Разлики помеѓу кодирање и програмирање
На почеток ќе ги разјасниме сличностите и разликите помеѓу кодирање и програмирање.
КОДИРАЊЕ
КОДИРАЊЕ значи создавање кодови од еден на друг јазик.
КОДИРАЊЕ е примарна метода за олеснување комуникација помеѓу луѓе и машини.
КОДИРАЊЕ е дел од постапката на компјутерско програмирање при што се врши превод на машински читлив јазик.
КОДИРАЊЕ ги распределува линиите од кодот без да се грижи за деталите.
КОДЕРИ се помалку стручни програмери.
ПРОГРАМИРАЊЕ
ПРОГРАМИРАЊЕ значи овозможување на машина да користи одредени упаства.
ПРОГРАМИРАЊЕ е формално пишување на код но на многу повисоко ниво.
ПРОГРАМИРАЊЕ се состои од составување, поправање грешки, тестирање и инплементација.
ПРОГРАМИРАЊЕ е забележување и анализирање решенија за проблемите кои се уште не се случиле.
ПРОГРАМИРАЊЕ е логичност во решавањето на сложени проблеми.
Од 14 – 18 октомври планираме да работиме:
А) Да програмираме со апликацијата Scratch
Апликацијата Scratch е еден од првите програмски јазици направени за возраст од 8 до 16 години, а денес се наоѓа на интернет и е достапен до секого. Учениците ќе користат визуелен програмски јазик направен од тули ќои ќе ги влечат по работен простор за да ги оживеат ликовите. Интернет изобилува со многу прирачници за инструктори и за ученици па не мора да си искусен за да почнеш програмирање со апликацијата Scratch. Јас ќе учам со учениците.
Б) Ако успееме да дојдеме до „Микро: бит“ уреди за кодирање, ќе се обидеме да ги совладаме основните вештини за кодирање и програмирање. Велат дека најзначајната работа во користењето на micro:bit е дека учениците учат како да се размислува чекор по чекор и како да ги распоредат командите во последователни чекори. ИЛИ
Ц) Ќе излеземе надвор од училницата и ќе кодираме без компјутер.
CODE WEEK 4 ALL CODE
cw19-PihLW