Изложбениот центар „Матка“ ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија и електрификацијата.
Преку мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ се одлична можност за едукација и интеракција.
Покрај старите експонати со историска содржина, во Изложбениот центар „Матка“ поставени се и експонати за различните видови на производство на електрична енергија, приказ на ресурси, а интерактивните плазма панели и плазма топката, како и Ван де Графт Генераторот овозможуваат контакт со електицитетот.