Физика за деветто одделение 2020

Published Март 15, 2020 by Аида

III седмица, 16.03.2020 – 1 час – тематско повторување – 9. одд. – Електрични појави

Функционален картон

Нема да се делиме по групи, парните групи од функционалниот картон ќе ги решите до среда, додека непарните ќе ви бидат за домашно до петок:

1 ГРУПА

1. Како ја дефинираме електричната струја?

2. Која насока на струјата се нарекува техничка?

3. Кои супстанции се нарекуваат изолатори?

4. Колкав отпор дава проводник низ кој при напон од 220 V тече струја со јачина од 5,5 А?

5. Бакарен проводник со должина 250m има отпор 10Ω. Определи го напречниот пресек на проводникот? Специфичен отпор на бакарот е 1,7 · 10¯8 Ωm.

6. Кон делот од кругот кој е составен од два паралелно врзани потрошувачи чии отпори се R1 = 12Ω и R2 = 15Ω донесен е напон од 36V. Најди го заедничкиот отпор на разгранетиот дел од кругот и јачината на струјата во неразгранетиот дел од кругот.

2 ГРУПА

1. Што е јачина на електричната струја?

2. Од што се состои атомот?

3. Во која насока се движат слободните електрони низ проводниците?

4. Амперметар врзан во електричен струен круг покажува струја од 2А. За колку време изразено во секунди во кругот ќе потече количество електричество од 300С?

5. Колкав е напонот на краевите на отпорникот со отпор од 1500Ω, ако јачината на струјата што протекува низ него е 50mA?

6. Заедничкиот отпор на четири еднакви, паралелно врзани светилки изнесува 76Ω. Колкав отпор има секоја од нив пооделно?

3 ГРУПА

1. Кога низ струјниот круг тече струја?

2. На колку начини може да се наелектризира едно тело? Наброј ги.

3. Како гласи Омов закон?

4. Потенцијалот во една точка од полето е -150V, а во друга +350V. Колкава е потенцијалната разлика (напон) меѓу тие точки?

5. Една светилка е приклучена на напон од 220V, а јачината на струјата што протекува низ неа е од 0,5А. Колку изнесува отпорот на влакното од светилката?

6. Три потрошувачи чии отпори се: R1 = 6Ω, R2 = 12Ω, R3 = 3Ω врзани се паралелно.Најди го заедничкиот

отпор на овие потрошувачи.

4 ГРУПА

1. Што е електричен напон?

2. Колку видови електрицитет постојат? Наброј ги.

3. Што е електричен струен круг?

4. Колкав е електричниот отпор на бакарен проводник со напречен пресек 1 mm2 и должина 1 km? Специфичен отпор на бакарот е 1,7 · 10¯8 Ωm.

5. Пресметај го заедничкиот отпор на три отпорници од по 6Ω, ако тие се врзани: а) сериски, б) паралелно.

6. Метален проводник со должина 2,5m има отпор 1,25Ω. Колку метри од овој проводник се потребни зада се направи намотка од 44Ω?

—————————————————————–

III седмица, 18. 03.2020 – 2 час – Електрични и магнетни појави – 9. одд. – Магнети и магнетно поле

Демонстрациите од функционалниот картон ќе ги направите до петок, а ако немате материјали можете да изгледате видеа од приложените линкови и да донесете заклучоци. Наставното ливче ќе ви биде домашно кое ќе треба да го одговорите до понеделник:

mag

Електрицитет и магнетизам

Магнети и магнетизам

Експерименти

 

——————————————————————–

IV седмица 23. 03.2020 – 1 час – ЕЛЕКТРОМАГНЕТИ – 9. одд

Демонстрациите од функционалниот картон ќе ги направите до среда, а ако немате материјали можете да изгледате видеа од приложените линкови и да донесете заклучоци. Наставното ливче ќе ви биде домашно кое ќе треба да го одговорите до четврток:

ФУНКЦИОНАЛЕН КАРТОН

НАПРАВИ САМ ЕЛЕКТРОМАГНЕТ

Потребно: неколку метри бакарна жица, една поголема шајка од меко  железо, една челична чајка, извор на струја – батерија, разни ситни железни предмети.

Целта на оваа изработка/демонстрација/експеримент е:

Да научиме како се прави и како функционира електромагнет. Да се запознаеме како се однесува мекото железо кога ќе се најде во магнетното поле. Како се однесува челикот кога ќе се најде во магнетното поле.

Краток опис:

Електромагнет е едноставна направа која се состои од намотан електричен  проводник –  жица околу јадро од меко железо. Се користи како дел од  електромотор, генератор, ѕвонче  и други електрични направи.

ИЗРАБОТКА:

Виткаме жица како соленоид околу железно јадро – шајка и краевите од истата ги поврзуваме со батерија (извор на електрична струја). Јадрото е од меко железо и се здобива со магнетни својства додека низ   жицата тече еднонасочна електрична струја, кога не тече струја низ проводникот, се губат магнетните својства.

За споредба, јадрото – шајката од меко железо ја заменуваме со челична шајка. Затвораме струен круги и струјата тече низ соленоидот. Го отвораме струjниот круг, струјата не тече. Ја вадиме челилната шајка и ја доближуваме до ситни железни предмети. Што зе случува?

Запиши го твојот заклучок:________________________________

НАСТАВНО ЛИВЧЕ:

  1. Кои видови материјали ги привлекува електромагнетот?

  2. Наброј ги деловите од кои што е изграден електромагнетот.

  3. Од што зависи јачината на магнетното поле на

         електромагнетот?

Како да направиш електромагнет:

——————————————————————–

V седмица (30. 03. – 03.04. 2020) -1 и 2 час – АПРИЛИЈАДА 2020 – 9. одд

Да сме на училиште, оваа седмица би се маскирале, шегувале и забавувале.

До први април имате задача да направите маска. Препорачувам како во претходните години да ја изработите од рециклирани материјали, убаво е да реупотребете стара облека, пластични шишиња, хартија и да ги украсете со бои и додатоци.

Напишете по една шега, една еко парола или совет за сегашната состојба, а во петок да избереме најубава маска и најсмешна шега.

—————————————————————–

I седмица во  април – IV во карантин (06.04 – 10. 04.)

Повторување “Електромагнетни појави”

Изгледај и ислушај ги видеата, неколку пати, а потоа направи презентација на истата тема – Што научив за електромагнетните појави. Темата ја работиме од јануари и многу работи научивме во училиште. Во Google Classroom ви се дадени упарства и критериуми за изработка на презентација.

Повторувањето ќе е застапено во двата часа оваа седмица, а презентацијата ќе треба да ја завршите до 12.04.2020.

ЕЛЕКТРИЧНИ ПОЈАВИ

РЕШАВАЊЕ ЗАДАЧИ

Магнетни појави

 

II седмица во  април – V во карантин (13.04 – 17. 04.)

Објасни ги поимите: период, осцилација, фреквенција, елонгација, амплитуда, херц и математичко нишало. (Сите задачи ви се поставени во Google Classroom, тука ни е потсетник – дневник).

Од стр. 87 до стр. 106 – Осцилации, бранови и звук

ВИДЕА И СИМУЛАЦИИ НА ТЕМА ЗВУК

СОЗДАДЕТЕ СВОЈА КНИГА

асдасд

Осцилаторно движење

ОСЦИЛАТОРНО-ДВИЖЕЊЕ-И-НЕГОВИ-ЕЛЕМЕНТИ

Домашна задача

Домашна-за-осцилаторно-движење

_____________________________________________

III седмица во  април – VI во карантин (20.04 – 24. 04.)

1. час:  Висина и фреквенција

ВИСИНА-И-ФРЕКФЕНЦИЈА

2. час: Гласност и амплитуда

УРЕДУВАЊЕ НА ПОРТФОЛИО ВО Google Classroom

_____________________________________________

IVседмица во  април – VII во карантин (27.04 – 01. 05.)

  1. Визуелизирање на звучните бранови  Осцилоскоп

  2. Решавање задачи за звучните бранови

ЗАДАЧИ:

  1. Покрај определена точка во една секунда поминуваат 50 бранови со должина од 2 метри. Твоја задача е да ја определиш фреквенцијата и брзината на бранувањето.
  2. Пресметај колку изнесува длабочината на морето ако мерачот на длабочини по испраќањето на звучниот бран, одбиениот бран му се вратил по 200 милисекунди. (брзината на звукот во водата е 1400 m/s)
  3. Најди ја фреквенцијата на бранот ако неговата брзина на движење е 36 km/h, а неговата бранова должина е 2 метри.
  4. Миле удира на една метална ограда која е оддалечена 200 метри од ѕидот. По секој удар тој го слуша одекнувањето 1,2 секунди подоцна. Пресметај ја брзината на звукот.
  5. Кога ќе се удри едниот крај на мостот, по 2 секунди звукот ќе се чуе на другиот крај од мостот. Колку е долг мостот ( v = 4800 m/s ) ?

УРЕДУВАЊЕ НА ПОРТФОЛИО ВО Google Classroom

_____________________________________________

I седмица во  мај – VIII во карантин (04.05 – 08. 05.)

1. Повторување за  осцилации, звучни бранови,

ОСЦИЛАЦИИ – БРАНОВИ – ЗВУК –  ТЕСТОВИ

Домашна работа

Одговори на поставените прашања:

а. Во какви бранови спаѓа звучниот бран?

б. Од што зависи брзината на звукот низ воздух?

в. Која наука го проучува звукот?

г. Кои се карактеристиките на тонот?

д. Има случаи кога не се слуша тонот иако прачката осцилита, а сие случаи се

ѓ. Како настануваат трансферзалните бранови?

е. Како настануваат лонгитудиналните бранови?

2. Звучните бранови пренесуваат енергија, опасност од звуците со висока енергија.

____________________________________________

II седмица во  мај – IX во карантин (11.05 – 15. 05.)

1. Одбивање на звучните бранови

2. Повторување за преносот на енергија преку звучни бранови и примена на звучните бранови.

Оваа седмица си го уредувате алманахот. 

Доколку ви остане од слободното време  обидете се да пдговорите на следните прашања:

1. Што е ехо и каде наоѓа примена?

2. Што е карактеристично за звучните бранови? 

3. Настанувањето на ехото можеме да го спречиме со:……………..

________________________________________

III седмица во  мај – X во карантин (18.05 – 22. 05.)

ИСТРАЖУВАЊЕ

Осмисли начин на кој би можел да ја измериш брзината на звукот.

Истражувањето треба да содржи претпоставка (хипотеза),  набљудување, мерење, графички приказ, заклучок и  неколку убаво обмислени задачи.

1. Мерење на брзината на звучните бранови

2. Мерење на брзината на звучните бранови

____________________________________________

IV седмица во  мај – XI во карантин (25.05 – 29. 05.)

1. Тематско повторување

ОСЦИЛАЦИИ, БРАНОВИ, ЗВУК

2. Полугодишно повторување

____________________________________________

I седмица во  јуни – XII во карантин (01.06 – 05. 06.)

  1. Полугодишно повторување
  2. Годишно повторување

____________________________________________

II седмица во  јуни – XIII во карантин (08.06 – 10. 06.)

  1. Годишно повторување

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: