, максималната точка на затемнувањето ќе биде во 22:21 часот, а ќе биде видливо се до 23:13 часот.
Сите фази на помрачувањето на Месечината ќе бидат видливи од области во Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море.
Жителите во другите делови на Африка и Азија, како и оние во Европа, Австралија и во Јужна Америка, ќе можат да видат делумно затемнување на Месечината.
Овој редок настан нема да може да се види од Северна Америка, каде за целосно затемнување ќе мора да се почека до 2020. година.
Овој феномен се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината ќе се најдат во ист правец. Тогаш Месечината добива црвенкаст сјај бидејќи влегува во земјината сенка, поради што често се нарекува „крвава Месечина“.

Покрај помрачувањето на Месечината, ќе можат да се набљудуваат и планетите Венера (на почетокот од ноќта), Јупитер, Сатурн и Марс. Марс овие денови е погоден за набљудување затоа што е блиску до Земјата.
Like this:
Ми се допаѓа Вчитувам...