Физика за осмо одделение 2020

Published Март 15, 2020 by Аида

III седмица – 16. 03.2020 – 1 час – Светлински појави – 8. одд.

САМОСВЕТЛЕЧКИ И НЕСВЕТЛЕЧКИ ПРЕДМЕТИ, СВЕТЛИНСКИ ИЗВОРИ, ПРОСТИРАЊЕ НА СВЕТЛИНАТА, СВЕТЛИНСКИ ЗРАК, СВЕТЛИНСКИ СНОП

Демонстрациите од функционалниот картон ќе ги направите до среда, додека наставното ливче ќе ви биде домашно кое ќе треба да го одговорите до петок:

свет1

СВЕТЛИНА – Матео Нешовски

—————————————————–

—————————————————–

III седмица – 2 час – Светлински појави – 8. одд.

Разгледај, прочитај, одговори:

КАКО ГИ ГЛЕДАМЕ ПРЕДМЕТИТЕ

Предметите околу нас ги гледаме затоа што ја рефлектираат светлината што паѓа на нив.

    Сетило за вид – окото претставува сложен оптички систем преку кој осознаваме  80% информации за светот што не опкружува.

    Акомодационата способност на окото  овозможува да се гледаат доволно јасно и доста оддалечени предмети и доста блиски предмети.

    За нормално око најмалото растојание на кое предметите се гледаат без напрегање изнесува иколу 25 центиметри. Тоа е растојание на јасно гледање.

    За окото е важен и аголот под кој може да се распознаваат два точкести предмети како одделни точкести ликови. Тој агол се вика виден агол и изнесува иколу една аголна минута.

    Гледањето со двете очи дозволува истовремено формирање на два лика од различни позиции. Тие два лика се спојуваат во еден кој е тридимензионален (3D).

   Нашето око може да разликува илјадици разни нијанси на бои. Сите предмети околу нас ги осветлува сонцето или навечер светилките. Предметите ги гледаме во различни бои.

    Боите на телата се должат на рефлексија и на апсорпција на светлината од даденото тело.

    Црвениот предмет ја рефлектира само црвената боја , а сите други ги впива.

    Зелениот, само зелената боја ја рефлектира додека другите ги впива. Слично е и со сите други бои.

    Предмет кој има бела боја сите бои од спектарот на сончевата светлина ги рефлектира.

    Црните предмети ги апсорбираат сите бои од спектарот на сончевата светлина.

    Проѕирните предмети ја имаат она боја која ја пропуштаат, сите други ги апсорбираат.

    Ако  сино стакло осветлите со црвена светлина, стаклото нема да ја пропушти  и ќе го гледате црно.

    Ако црвен предмет осветлите со зелена светлина и него ќе го гледате црн.

                                                                    Размислете зошто е тоа така.

ПРЕДМЕТИТЕ ГИ ГЛЕДАМЕ ВО РАЗЛИЧНИ БОИ

СВЕТЛИНА

Прашања:

  1. Зошто знамето го гледаме црвено, а лисјата на дрвото зелени?
  2. Зошто снегот го гледаме бел?
  3. Зошто  можеме да ги видиме предметите што не опкружуваат?
  4. Шише од зелено стакло е наполнето со црвен сок од малини. Каква боја ќе има полното шише со сок од малини?
  5. Колку изнесува најмалото растојание на кое предметите се гледаат без напрегање и како е наречено?

———————————————————————

———————————————————————

IV седмица – 1 час – Светлински појави – 8. одд.

СЕНКИ И ПОЛУСЕНКИ, СЕНКИ ВО ВСЕЛЕНАТА

Од понеделник  до среда изгледајте ја презентацијата, видеата и прочитајте ја книгата за светлина, а потоа одговорете на дадените прашања.

КНИГА СВЕТЛИНСКИ ПОЈАВИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА – СЕНКИ ВО ВСЕЛЕНАТА

Прашања и задачи:

1. Во кои услови непроѕирен предмет дава сенка без полусенка?

2. Во текот на денот кога има Сонце се менува големината на сенките на секој предмет. Зошто?

3. Зошто цртаме прави линии за претставување на светлинските зраци?

4. Што претставуваат појавите сенка и полусенка?

5. Кога настанува затемнувањето на Месечината?

6. Дрво високо 4 метри прави сенка долга 2 метри. Колкаво е растојанието од врвот на дрвото до врвот на сенката?

7. Вертикален столб висок 3 метри прави сенка од 1 метар. Во исто време соседната зграда прави сенка од 30 метри. Колку е висока зградата?

————————————————————

————————————————————

IV седмица – 26. 03. 2020 – 2 час – Светлински појави – 8. одд.

ЕРАТОСТЕНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ

colon63-6siena_alejandria

Два пати во годината традиционално го изведуваме Ератостеновиот експеримент. Како го изведувале учениците во претходните години, ќе прочитате ТУКА, а вие  ќе имате за домашна задача од четврток до сабота да напишете есеј за Ератостен.

——————————————————————–

V седмица (30. 03. – 03.04. 2020) 1 и 2 час – АПРИЛИЈАДА 2020 – 8. одд

Да сме на училиште, оваа седмица би се маскирале, шегувале и забавувале.

До први април имате задача да направите маска. Препорачувам како во претходните години да ја изработите од рециклирани материјали, убаво е да реупотребете стара облека, пластични шишиња, хартија и да ги украсете со бои и додатоци.

Напишете по една шега, една еко парола или совет за сегашната состојба, а во петок да избереме најубава маска и најсмешна шега.

—————————————————————–

I седмица во  април – IV во карантин (06.04 – 10. 04.)

1 час 07. април: КАМЕРА ОПСКУРА

Според упатствата направи камера опскура:

Потребно: кутија како за чевли или направи сам според насоките, игла или шајка со која ќе направиме дупче на кутијата, парче восочна хартија (10 cm x 10 cm), темен чаршаф од густо ткаено платно или затемнета просторија. свеќа или ламба, ножици, лепак.

  1. На една од најмалите страни на кутијата направи дупче со шајче, точно на средина.

  2. На спротивната најмала страна направи отвот 10 cm x10 cm.

  3. Направениот отвор затвори го со парче восочна хартија и залепи ја хартијата со лепак.

  4. Затвори ја кутијата и можеш да испробаш како функционира,

  5. Затемни ја просторијата во која престојуваш за да биде поуспешен експериментот,

  6. На растојание 1,5 метри од  запалената ламба, постави ја кутијата со малото дупче кон неа.

  7. Од другата страна, преку затворениот отвор со восочна хартија набљудувај што ќе се случи.камера 2камераLochkamera_prinzip

Од понудените ресурси прошитај за камера опскура и обиди се да одговориш на следните прашања:

1. Што е камера опскура?

2. Како сликарите ја користеле камера опскура?

3. Што е заедничко за човековото око и камера опскура?

Одговори на прашањата до 09. април, а камерата изработи ја до 13 април и опиши колку е успешна твојата изработка, обиди се без блиц да го фотографираш добиениот лик

___________________________________________________________________________________________

I седмица во  април – IV во карантин (06.04 – 10. 04.)

2 час 09. април: Закон за рефлексија на светлината

вовед

Закон за рефлексија(одбивање на светлината) гласи:

Упадниот зрак, одбиениот зрак и нормалата лежат во иста рамнина. Упадниот агол и одбиениот агол се исти по големина (α = β).

Fényvisszaverődés

Како ќе се одбијат зраците од рамното огледало? Доврши го цртежот.

ramno

_____________________________________________

II седмица во  април – V во карантин (13.04 – 17. 04.)

I ЧАС:

– Примена на законот на рефлексија и

 менување на насоката на светлината –

Обиди се да ги решиш следниве задачи:

Задачи:

  1. Светлински зрак паѓа нормално на рамно огледало. Колкав ќе биде аголот меѓу одбиениот и упадниотзрак, ако огледалото се заврти за 30º?

  2. Сончевите зраци паѓаат под агол од 60º. Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да зрацитесе одбиваат вертикално?

  3. Пред рамно огледало на растојание од 25 cm е поставен предмет. За колку ќе се зголеми растојаниетомеѓу предметот и неговиот лик, ако предметот се оддалечи од огледалото за 15 cm?

_____________________________________________

II ЧАС:

Рефракција

Законот за прекршување (рефракција)  на светлината гласи:
Упадниот зрак, нормалата и прекршениот зрак лежат во иста рамнина.
Кога светлината преминува од оптички поретка во оптички погуста средина, упадниот агол е поголем од прекршениот.
Кога светлината преминува од оптички погуста во оптички поретка средина, упадниот агол е помал од прекршениот.
Зракот што паѓа нормално на граничната површина, не се прекршува.

Refrakcija_1

Обиди се да одговориш на поставените прашања. За некои одговори ќе треба да побараш додатни ресурси. Доколку не успееш, побарај помош од наставникот.

а) Што се подразбира под поимот прекршување на светлината?
б) Кога светлинскиот зрак може да премине од една оптичка средина во друга, без да го промени правецот на простирањето?
в) Што е дисперзија на светлината?
г) Што е фатаморгана и како се создава?

_____________________________________________

III седмица во  април – VI во карантин (20.04 – 24. 04.)

1. час:  Боите во белата светлина

2. час: Дисперзија и мешање

Светлина-и-адитивно-мешање-на-бои

ДИСПЕРЗИЈА

Обиди се да одговориш на следните прашања:

1. Како се нарекува светлина составена од повеќе бои?

2. За која светлина велиме дека е монохроматска?

3. Што е дисперзија на светлината?

4. Што е виножито или ѕуница?

5. Каде се случува адитивно, а каде суптрактивно мешање н боите?

_____________________________________

IVседмица во  април – VII во карантин (27.04 – 01. 05.)

1. Час: Изведените бои на светлината.

2. Час: Рефлектирање на боите.

МЕШАЊЕ НА БОИТЕ

УРЕДУВАЊЕ НА ПОРТФОЛИО ВО GOOGLE SLASSROOM

_____________________________________________

I седмица во  мај – VIII во карантин (04.05 – 08. 05.)

1. Час: Тематско повторување

2.Час: Тематско повторување

ДОМАШНА РАБОТА: Направете презентација во која ќе прикажете што сте научиле за светлината. Која наставна содржина ви оставила најсилен впечаток? Која домашна работа ви била најинтересна. Што од наученото ќе можете да го примените во секојдневието?

 

____________________________________________

II седмица во  мај – IX во карантин (11.05 – 15. 05.)

1. Час: Ден и ноќ

1. Час: Годишни времиња

model

ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

____________________________________________

III седмица во  мај – X во карантин (18.05 – 22. 05.)

  1. Час: Ѕвзди и планети

  2. Час: Разбирање на сончевиот систем

____________________________________________

I седмица во  јуни – XI во карантин (25.05 – 29.05)

  1. Тематско повторување – Вселена

  2. Тематско повторување – Вселена

Одговори на поставените прашања:

  1. Во кои денови од годината сончевите зраци паѓаат под прав агол на екваторот, а северната и јужната полутопка на Земјата се осветлени подеднакво?

  2. Зошто ноќе при ведро небо Месечината ја гледаме како светло небеско тело?

  3. Кое годишно време е кај нас кога Земјата е најдалеку од Сонцето?

  4. Која е најмала планета во Сончевиот систем?

  5. Зошто се видливи планетите ?  

  6. Која е причината за движењето на планетите по орбити околу Сонцето?

__________________________________________

I седмица во  јуни – XII во карантин (01.06 – 05. 06.)

1. Повторување – I полугодие

2. Повторување – II полугодие

____________________________________________

II седмица во  јуни – XIII во карантин (08.06 – 10. 06.)

1. час: Прослава

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: