Uncategorized
All posts in the Uncategorized category
МАСКИ 2020
Published Април 4, 2020 by АидаФизика за деветто одделение 2020
Published Март 15, 2020 by АидаIII седмица, 16.03.2020 – 1 час – тематско повторување – 9. одд. – Електрични појави
Функционален картон
Нема да се делиме по групи, парните групи од функционалниот картон ќе ги решите до среда, додека непарните ќе ви бидат за домашно до петок:
1 ГРУПА
1. Како ја дефинираме електричната струја?
2. Која насока на струјата се нарекува техничка?
3. Кои супстанции се нарекуваат изолатори?
4. Колкав отпор дава проводник низ кој при напон од 220 V тече струја со јачина од 5,5 А?
5. Бакарен проводник со должина 250m има отпор 10Ω. Определи го напречниот пресек на проводникот? Специфичен отпор на бакарот е 1,7 · 10¯8 Ωm.
6. Кон делот од кругот кој е составен од два паралелно врзани потрошувачи чии отпори се R1 = 12Ω и R2 = 15Ω донесен е напон од 36V. Најди го заедничкиот отпор на разгранетиот дел од кругот и јачината на струјата во неразгранетиот дел од кругот.
2 ГРУПА
1. Што е јачина на електричната струја?
2. Од што се состои атомот?
3. Во која насока се движат слободните електрони низ проводниците?
4. Амперметар врзан во електричен струен круг покажува струја од 2А. За колку време изразено во секунди во кругот ќе потече количество електричество од 300С?
5. Колкав е напонот на краевите на отпорникот со отпор од 1500Ω, ако јачината на струјата што протекува низ него е 50mA?
6. Заедничкиот отпор на четири еднакви, паралелно врзани светилки изнесува 76Ω. Колкав отпор има секоја од нив пооделно?
3 ГРУПА
1. Кога низ струјниот круг тече струја?
2. На колку начини може да се наелектризира едно тело? Наброј ги.
3. Како гласи Омов закон?
4. Потенцијалот во една точка од полето е -150V, а во друга +350V. Колкава е потенцијалната разлика (напон) меѓу тие точки?
5. Една светилка е приклучена на напон од 220V, а јачината на струјата што протекува низ неа е од 0,5А. Колку изнесува отпорот на влакното од светилката?
6. Три потрошувачи чии отпори се: R1 = 6Ω, R2 = 12Ω, R3 = 3Ω врзани се паралелно.Најди го заедничкиот
отпор на овие потрошувачи.
4 ГРУПА
1. Што е електричен напон?
2. Колку видови електрицитет постојат? Наброј ги.
3. Што е електричен струен круг?
4. Колкав е електричниот отпор на бакарен проводник со напречен пресек 1 mm2 и должина 1 km? Специфичен отпор на бакарот е 1,7 · 10¯8 Ωm.
5. Пресметај го заедничкиот отпор на три отпорници од по 6Ω, ако тие се врзани: а) сериски, б) паралелно.
6. Метален проводник со должина 2,5m има отпор 1,25Ω. Колку метри од овој проводник се потребни зада се направи намотка од 44Ω?
—————————————————————–
III седмица, 18. 03.2020 – 2 час – Електрични и магнетни појави – 9. одд. – Магнети и магнетно поле
Демонстрациите од функционалниот картон ќе ги направите до петок, а ако немате материјали можете да изгледате видеа од приложените линкови и да донесете заклучоци. Наставното ливче ќе ви биде домашно кое ќе треба да го одговорите до понеделник:
Електрицитет и магнетизам
Магнети и магнетизам
Експерименти
——————————————————————–
IV седмица 23. 03.2020 – 1 час – ЕЛЕКТРОМАГНЕТИ – 9. одд
Демонстрациите од функционалниот картон ќе ги направите до среда, а ако немате материјали можете да изгледате видеа од приложените линкови и да донесете заклучоци. Наставното ливче ќе ви биде домашно кое ќе треба да го одговорите до четврток:
ФУНКЦИОНАЛЕН КАРТОН
НАПРАВИ САМ ЕЛЕКТРОМАГНЕТ
Потребно: неколку метри бакарна жица, една поголема шајка од меко железо, една челична чајка, извор на струја – батерија, разни ситни железни предмети.
Целта на оваа изработка/демонстрација/експеримент е:
Да научиме како се прави и како функционира електромагнет. Да се запознаеме како се однесува мекото железо кога ќе се најде во магнетното поле. Како се однесува челикот кога ќе се најде во магнетното поле.
Краток опис:
Електромагнет е едноставна направа која се состои од намотан електричен проводник – жица околу јадро од меко железо. Се користи како дел од електромотор, генератор, ѕвонче и други електрични направи.
ИЗРАБОТКА:
Виткаме жица како соленоид околу железно јадро – шајка и краевите од истата ги поврзуваме со батерија (извор на електрична струја). Јадрото е од меко железо и се здобива со магнетни својства додека низ жицата тече еднонасочна електрична струја, кога не тече струја низ проводникот, се губат магнетните својства.
За споредба, јадрото – шајката од меко железо ја заменуваме со челична шајка. Затвораме струен круги и струјата тече низ соленоидот. Го отвораме струjниот круг, струјата не тече. Ја вадиме челилната шајка и ја доближуваме до ситни железни предмети. Што зе случува?
Запиши го твојот заклучок:________________________________
НАСТАВНО ЛИВЧЕ:
-
Кои видови материјали ги привлекува електромагнетот?
-
Наброј ги деловите од кои што е изграден електромагнетот.
-
Од што зависи јачината на магнетното поле на
електромагнетот?
Како да направиш електромагнет:
——————————————————————–
V седмица (30. 03. – 03.04. 2020) -1 и 2 час – АПРИЛИЈАДА 2020 – 9. одд
Да сме на училиште, оваа седмица би се маскирале, шегувале и забавувале.
До први април имате задача да направите маска. Препорачувам како во претходните години да ја изработите од рециклирани материјали, убаво е да реупотребете стара облека, пластични шишиња, хартија и да ги украсете со бои и додатоци.
Напишете по една шега, една еко парола или совет за сегашната состојба, а во петок да избереме најубава маска и најсмешна шега.
—————————————————————–
I седмица во април – IV во карантин (06.04 – 10. 04.)
Повторување “Електромагнетни појави”
Изгледај и ислушај ги видеата, неколку пати, а потоа направи презентација на истата тема – Што научив за електромагнетните појави. Темата ја работиме од јануари и многу работи научивме во училиште. Во Google Classroom ви се дадени упарства и критериуми за изработка на презентација.
Повторувањето ќе е застапено во двата часа оваа седмица, а презентацијата ќе треба да ја завршите до 12.04.2020.
II седмица во април – V во карантин (13.04 – 17. 04.)
Објасни ги поимите: период, осцилација, фреквенција, елонгација, амплитуда, херц и математичко нишало. (Сите задачи ви се поставени во Google Classroom, тука ни е потсетник – дневник).
Од стр. 87 до стр. 106 – Осцилации, бранови и звук
ВИДЕА И СИМУЛАЦИИ НА ТЕМА ЗВУК
СОЗДАДЕТЕ СВОЈА КНИГА
Осцилаторно движење
ОСЦИЛАТОРНО-ДВИЖЕЊЕ-И-НЕГОВИ-ЕЛЕМЕНТИ
Домашна задача
Домашна-за-осцилаторно-движење
_____________________________________________
III седмица во април – VI во карантин (20.04 – 24. 04.)
1. час: Висина и фреквенција
ВИСИНА-И-ФРЕКФЕНЦИЈА
2. час: Гласност и амплитуда
УРЕДУВАЊЕ НА ПОРТФОЛИО ВО Google Classroom
_____________________________________________
IVседмица во април – VII во карантин (27.04 – 01. 05.)
-
Визуелизирање на звучните бранови Осцилоскоп
-
Решавање задачи за звучните бранови
ЗАДАЧИ:
- Покрај определена точка во една секунда поминуваат 50 бранови со должина од 2 метри. Твоја задача е да ја определиш фреквенцијата и брзината на бранувањето.
- Пресметај колку изнесува длабочината на морето ако мерачот на длабочини по испраќањето на звучниот бран, одбиениот бран му се вратил по 200 милисекунди. (брзината на звукот во водата е 1400 m/s)
- Најди ја фреквенцијата на бранот ако неговата брзина на движење е 36 km/h, а неговата бранова должина е 2 метри.
- Миле удира на една метална ограда која е оддалечена 200 метри од ѕидот. По секој удар тој го слуша одекнувањето 1,2 секунди подоцна. Пресметај ја брзината на звукот.
- Кога ќе се удри едниот крај на мостот, по 2 секунди звукот ќе се чуе на другиот крај од мостот. Колку е долг мостот ( v = 4800 m/s ) ?
УРЕДУВАЊЕ НА ПОРТФОЛИО ВО Google Classroom
_____________________________________________
I седмица во мај – VIII во карантин (04.05 – 08. 05.)
1. Повторување за осцилации, звучни бранови,
ОСЦИЛАЦИИ – БРАНОВИ – ЗВУК – ТЕСТОВИ
Домашна работа
Одговори на поставените прашања:
а. Во какви бранови спаѓа звучниот бран?
б. Од што зависи брзината на звукот низ воздух?
в. Која наука го проучува звукот?
г. Кои се карактеристиките на тонот?
д. Има случаи кога не се слуша тонот иако прачката осцилита, а сие случаи се
ѓ. Како настануваат трансферзалните бранови?
е. Како настануваат лонгитудиналните бранови?
2. Звучните бранови пренесуваат енергија, опасност од звуците со висока енергија.
____________________________________________
II седмица во мај – IX во карантин (11.05 – 15. 05.)
1. Одбивање на звучните бранови
2. Повторување за преносот на енергија преку звучни бранови и примена на звучните бранови.
Оваа седмица си го уредувате алманахот.
Доколку ви остане од слободното време обидете се да пдговорите на следните прашања:
1. Што е ехо и каде наоѓа примена?
2. Што е карактеристично за звучните бранови?
3. Настанувањето на ехото можеме да го спречиме со:……………..
________________________________________
III седмица во мај – X во карантин (18.05 – 22. 05.)
ИСТРАЖУВАЊЕ
Осмисли начин на кој би можел да ја измериш брзината на звукот.
Истражувањето треба да содржи претпоставка (хипотеза), набљудување, мерење, графички приказ, заклучок и неколку убаво обмислени задачи.
1. Мерење на брзината на звучните бранови
2. Мерење на брзината на звучните бранови
____________________________________________
IV седмица во мај – XI во карантин (25.05 – 29. 05.)
1. Тематско повторување
ОСЦИЛАЦИИ, БРАНОВИ, ЗВУК
2. Полугодишно повторување
____________________________________________
I седмица во јуни – XII во карантин (01.06 – 05. 06.)
- Полугодишно повторување
- Годишно повторување
____________________________________________
II седмица во јуни – XIII во карантин (08.06 – 10. 06.)
- Годишно повторување
Физика за осмо одделение 2020
Published Март 15, 2020 by АидаIII седмица – 16. 03.2020 – 1 час – Светлински појави – 8. одд.
САМОСВЕТЛЕЧКИ И НЕСВЕТЛЕЧКИ ПРЕДМЕТИ, СВЕТЛИНСКИ ИЗВОРИ, ПРОСТИРАЊЕ НА СВЕТЛИНАТА, СВЕТЛИНСКИ ЗРАК, СВЕТЛИНСКИ СНОП
Демонстрациите од функционалниот картон ќе ги направите до среда, додека наставното ливче ќе ви биде домашно кое ќе треба да го одговорите до петок:
СВЕТЛИНА – Матео Нешовски
—————————————————–
—————————————————–
III седмица – 2 час – Светлински појави – 8. одд.
Разгледај, прочитај, одговори:
КАКО ГИ ГЛЕДАМЕ ПРЕДМЕТИТЕ
Предметите околу нас ги гледаме затоа што ја рефлектираат светлината што паѓа на нив.
Сетило за вид – окото претставува сложен оптички систем преку кој осознаваме 80% информации за светот што не опкружува.
Акомодационата способност на окото овозможува да се гледаат доволно јасно и доста оддалечени предмети и доста блиски предмети.
За нормално око најмалото растојание на кое предметите се гледаат без напрегање изнесува иколу 25 центиметри. Тоа е растојание на јасно гледање.
За окото е важен и аголот под кој може да се распознаваат два точкести предмети како одделни точкести ликови. Тој агол се вика виден агол и изнесува иколу една аголна минута.
Гледањето со двете очи дозволува истовремено формирање на два лика од различни позиции. Тие два лика се спојуваат во еден кој е тридимензионален (3D).
Нашето око може да разликува илјадици разни нијанси на бои. Сите предмети околу нас ги осветлува сонцето или навечер светилките. Предметите ги гледаме во различни бои.
Боите на телата се должат на рефлексија и на апсорпција на светлината од даденото тело.
Црвениот предмет ја рефлектира само црвената боја , а сите други ги впива.
Зелениот, само зелената боја ја рефлектира додека другите ги впива. Слично е и со сите други бои.
Предмет кој има бела боја сите бои од спектарот на сончевата светлина ги рефлектира.
Црните предмети ги апсорбираат сите бои од спектарот на сончевата светлина.
Проѕирните предмети ја имаат она боја која ја пропуштаат, сите други ги апсорбираат.
Ако сино стакло осветлите со црвена светлина, стаклото нема да ја пропушти и ќе го гледате црно.
Ако црвен предмет осветлите со зелена светлина и него ќе го гледате црн.
Размислете зошто е тоа така.
ПРЕДМЕТИТЕ ГИ ГЛЕДАМЕ ВО РАЗЛИЧНИ БОИ
СВЕТЛИНА
Прашања:
- Зошто знамето го гледаме црвено, а лисјата на дрвото зелени?
- Зошто снегот го гледаме бел?
- Зошто можеме да ги видиме предметите што не опкружуваат?
- Шише од зелено стакло е наполнето со црвен сок од малини. Каква боја ќе има полното шише со сок од малини?
- Колку изнесува најмалото растојание на кое предметите се гледаат без напрегање и како е наречено?
———————————————————————
———————————————————————
IV седмица – 1 час – Светлински појави – 8. одд.
СЕНКИ И ПОЛУСЕНКИ, СЕНКИ ВО ВСЕЛЕНАТА
Од понеделник до среда изгледајте ја презентацијата, видеата и прочитајте ја книгата за светлина, а потоа одговорете на дадените прашања.
КНИГА СВЕТЛИНСКИ ПОЈАВИ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА – СЕНКИ ВО ВСЕЛЕНАТА
Прашања и задачи:
1. Во кои услови непроѕирен предмет дава сенка без полусенка?
2. Во текот на денот кога има Сонце се менува големината на сенките на секој предмет. Зошто?
3. Зошто цртаме прави линии за претставување на светлинските зраци?
4. Што претставуваат појавите сенка и полусенка?
5. Кога настанува затемнувањето на Месечината?
6. Дрво високо 4 метри прави сенка долга 2 метри. Колкаво е растојанието од врвот на дрвото до врвот на сенката?
7. Вертикален столб висок 3 метри прави сенка од 1 метар. Во исто време соседната зграда прави сенка од 30 метри. Колку е висока зградата?
————————————————————
————————————————————
IV седмица – 26. 03. 2020 – 2 час – Светлински појави – 8. одд.
ЕРАТОСТЕНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ
Два пати во годината традиционално го изведуваме Ератостеновиот експеримент. Како го изведувале учениците во претходните години, ќе прочитате ТУКА, а вие ќе имате за домашна задача од четврток до сабота да напишете есеј за Ератостен.
——————————————————————–
V седмица (30. 03. – 03.04. 2020) 1 и 2 час – АПРИЛИЈАДА 2020 – 8. одд
Да сме на училиште, оваа седмица би се маскирале, шегувале и забавувале.
До први април имате задача да направите маска. Препорачувам како во претходните години да ја изработите од рециклирани материјали, убаво е да реупотребете стара облека, пластични шишиња, хартија и да ги украсете со бои и додатоци.
Напишете по една шега, една еко парола или совет за сегашната состојба, а во петок да избереме најубава маска и најсмешна шега.
—————————————————————–
I седмица во април – IV во карантин (06.04 – 10. 04.)
1 час 07. април: КАМЕРА ОПСКУРА
Според упатствата направи камера опскура:
Потребно: кутија како за чевли или направи сам според насоките, игла или шајка со која ќе направиме дупче на кутијата, парче восочна хартија (10 cm x 10 cm), темен чаршаф од густо ткаено платно или затемнета просторија. свеќа или ламба, ножици, лепак.
-
На една од најмалите страни на кутијата направи дупче со шајче, точно на средина.
-
На спротивната најмала страна направи отвот 10 cm x10 cm.
-
Направениот отвор затвори го со парче восочна хартија и залепи ја хартијата со лепак.
-
Затвори ја кутијата и можеш да испробаш како функционира,
-
Затемни ја просторијата во која престојуваш за да биде поуспешен експериментот,
-
На растојание 1,5 метри од запалената ламба, постави ја кутијата со малото дупче кон неа.
-
Од другата страна, преку затворениот отвор со восочна хартија набљудувај што ќе се случи.
Од понудените ресурси прошитај за камера опскура и обиди се да одговориш на следните прашања:
1. Што е камера опскура?
2. Како сликарите ја користеле камера опскура?
3. Што е заедничко за човековото око и камера опскура?
Одговори на прашањата до 09. април, а камерата изработи ја до 13 април и опиши колку е успешна твојата изработка, обиди се без блиц да го фотографираш добиениот лик
___________________________________________________________________________________________
I седмица во април – IV во карантин (06.04 – 10. 04.)
2 час 09. април: Закон за рефлексија на светлината
Закон за рефлексија(одбивање на светлината) гласи:
Упадниот зрак, одбиениот зрак и нормалата лежат во иста рамнина. Упадниот агол и одбиениот агол се исти по големина (α = β).
Како ќе се одбијат зраците од рамното огледало? Доврши го цртежот.
_____________________________________________
II седмица во април – V во карантин (13.04 – 17. 04.)
I ЧАС:
– Примена на законот на рефлексија и
менување на насоката на светлината –
Обиди се да ги решиш следниве задачи:
Задачи:
-
Светлински зрак паѓа нормално на рамно огледало. Колкав ќе биде аголот меѓу одбиениот и упадниотзрак, ако огледалото се заврти за 30º?
-
Сончевите зраци паѓаат под агол од 60º. Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да зрацитесе одбиваат вертикално?
-
Пред рамно огледало на растојание од 25 cm е поставен предмет. За колку ќе се зголеми растојаниетомеѓу предметот и неговиот лик, ако предметот се оддалечи од огледалото за 15 cm?
_____________________________________________
II ЧАС:
Рефракција
Законот за прекршување (рефракција) на светлината гласи:
Упадниот зрак, нормалата и прекршениот зрак лежат во иста рамнина.
Кога светлината преминува од оптички поретка во оптички погуста средина, упадниот агол е поголем од прекршениот.
Кога светлината преминува од оптички погуста во оптички поретка средина, упадниот агол е помал од прекршениот.
Зракот што паѓа нормално на граничната површина, не се прекршува.
Обиди се да одговориш на поставените прашања. За некои одговори ќе треба да побараш додатни ресурси. Доколку не успееш, побарај помош од наставникот.
а) Што се подразбира под поимот прекршување на светлината?
б) Кога светлинскиот зрак може да премине од една оптичка средина во друга, без да го промени правецот на простирањето?
в) Што е дисперзија на светлината?
г) Што е фатаморгана и како се создава?
_____________________________________________
III седмица во април – VI во карантин (20.04 – 24. 04.)
1. час: Боите во белата светлина
2. час: Дисперзија и мешање
Светлина-и-адитивно-мешање-на-бои
ДИСПЕРЗИЈА
Обиди се да одговориш на следните прашања:
1. Како се нарекува светлина составена од повеќе бои?
2. За која светлина велиме дека е монохроматска?
3. Што е дисперзија на светлината?
4. Што е виножито или ѕуница?
5. Каде се случува адитивно, а каде суптрактивно мешање н боите?
_____________________________________
IVседмица во април – VII во карантин (27.04 – 01. 05.)
1. Час: Изведените бои на светлината.
2. Час: Рефлектирање на боите.
МЕШАЊЕ НА БОИТЕ
УРЕДУВАЊЕ НА ПОРТФОЛИО ВО GOOGLE SLASSROOM
_____________________________________________
I седмица во мај – VIII во карантин (04.05 – 08. 05.)
1. Час: Тематско повторување
2.Час: Тематско повторување
ДОМАШНА РАБОТА: Направете презентација во која ќе прикажете што сте научиле за светлината. Која наставна содржина ви оставила најсилен впечаток? Која домашна работа ви била најинтересна. Што од наученото ќе можете да го примените во секојдневието?
____________________________________________
II седмица во мај – IX во карантин (11.05 – 15. 05.)
1. Час: Ден и ноќ
1. Час: Годишни времиња
ГОДИШНИ ВРЕМИЊА
____________________________________________
III седмица во мај – X во карантин (18.05 – 22. 05.)
____________________________________________
I седмица во јуни – XI во карантин (25.05 – 29.05)
Одговори на поставените прашања:
-
Во кои денови од годината сончевите зраци паѓаат под прав агол на екваторот, а северната и јужната полутопка на Земјата се осветлени подеднакво?
-
Зошто ноќе при ведро небо Месечината ја гледаме како светло небеско тело?
-
Кое годишно време е кај нас кога Земјата е најдалеку од Сонцето?
-
Која е најмала планета во Сончевиот систем?
-
Зошто се видливи планетите ?
-
Која е причината за движењето на планетите по орбити околу Сонцето?
__________________________________________
I седмица во јуни – XII во карантин (01.06 – 05. 06.)
1. Повторување – I полугодие
2. Повторување – II полугодие
____________________________________________
II седмица во јуни – XIII во карантин (08.06 – 10. 06.)
1. час: Прослава
Ден на дигитално учење
Published Февруари 6, 2020 by Аида
Основно општинско училиште „Димитар Миладинов“
Скопје, Македонија
Учениците од ООУ „Димитар Миладинов“, Скопје ќе создаваат флаери на тема „Ден на дигиталното учење“ во разни достапни бесплатни алатки за обработка на слики и фотографии. Ќе создаваме свои простори за споделување на стекнатите знаења, водење дневници, пишување книги, сликовници, извештаи и др.
Како да направиме Sway презентација?
Padlet – идеална алатка за соработка
Направи дигитална книга со алатката storyjumper
Ќе ги промовираме отворените образовни ресурси од кои се здобиваме со знаења и се подготвуваме за натпревари по физика.
ОТВОРЕНИ ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИ
Е – УЧЕЊЕ
Општински натпревар во решавање на задачи по физика 2020 – IX одд.
Published Февруари 1, 2020 by АидаОпштински натпревар во решавање на задачи по физика 2020 – VIII одд.
Published Февруари 1, 2020 by АидаМлади истражувачи – Палеографски амбасадори
Published Јануари 15, 2020 by АидаМлади истражувачи
Преку проектни активности го истражуваме јазикот:
Paleografski ambasadori – Međunarodni dan maternjeg jezika 2020. / International Mother Language day 2020 – Палеографски амбасадори – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
Проектна тема е поврзана со тема на UNESCO „Јазици без граници“ по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик 2020.
Палеографски амбасадори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина ја истражуваа глаголицата, патуваа низ историјата, пишуваа честитки, одгонетнува загатки и правеа календари со писмото на нашите претци. Незаборавно искуство. Глаголицата ја искористивме и во кодирањето, пишувавме пораки, имиња и поими од физика на глаголица.
Државен натпревар по физика 2018/2019 – 9. одделение
Published Декември 14, 2019 by АидаДржавен натпревар по физика 2018/2019 – 8. одделение
Published Декември 14, 2019 by Аида